Мендух Тачи: Политичар од Македонија

Мендух Тачи (албански: Menduh Thaçi; Тетово, 3 март 1965) — македонски политичар и поранешен претседател на Демократската партија на Албанците во Македонија.

Мендух Тачи: Политичар од Македонија

Животопис

Тачи е роден во Тетово на 3 март 1964 година. По матурирањето тој се запишува на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина, каде што студирал стоматологија. Тогаш млад и амбициозен Тачи се вратил во својот роден град и се вовлекол во политиката.

Со распадот на Југославија во Македонија се интензивираат албанските политички движења. Прва е формирана Партијата за демократски просперитет (ПДП), во која влегува и Тачи. Но, веќе во 1993 година, партиското радикално крило, ја напушта партијата и формира нова политичка сила, кој подоцна беше именувана како Демократската партија на Албанците. Нивен водач бил Арбен Џафери, а заменик Мендух Тачи. Во 1998 година, по парламентарните избори, ДПА влегува во парламентот, и со тоа Тачи како заменик. Во 2006 година неговата партија се приклучува на владината коалиција. Во новоизбраниот парламент Тачи е член на комисијата за одбрана и безбедност. Поседува голем имот во Приштина и тој исто така е еден од главните финансиери на неговата партија.

Покрај политиката, тој продолжува да се интересира и понатаму за медицината. Во неговото слободно време тој чита посебна литература и класиката. Има одлично познавање на македонски и на францускиот јазик. Женет е, има два сина. Во повеќе наврати е пратеник во Собранието на Македонија. За време на пратеничкиот состав 2008-2012 е претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска. На 23 декември 2016 година поднел оставка од функцијата претседател на ДПА. На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор за предметот „Титаник 2“ на СЈО.

Наводи

Tags:

19653 мартАлбански јазикДемократската партија на АлбанцитеРепублика МакедонијаТетово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Драгана МирковиќКамено времеБубрежен каменМајка ТерезаГравитацијаОпитМакедонско востаниеДраган МијалковскиАмазонОпштина ВаландовоБукурешки договор (1913)Старецот и моретоМислешевоКуранРечник на стари македонски зборовиЕгејска МакедонијаДемократијаОпштина Шуто ОризариБилјана ВанковскаПолиграфЧовечки скелетМакедонски парламентарни избори (2024)ПискупштинаИзборни единици во МакедонијаМенструален циклусКронова болестКатерина ТаневаМали сипанициСтар заветПечалбариАпозиција во македонскиот јазикСеверна АмерикаВикипедија на македонски јазикМакедонски парламентарни избори (2011)МухамедБременостАвантурите на ПинокиоПреспанско ЕзероМинато определено несвршено време во македонскиот јазикИсак ЊутнСписок на културно наследство на МакедонијаДванаесет АпостолиЏорџ Гордон БајронХемоглобинСписок на пеперутки во МакедонијаКатица ЌулавковаНационални паркови во МакедонијаНационален парк ГаличицаКувајтСписок на архаични зборови во македонскиот јазикБегалкаФолклорЛавСедум смртни гревовиСузан АкбелгеИзборна единица 1Бедија БеговскаФридрих НичеПретседател на МакедонијаПиреј (роман)Балканска приказна (ТВ-серија)НапонДислексијаЃорѓи СугаревЛирикаКога тргнав ЦветоОпштина ЧаирВирус‘Рбетен столбМоравска мисијаСкопјеСлезинаАутизамПарадоксот на ДиогенРусијаЕлектрична струја🡆 More