Паралелограм

Овој факт се користи при стандардно означување на четирите типови паралелограми.

  • Ромбоид: паралелограм каде што соседните страни не се со еднаква должина и нема внатрешен прав агол.
  • Ромб: паралелограм каде што четирите страни се со еднаква должина.
  • Правоаголник: паралелограм каде што четирите внатрешни агли се прави, т.е. по 90°.
  • Квадрат: паралелограм каде што четирите страни се со еднаква должина и четирите агли се прави, т.е. по 90°.
Паралелограм
Паралелограм
Во паралелограм спротивните страни се исти
ВидЧетириаголник
Рабови и темиња4
Група на симетријаC2
Плоштинаa·h
Обем2a+2b
Својстваиспакнат

Во геометријата, паралелограм е четириаголник со два пара паралелни страни.

  • Основна регулатива: Еден паралелограм е потполно определен со должините на две соседни страни и големината на аголот помеѓу нив.
Четириаголник е паралелограм ако и само ако спротивните страни се исти (складни).
Паралелограм Паралелограм Паралелограм Паралелограм
Ромбоид Ромб Правоаголник Квадрат

Формули и особини за паралелограм

  • Едниот пар на паралелни страни се „земаат“ за основи и (обично) се означуваат со a. Вообичаено е да се земат хоризонталните (или најхоризонталните или најдолгите) страни за основи. Честопати се користи зборот должина.
  • Другиот пар на паралелни страни се викаат краци и (обично) се означуваат со b.
  • Растојанието помеѓу основите се вика висина и (обично) се означува со h (или ha за да се разликува од другата висина hb меѓу краците). Растојанието помеѓу краците исто така е висина на паралелограмот, но во однос на краците, па затоа специјално се означува со hb.

Нека е даден паралелограм со основа a, крак b, висина h (меѓу основите) и агол α помеѓу а и b.

Паралелограм 
Висина h меѓу основите

Периметар

Паралелограм 

Плоштина е: должина по висина односно основа по висина

Паралелограм .    Попрецизно: Паралелограм   и  Паралелограм 
  • Плоштина на еден паралелограм се одредува со основа и висина. Меѓутоа, само со тие информации, паралелограм не е еднозначно определен, односно постојат безброј многу различни паралелограми со иста основа и висина. Истите ја имаат истата плоштина, а различни периметри.
  • Бидејќи секоја страна на паралелограм е и трансверзала на другите паралелните страни, според Претпоставката за паралелност секој пар соседни внатрешни агли се суплементни, т.е. нивниот збир е 180°.
  • Бидејќи секој паралелограм е четириаголник, збирот на внатрешните агли е 360°.
  • Од суплементност на соседни агли следува дека спротивните агли се исти (складни).
  • Секоја дијагонала е и трансверзала, па го дели паралелограмот на два складни триаголници. Следува дека двата пара паралелни страни се складни (со иста должина).
  • Пресечната точка на дијагоналите е средината на двете дијагонали. Со други зборови,
Дијагоналите на паралелограм се преполовуваат.
Карактеристики на паралелограми
Паралелограм  Паралелограм  Паралелограм  Паралелограм 
Два пара паралелни страни. Соседните агли се суплементни. Дијагоналите меѓусебно се преполовуваат. Висина h=ha меѓу основите.
Паралелограм  Паралелограм  Паралелограм  Паралелограм 
Спротивните страни се складни. Спротивните агли се складни. Дијагонали на паралелограм. Дијагонали и средни линии на паралелограм. Висина h=hb меѓу краците

Висина

    Паралелограм    и   Паралелограм 

Дијагонали (каде што дијагоналата d1 минува низ аголот α)

    Паралелограм    и   Паралелограм 

Пример: Нека е даден паралелограм со основа a=5 km, и крак b=3 km и агол α=30° помеѓу a и b. Тогаш, периметарот e L=2a+2b=16 km, висина е h=b·sin(α)=1,5 km и плоштината е P=ah=7,5 км2.

Пример: Нека е даден паралелограм со основа a=5 km, и крак b=2.5 km и агол α=37° помеѓу a и b. Тогаш, периметарот e L=2a+2b=15 km, висина е h=b·sin(α)≈1,5 km и плоштината е P=ah≈7,5 км2.

Одлики на паралелограм

испакнат четириаголник е паралелограм ако и само ако кој било од следните искази е вистинит

  • Двата пара на спротивни страни се еднакво долги.
  • Двата пара на спротивни агли се со еднаква големина.
  • Дијагоналите се сечат во нивните средни точки.
  • Еден пар на спротивни страни се паралелни и се еднакво долги.
  • Соседните агли се суплементни.
  • Секоја дијагонала го дели четириаголникот на два складни триаголници.
  • Збирот на квадратите на страните е еднаков на збирот на квадратите на дијагоналите (закон на паралелограм).

Впишана и опишана кружница на паралелограм

Симетрија

Осна симетрија

Види ги поединечните типови на паралелограми.

Вртежна симетрија

При ротација на паралелограм 360°/2=180° се добива истиот паралелограм.

  • Ромбоидот, ромбот и правоаголникот имаат вртежна симетрија од 2-ри ред (180°).
  • Квадратот има вртежна симетрија од 4-ти ред (90°).


Обопштување на паралелограм

  • Обопштување во 3Д: Паралелопипед е полиедар со 6 страни, секоја од нив е паралелограм.
Паралелограм 
Пресметување плоштина на паралелограм со детерминанта

Паралелограми и вектори, матрици, детерминанти

  • Еден паралелограм е потполно определен со два вектора со истата почетна точка. (Четвртата точка е крајната точка на збирот на векторите.)

Во линеарната алгебра, апсолутната вредност на детерминантата на 2х2 матрица A е плоштината на паралелограмот формиран со соодветните полупречник-вектори.

      Паралелограм 
    Соодветните полупречник-вектори се
      Паралелограм 
    Соодветните темиња на паралелограмот се
      Паралелограм 
    Плоштината Р на паралелограмот со темиња A, B, C, D e (апсолутната вредност на)
      Паралелограм 

Доколку имаме паралелограм ABCD каде што А≠(0,0), формираме складен паралелограм EFGH со транслација -А така што Е=А-А=(0,0), F=B-A, G=C-A и H=D-A. Потоа со детерминанта се пресметува плоштината на EFGH која е иста со плоштината на паралелограмот ABCD (плоштините на складни 2-димензионални геометриски фигури се исти).

Ова својство се обопштува до 3-димензии, односно за волумен на паралелопипед преку мешан производ како и во повисоки димензии.

Поврзани теми

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Паралелограм Формули и особини за паралелограмПаралелограм Одлики на паралелограмПаралелограм Впишана и опишана кружница на паралелограмПаралелограм СиметријаПаралелограм Обопштување на паралелограмПаралелограм и и вектори, матрици, детерминантиПаралелограм Поврзани темиПаралелограм НаводиПаралелограм Надворешни врскиПаралелограм

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Амди БајрамТуризамАндреј ПетровВладо БучковскиПолскаОтоманско ЦарствоМакедонски денарСрцева слабостГане ТодоровскиМакедонија (регион)Државна химнаСпецијално јавно обвинителствоМакедонски претседателски избори (2024)СипанициМакедонска граматикаЦар СамоилВостание на СкендербегИзбори во Република МакедонијаБубрежна слабостПеколот (Божествена комедија)МалтаТамбура (македонска)Тоше ПроескиОпштина АеродромБеровоМакедонски парламентарни избори, 2002Македонски претседателски избори, 2009Сашо МијалковМакедонски претседателски избори, 2019Данела АрсовскаГ’зим ОстрениБелградХипертензијаПопис на населението во Македонија (2021)Македонски претседателски избори (1994)Гордана ЈанкулоскаАвангардаСтолицаСписок на држави и територии во ЕвропаОпштина ИлинденНеважечко гласачко ливчеЅвезда од КутлешДраган МијалковскиПетар ГошевКрал МаркоРоберт ПетковскиСам домаБРИКСОпштина ДојранЕрих КестнерМртво МореТриаголникДел-реченицаВлада на Никола КљусевАвстралијаМакедонски месециЉупчо ГеоргиевскиУметностМакедонски парламентарни избори, 2008Список на градоначалници во МакедонијаСоцијализамМакедонски парламентарни избори, 1994Референдум во Македонија (1991)ПланетаЧорбаџи ТеодосОпштина ДолнениОпштина НовациСлуз-цедење во грлотоОпштина Маврово и РостушеИзборна единица 9ДеменцијаБелото ЦиганчеМаја ИвановаРибиВикипедијаЕлизабета ЃоргиевскаИталијаРимско Царство🡆 More