Iso 639-2

ISO 639-2:1998, „Кодови за претставување на имињата на јазиците — Дел 2: Алфа-3 код“, е вториот дел од ISO 639 стандардот, кој пропишува кодови за претставување на имињата на јазиците.

Во овој дел од стандардот се дадени трибуквени кратенки наречени „Алфа-3“ кодови. Списокот на ISO 639-2 кодови има 464 записи (јазици).

Регистарската служба задолжена за ISO 639-2 (наречено ISO 639-2/RA) Библиотека на конгресот. Како надлежен орган, библиотеката прима и разгледува предложени измени; установата е претставена и во Здружената советодавна комисија за ISO 639-RA која е одговорна за кодните табели на ISO 639.

На ISO 639-2 стандардот почнало да се работи во 1989, од причина што ISO 639-1 стандардот со двобуквени кратенки немал капацитет за сите јазици. ISO 639-2 стандардот е објавен за првпат во 1998.

B и T кодови

Додека стандардот задава само по еден код за највеќето јазици, дваесет имаат по два трибуквени кода - „библиографски“ код (ISO 639-2/B), кој е изведен од англискиот назив за јазикот, и „терминолошки“ код (ISO 639-2/T), кој е изведен од изворното име на јазикот. Овие дваесет јазици се присутни и во ISO 639-1 стандардот. (Постојат 22 B кода; scc и scr се исфрлени.)

Најпретпочитани се кодовите со T; ISO 639-3 користи ISO 639-2/T. Меѓутоа ISO 15924, кога е можно, ги изведува кодовите од ISO 639-2/B.

Опфат и типови

Опфат:

  • Поединечни јазици
  • Макројазици
  • Збирки од јазици
  • Дијалекти
  • Резервирани за локална употреба
  • Специјални ситуации

Типови (за поединечни јазици):

  • Живи јазици
  • Изумрени јазици
  • Древни јазици
  • Историски јазици
  • Вештачки јазици

Специјални ситуации

Постојат и кодови за специјални ситуации:

  • mis „јазици без код“
  • mul (за повеќе јазици) се применува кога се користат неколку јазици и не е практично да се наведуваат сите јазични кодови
  • Интервалот од qaa до qtz е резервиран и не се користат во стандардот
  • und (неопределено) се користи во ситуации каде што мора да се посочи јазик, но не може да се дознае конкретниот јазик.
  • zxx „без лингвистичка содржина“ (додадено 11 јануари 2006)

Збирни јазични кодови

Некои ISO 639-2 кодови не претставуваат поединечен јазик, туку збир од сродни јазици (како макројазиците погоре). Овие се сметаат за збирни јазични кодови и не спаѓаат во ISO 639-3. За толкување на збирните јазици и макројазиците, погледајте ја оваа страница Архивирано на 8 февруари 2013 г..

Подолу се наведени збирните јазични кодови според ISO 639-2.

Следниве два кода (досега) не се утврдени како збирни кодови во ISO 639-2 (и ISO 639-5), но како такви ги смета регистарот на ISO 639-3:

Ова се кодовите регистрирани за 639-2 кои се заведени како збирни кодови во ISO 639-5 (и збирни кодови по име во ISO 639-2):

Специјални кодови по ISO 639-2:

  • und неопределено (јазик)
  • mis јазик без код
  • mul повеќе јазици
  • zxx без лингвистичка содржина, неприменливо

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Iso 639-2 B и T кодовиIso 639-2 Опфат и типовиIso 639-2 ПоврзаноIso 639-2 Надворешни врскиIso 639-2ISO 639

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Масакр кај ВејцеПреспански договорДемократски социјализамИзборна единица 1Пирамида (геометрија)Шар ПланинаЗајасПоштенски броеви во МакедонијаЛазар КолишевскиОпштина Чешиново-ОблешевоИзборна единица 8Демократска партија на Турците на МакедонијаСојуз на комунистите на МакедонијаМакедонски народни инструментиСредоземно МореПласницаЛокални избори во Македонија (2021)Стара скопска чаршијаМарија КириРоберт ПетковскиВтора влада на Никола ГруевскиСрпска странка во МакедонијаКочо РацинЦар СамоилДебрештеХимна на ВМРООпштина СтрумицаГордана Силјановска-ДавковаТристан и ИзолдаМакедонија во Втората светска војнаМетодија Андонов-ЧентоЈулијански календарМакедонски претседателски избори, 1994Автомобилски регистарски таблички во МакедонијаСписок на команданти на ОНААвтоимуна болестТоше ПроескиГласачки системЧир на желудникотБилјана ВанковскаГостиварВМРО ДПМНЕРимСкопски земјотрес (1963)АфионКокосова палмаХамлетПрирокМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаПретседател на Собранието на МакедонијаСтефан ЛазаровМинистерство за животна средина и просторно планирањеТрапезЕволуција на човекотСписок на градови во Македонија по населениеУругвајДанела АрсовскаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеГ’зим ОстрениСипанициОпштина СарајЛевица (политичка партија)Гордана СилјановскаПрва светска војнаБиблијаСашо ОрдановскиСтадион Рајко МитиќСписок на градоначалници во МакедонијаНикола КаревСашко КедевХајди (роман)ВМРО-ДПМНЕОпштина КончеПроизвод (математика)Ченто (населба)Македонски парламентарни избори (2006)ЛетоМерсиха Смаиловиќ🡆 More