Артритис претставува воспаление на зглобовите.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Артритис | |
---|---|
Артритис | |
Специјалност | Ревматологија |
Постојат повеќе од 100 видови на артритис. Најчести форми се остеоартритис (дегенеративна болест на зглобовите) и ревматоиден артритис.
РАБОТНИЦИТЕ страдаат од болки во зглобовите повеќе отколку од кој било друг вид тегоби или болести.Колку повеќе нашите работни и слободни активности се одвиваат во седење,веројатноста за таквите заболувања се зголемува.За среќа,многу тегоби кои често се нарекуваат артритис лесно се лекуваат и се контролираат,а веројатноста од компликации што го ослабуваат и онеспособуваат организмот е далеку помала отколку што тоа било случај со нашите родители,баби и дедовци. Иако поимот опфаќа широк спектар од различни нарушувања,артритисот значи воспаление на зглобот,сеедно дали тоа е последица на болест,онфекции,генетско нарушување или некоја друга причина.Многу луѓе артритисот го доживуваат како болка или непријатност поврзана со движењето на телото,вклучувајќи такви локализирани проблеми како болки во крстот,бурзитис,тендинитис (воспаление на тетивата) и општа вкочанетост,или болки во зглобовите.
Ревматичниот артритис,некогаш наречен ревматизам или синовитис,обично се јавува кај луѓе на возраст над 40 години,а кај жените двапати почесто отколку кај мажите.Може да се јави и кај децата,особено кај девојчињата меѓу 2 и 5 години.Го карактеризираат воспаление и болки во дланките,особено на зглобовите на прстите,како и во рацете,нозете и стапалата,придружени со општ замор и несоница.Тој исто така може да предизвика оштетување на други делови на телото,вклучувајќи го срцето,белите дробови,очите,нервите и мускулите.Мачнинтата од ревматичниот артритис може да се развива со недели или со месеци и обично е најсилна по будењето.Ревматичниот артритис може да предизвика појава на јазли и изобличенот на дланките и на стапалата кај старите луѓе затоа што со текот на времето мускулите слабеат,тетивите се собираат,а краевите на коските стануваат неприродно зголемени. Иако не може целосно да се излекува,со лекувањето почнато веднаш по појавувањето на нарушувањето се намалуваат симптомите кај повеќето луѓе.Симптомите може да траат пет години или повеќе,по што обично се стабилизираат или слабеат.Со рано лекување веројатноста за трајна инвалидност се намалува кај сите,освен кај 5 до 10 проценти од пациентите.
Секој од трите вида артритис има свои очигледни причинители: Ребматичниот артритис: Причината за ревматичниот артритис сè уште не е отркиена во целост.Некои истражувачи мислат дека можеби,се работи за некој вид афтоимуно нарушување.Според друга теорија,се работи за имунолошка реакција на вирусна инфекција некаде во организмот. Инфективен артритис: Овај вид артритис го предизвикува нападот на бактерии или вируси на зглобовите и тој по правило,следи по некоја друга болест,како стафилококна инфекција,туберкулоза,конереја или борелиоза(лајмска болест). Остеоартритис:Оваа зачестена дегеративна болест на зглобовите често е дел од процесот на стареење.Болеста може да се поврзе со скршени коски и може да се развие кај млади лица поради трошење на зглобовите кои ја носат тежината на телото,често како последица на интезивна спортска активност.Во случаите на остеоартритис ‘рскавицата и коските не можат сами да се исцелат за да се отстрани оштетувањето.
Освен анализа на симптомите често се користат крвни анализи за да се потврди ревматичниот артритис,повеќето заболени во крвта имаат антитела наречени ревматични фактори,иако тие можат да бидат присутни кај други нарушувања.При дијагностицирањето на остеоартритисот се употребува ренгенско снимање,кое открива јазлести зглобови или калцификати на краевите на коските.
Понекогаш артритичното оштетување може да се забави или споре,но во повеќе случаи влошува додека болеста напредува,без оглед дали се употребуваат лекови или други облици на лекување за да се намалат симптомите.Како што може да се претпостави,траењето и јачината на моментната болка завистат од видот и тежината на артритисот.Процесот може да трае неколку дена во случај на помали проблеми со зглобовите кај здрави возрасни луѓе,а кај други може да трае со месеци или со години.Кај постарите луѓе со тешки ревматични дегенеративни болести,на пример,последиците можат да траат во текот на целиот живот.
Во случај на локализирана болка, вкочанетост и неподвижност, вообичаеното лекување во три фази се состои од лек за болки и воспаление, мирување за само излекување на ткивата и вежбање за да се врати подвижноста и силата. За да се намали болката и воспалението во полесните случаи на ревматичен артритис и остеоартритис, лекарот, веројатно ќе препише ацетилсалицилна киселина (на пр. аспирин) или некој некој друг нестеороиден лек против воспаление како ибупрофен. Кај напреднатите случаи, лекарот, можеби, ќе препорача кортикостероиди за да ги ублажи болките и вкочанетоста во зафатените зглобови. Во зависност од поединецот, резултатите се движат од привремено ублажување до долгорочно спречување на симптомите.На почетокот на овој век истражувачите открија дека одредени соединенија кои содржат злато и кои се даваат орално или со инјекција ги намалуваат болките кај некои болни, а кај други предизвикуваат мирување на болеста. Сепак, поради придружните дејства на лекувањето со злато, кои се движат од кожни егземи до нарушувања во крвта и бубрезите на овој начин на лекување треба да му се пристапи внимателно. Во случаите на артритични компликации предизвикани со повреда или со инфекција, специфичниот начин на лекување ќе зависи од повредата и сериозноста на болеста што е во заднината. Најважно е зафатеното место да се залекува пред да дојде до сериозни компликации. Лекувањето на инфективниот артритис, по правило, вклучува големи интравенски дози на антибиотици како и дренажа на вишокот течност од зглобовите. За да се намали мачнината од артритисот, може да се појави потреба од разни видови операции за повторно да се воспостави подвижност. Синовектомијата е отстранување на оштетеното сврзливо ткиво кое ја обложува празнината на зглобот и му овозможува на огранизмот повторно да создаде здраво ткиво на неговото место. Оваа операција најчесто се врши на коленото. Во случаите на тешко артритично оштетување на вратот или на стапалата, коските може да се отстранат или да се спојат по хируршки пат. Иако движењето по такви операции е ограничено, со тие операции се намалуваат големите болки и се спречува натамошното оштетување на нервите и крвните садови. Ако болката и воспалението поради артритис станат навистина неподносливи или артритичните зглобови престанат да функционират, решението, можеби, се состои во хируршки замени. Во денешно време зглобовите на колковите и рамената, како и на лактите, колената, прстите може да се заменат со вештачки зглобови направени од челик што не ‘рѓосува или од пластика.
Со оглед на тоа што е една од најмачните болести, важно е да се научи да се живее со болките на артритисот, па многу лекари препорачуваат обука за начините на поднесување на болка, вклучувајќи и когнитивна терапија. Таквите програми се насочени кон подобрување на емоционалната и психолошката благосостојба со учење на пациентите како да се олабават и да ги спроведуваат своите активности со реално темпо. Да се научи како да се совлада менталниот стрес и анксиозноста може да има клучна важност во соочувањето на телесните ограничувања што го следат хроничниот ревматичен артритис и остеоартритисот. Когнитивната терапија може да вклучи разни техники на планирање на распоред на активности, визуелизација, олабавување, разонода и творечко решавање на проблемот.
Со оглед на тоа што медицинската наука не нашла едноствен лек за разните видови артритис,многу луѓе се свртуваат кон алтернативниот начин на лекување за да ги олеснат болките или инвалидноста.Иако има малку алтенативни постапки чија делотворност може да се докаже во контролирани услови,проучувањата покажуваат дека некои од тие методи може да одиграат вазна улога во лекувањето на артритичните заболувања.Медитацијата,самохипнозата,визуелизацијата и постапките на олабавување,на пример,може да имаат позитивно дејство при контролата на хроничните болки предизвикани од артритисот.Заболените од артритисот мора да бидат исклучително внимателни за начините на лекување за кое се тврди дека ќе ја излекуваат болеста.Тоа за кое се тврди дека дејствува кај едно лице под одредени околности,можеби,нема воопшто да дејствува кај друго лице.
Некои заболени од артритис сметаат дека овие облици на лекување кога ги применува оспособен практичар ги намалуваат болките на ревматичниот артритис или остеоартритисот неколку недели или месеци.
Во комбинација со други облици на лекување,масажата на мекото ткиво околу зглобовите зафатени со артритис или нежното допирање на лекар или некој друг практичар може да имаат смирувачко дејство на оние кои боледуваат од артритис.Освен што пациентот после тоа че е чувствува подобро,сочувствителното давање терапија со допир помага при ублазувањето на емоционалното дејствување или хроничната болест.Испитувањата навестуваат дека смирувањето на стресот и напнатоста има позитивно дејство на хормонската рамнотежа во организмот.
По дијагностичкиот преглед,проверка и испитувасе на соодветните конвенционални терапии,хиропрактичарот може да го поместува ‘рбетот и другите артритични зглобови за да ги ублажи болките и да ја воспостави нивната нормална функција.
Меѓу различните лекови што ги препорачуваат треварите за намалување на болките се вбројува 5-милилитарската тинктура од два дела на кора од (Salix spp.) и по 1 дел цимифуга (Cimicifuga racemosa) и коприва (Urtica dionica) која се зема трипати на ден.За да ја намалите напнатоста на мускулите,втријте на болното место тинктура од лобелија (Lobelia inflata) и кора од црвена удика (Viburnum opulus).
За хроничниот остеоартритис и за певматскиот артритис се препишуваат конституциски лекови по консултациите со оспособен хомеопат.Во хомеопатските лекови за намалување на моментните болки и вкочанетоста на зглобовите може да се вбројат и Rhus Toxicodendron или Bryonia.
Пливањето или друг облик на телесни вежби во вода,по можност во загреан базен,им овозможува на заболените да ги движат зглобовите и да ги јакнат мускулите,водата помага да се држи телото и да се смалува гравитациското оптоварување.
Избегнувањето точно одредени видови храна може да ги сопре артритичните симптоми поврзани со алергиите,најчесто за житото,оревите,месните преработки,јајцата и млечните производи.Некои експерти за исхрана препорачуваат да се исклучи сирењето,компирот,доматите,модрите домати и пиперките.Се смета дека алкалоидите од овие билки го спречуваат создавањето колген од кој е изградена ‘рскавицата.Вегетеријанската исхрана со малку масти и белковини ги ублажува болките и воспалението на ревматичниот артритис.Се набедуваат позитивните резултати во лекувањето по отстранувањето на хидрогенизираните масти и незаситените билни масти од исхраната и со дополнување на исхраната со ленено масло,сардини и мрсни риби како извор на омега 3. Со витаминска терапија може да се намалат одредените артритични симптоми.Бета-каротинот (Витаминот А) врз клетките има дејство како антиоксиданс и ги неутрализира деструктивните молекули на слободните радикали.Се смета дека витамините Ц,Б6 и Е како и цинкот го засилуваат колагенот и обновувањето на сврзливото ткиво. Некои терапевти препорачуваат цреши или темноцрвени бобинки за да се поттикне создавањето колаген што е важно за создавањето на ‘рскавицата.
Топлењето и мирувањето се традиционални лекови за артритичната болка и краткорочно се делотворни за повеќето лица кои страдаат од оваа болест. Пациентите со прекумерна тежина би морале да ја намалат тежината,особено ако артритисот го зафати долниот дел на грбот и нозете. Ако артритисните болки настапат неочекувано, кон средството против болки,кое можете да го купите без лекарски рецепт, можете да го додадете и сувото греење со помош на електрично перниче или блажно грее во вид топла бања или термофор завиткан во крпа. Редовното вежбање е важно за да се одржи подвижноста на зблобовите. На луѓето со ослабени,многу изобличени прсти од ревматичен артритис им помага посебно обликуван прибор,направи,садови и кваки на вратите и фиоките. Луѓето кои страдаат од слабост во рацете и нозете може да употребуваат особено вградени помагала во бањата,а особено метални прачки на кадата и подигната тоалетна штица.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Артритис, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.