Кожле: село во Општина Петровец

Кожле — село во Општина Петровец, во областа Скопска Блатија, недалеку од градот Скопје.

Кожле
Кожле: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Кожленскиот манастир

Кожле во рамките на Македонија
Кожле: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Кожле
Местоположба на Кожле во Македонија
Кожле на карта
Координати 41°50′26″N 21°40′55″E / 41.84056° СГШ; 21.68194° ИГД / 41.84056; 21.68194
Регион Кожле: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Скопски
Општина Кожле: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Петровец
Област Скопска Блатија
Население 5 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25076
Надм. вис. 500 м
Кожле на општинската карта
Кожле: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Кожле во рамките на општината
Кожле: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Кожле на Ризницата
Кожле: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Реконструкција на тврдината Маркови Кули во Кожле

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во областа Блатија, а на десниот брег на реката Пчиња, сместено на 35 километри од градот Скопје. До селото Кожле се стига по автопатот Скопје-Велес. Пред селото Катланово се врти десно, по асфалтиран пат кој поминува низ селото Блаце. Патот ја сече густата дабова шума кој ќе ве одведе право во селото.

Историја

Тврдината Маркови Кули се наоѓа 1,6 км источно од селото и датира од средниот век. Во 1847 година изградена е црквата „Вознесение Христово“, каде што во дворот е погребан македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски, во чија чест во дворот на црквата секоја година се одржуваат поетски читања.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

На 6 септември 2016 година во околу 17:40 часот се случила авионска несреќа кај селото Кожле, каде загинуваат сите 6 патници и членови на екипажот.

Стопанство

Од овој крај, освен руда имало и многу кварц, фелдспат и каолин, минерали од кои тогаш се правел познатиот порцелан од Кожле. Овие драгоцени минерали за време на војната на големо ги експолатирале Германците. Порцеланот од Кожле бил познат до Цариград и многу баран. Кожланскиот порцелан веќе не се прави. Луѓето се иселиле од селото да бараат работа во градовите.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948384—    
1953309−19.5%
1961196−36.6%
1971130−33.7%
198170−46.2%
ГодинаНас.±%
199129−58.6%
199413−55.2%
200214+7.7%
20215−64.3%

Селото последните педесетина години е празно. На старите порти висат катанци. Само пет семејства денес живеат во селото, пензионери кои се вратиле тука од Скопје. Најстарите пишани записи за селото кажуваат дека овој крај бил сточарски, гусларски и рударски.

Според кажувањата на 73-годишен жител кој заедно со сопругата по пензионирањето се вратиле на родното огниште, Кожле било село на четири попа и еден владика. Попови, Василевци, Бошковци, Марковци и Пселимовски се дел од семејствата кои некогаш го населувале Кожле.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 73 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 244 мажи христијани, со 16 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 520 жители.

Според податоците на Васил К'нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кожле живееле 585 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Кожле живееле 344 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Од Кожле се иселил значителен број од населението и селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 196 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 13 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Кожле живееле 14 жители, од кои 10 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 1 Албанец и 4 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 585 344 384 309 196 130 70 29 13 14 5

Родови

Кожле e македонско село.

Според истражувањата од 1951 година, родови во Кожле се:

  • Староседелци: Трајановци (3 к.), Поповци (3 к.), Китановци (7 к.), Марковци (3 к.), Ценовци (2 к.), Бошковци (3 к.), Шипковци (1 к.), Пашинци (2 к.), Пртеловци (1 к.), Цирановци (1 к.), Пурчиновци (4 к.), Мурџевци (4 к.) и Мишовци (1 к.).
  • Доселеници: Дувневци (5 к.) и Домазетовци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде; Романовци (3 к.) доселени се од селото Романовце, Кумановско. Според друго предание доселени се од некое место Лаке во близина на селото Бадар.

Општествени установи

Редовни настани

Порано во селото редовно се одржувала козлечка средба, но во 1999 е прекината таа традиција.

Личности

Родени во Кожле
  • Гане Тодоровски (р. 11 мај 1929 - 22 мај 2010) — македонски академик, поет, преведувач, професор, есеист, литературен критичар, историчар и публицист.
  • Коле Василевски — македонски универзитетски професор
  • Ангелко Василевски (1924-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Александар Андреевски (1922-2005) — македонски академик, врвен лекар специјалист - оториноларинголог, доајен на модерната оториноларингологија во Република Македонија и пошироко
  • Теодор Трајанов (1882 - 1945) — бугарски поет, член на БАН
Починале во Кожле
  • Константин Минов (1868 - 1905) — македонски свештеник, убиен од страна на ВМРО

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Кожле Географија и местоположбаКожле ИсторијаКожле СтопанствоКожле НаселениеКожле Општествени установиКожле Редовни настаниКожле ЛичностиКожле НаводиКожле Надворешни врскиКожлеОпштина ПетровецСкопска БлатијаСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АлбанијаЈонска врскаСкопски аквадуктКристијан X ДанскиИменки во македонскиот јазикРакометПлатонОсигурувањеЗборник на МиладиновциДислексијаСтудени нозеСофи МарсоАлиса во земјата на чудатаЧовечки папиломен вирусЕвгениј ОнегинПаризТромбонМи заплакало селото ВаташаМавзолеј во ХаликарнасСписок на македонски народни поговоркиПустинаГраматички категории на именките во македонскиот јазикСложена реченица во македонскиот јазикНикола ТеслаРоманијаСинонимГепардДунавМакедонциЛалеСветско првенство во ракомет за мажи 2023МитологијаШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)Санстефански договорАнксиозностОгист ШарлоаОксидТенко цревоЕпитетМесечинаТахикардијаСреќаПоштенски броеви во МакедонијаСписок на планини во МакедонијаДекарЈаглехидратГлаголи во македонскиот јазикСвети Климент ОхридскиСидКучковоМагареШизофренијаГубернаторВеличествениот султан (ТВ-серија)ХИВСолунски атентатиАнемијаТодор АнгелевскиТрапезГајдаМакедонски народни инструментиИфтарОпштина Гази БабаАнгкор ВатДебело цревоФранц МаркВодно растениеРоботикаФернандо МагеланСловенијаВатиканКиселинаПаралелограмДискус хернијаТигарФинскаШтркови🡆 More