Пустина

Пустина е секое место на Земјата каде условите за живот се многу оскудни или воопшто ги нема.

Пустина
Пустина со бел песок

Пустините се копнени подрачја кои имаат помалку од 250мм врнежи годишно. Тоа се соголени предели со незабени висови, карпести кањони и рамнини покриени со чакал и дини. Пустина е подрачје кое поради минималната влага нема вегетација. Иако пустините се познати по теоријата дека има многу малку живот, сепак во пустините има развиен животински свет.

Ерозијата на пустините создава карактеристични облици, а ја предизвикуваат силни ветрови, големи разлики во температурата меѓу денот и ноќта и повремени води кои бликаат. Пустините покриваат околу 12% од копното, а уште третина се претвора во пустина (опустинување).

Видови пустини

  • Континентални пустини, најчесто се создаваат бидејќи се предалеку од морето, па ветровите не им носат дождови. Ветрот преминува илјадници километри пред да стигне до тие пустини, а за тоа време, додека да стигне до нив ја губи својата влага. Најпозната континентална пустина е и воедно најголемата на светот - Сахара.
Пустина 
Сахара
  • Пустини „позади планини“, се такви пустини кои најчесто се создаваат позади планинските венци. Додека ветрот преоѓа преку планините, влагата која ја носи паѓа како дожд, а од друга страна пак ветрот е сув. Најпозната пустина од овој тип е Атакама во Чиле.
  • Ледени или поларни пустини

Поларните пустини се оние пустини на кои годишното количество на дожд изнесува околу 250 милиметри и оние кои средната температура во најтоплите денови изнесува 10° С. Најпозната пустина од овој тип е Суводолицата на Антарктикот.

Песочни дини

Пустина 
Песочни дини

Песочните дини се создаваат на зарамнети подрачја. Висината им варира од неколку метри до 200 м, а можат да бидат широки и до 900 м. Постојат неколку типа на песочни дини:

  • Бархани, односно дини со кикиришка и два рога кои најмногу се високи до 30 м. Тие се секогаш во движење;
  • Сеифи, односно долги песочни гребени на места сиромашни со песок, а со силни ветрови. Можат да бидат високи и до 215 м.
  • Попречни дини, односно овие песочни гребени се раздвоени со длабоки ровови. Тие се создаваат под прав агол во однос на правецот на ветерот;
  • Ѕвездести дини, односно се создаваат од повеќе дини кога се среќаваат неколку гребени, а ветрот дува од различни страни односно правци;

Најголеми пустини

Пустина Плоштина (км2)
1 Сахара (Африка) 9 000 000
Арабиска Пустина (Азија) 2 300 000
Гоби (Азија) 1 200 000
Калахари (Африка) 580 000
5° Голема Песочна Пустина (Австралија) 414 000
Каракум (Азија) 350 000
Такла Макан (Азија) 344 000
Сонора (Северна Америка) 312 000
Намибиска Пустина (Африка) 310 000
10° Тар (Азија) 260 000

Пустината како тема во уметноста и во популарната култура

  • Татарска пустина“ - роман на италијанскиот писател Дино Буцати.
  • „Утро во пустината Гоби“ — песна на монголскиот поет Сормуниршин Дашдоров.
  • „Пустина“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.
  • „Метла или цветот на пустината“ (италијански: La ginestra o il flore del deserto) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1836 година.
  • „Пустина“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.
  • „Пустински цвет“ - збирка поезија на македонскиот поет Сашо Огненовски од 2015 година.
  • „Споменот на пустината“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.
  • „Пустините на љубовта“ - песна на францускиот поет Артур Рембо.
  • „Писмото на пустината“ - краток расказ на македонскиот писател Влада Урошевиќ.
  • „Горд во пустината“ - песна на арапскиот поет Шанфара.
  • „Пустина“ (шпански: Desierto) – мексиканско-француски филм на режисерот Хонас Куарон од 2015 година.
  • „За пустината“ (српски: O pustinji) – песна на српската група Darkwood Dub од 1998 година.
  • „Пустинска бура“ (англиски: Desert Storm) — песна на британската техно-група Orbital од 1991 година.
  • „Шарена пустина“ (англиски: Painted desert) - песна на американската поп-рок група 10 000 Maniacs од 1987 година.

Поврзано

Наводи

Tags:

Пустина Видови пустиниПустина Песочни диниПустина Најголеми пустиниПустина та како тема во уметноста и во популарната култураПустина ПоврзаноПустина НаводиПустинаЖивотЗемја

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоОпштина СтрумицаСтојан АндовСашо МијалковПролетКандидДесница (политика)Свети Наум Охридски ЧудотворецТоше ПроескиРеферендум во Македонија (2004)Крпен животДекларацијаБегалкаМакедонски парламентарни избори (2006)ТромбоцитопенијаЗајасТриаголникВелигденски јајцаЧовекВикипедијаЛимфомГрад СкопјеДУИМехмед-паша СоколовиќИсторија на Македонија (1991 - денес)Левица (политичка партија)Видови аглиПремиер на МакедонијаЛавИзбори во Република МакедонијаБугарска пропаганда во МакедонијаШвајцаријаНационален парк ГаличицаМакедонски парламентарни избори, 2008Македонски парламентарни избори (1994)Земји членки на Европската УнијаТеатарска претставаСрбијаНикола Димитров (дипломат)КомунизамСписок на Влади на МакедонијаПолитика на МакедонијаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикПолжавиСписок на повикувачки броеви на земјитеДемократска партија на АлбанцитеСписок на македонски зборови од турско потеклоИлинка МитреваНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаБосна и ХерцеговинаВила ВодноМинистер за здравство на МакедонијаХромозомХрватскаШишман АнгеловскиМакедонски ВласиСкриеносеменициПиту ГулиКрвна групаМакедонски јазикПанонски легендиКоле ЧашулеГрб на МакедонијаАвстралијаМајка ТерезаНикола КаревРак на желудникСДСМДемократски сили на РомитеМакедонија во Втората светска војнаГолеми и мали (роман)Општина КарпошОпштина СарајКисел дождСтрумицаМакедонски претседателски избори (2019)🡆 More