Хромозом

Хромозомите (од грчки chroma - боја) се основни носители на наследните својства кај живите организми.

Нив ги има во 2 форми - спирализирана и деспирализирана, во зависност од тоа во кој степен од клеточната делба се набљудуваат. Кај бактериите и археите, хромозомите се состојат од едноставни кружни ДНК молекули кои се движат слободно во организмот (т.е. клетката), додека кај сите други форми на живот (еукариоти), хромозомите се наоѓаат во клеточното јадро. Исто така, кај еукариотите, формата на овие структури е линеарна, а не кружна.

Хромозом
Морфологија на метафазен хромозом.
Хромозом
Дијаграм на бројот на хромозоми и базни парови кај секој човечки хромозом.

Составни елементи на хромозомите се: хроматидите, хромонемите, хромомерите, центромерот (примарно стеснување), сателитот (секундарно стеснување), теломерите и матрицата. Кај телесните човечки клетки има 46 (диплоиден број) хромозоми, додека кај половите има 23 (хаплоиден број).

Вкупниот збир на хромозомите во една клетка, кој е карактеристичен за даден организам, се нарекува кариотип. Во телесните клетки на речиси сите растенија, животни, габи и останати организми постојат хромозомски парови - еден хромозом од мајката и еден од таткото. Ваквите хромозоми се нарекуваат хомологни, додека збирот од хомологните хромозоми го дава диплоидниот хромозомски број. Во кариотиповите на разделнополовите организми има еден или неколку парови на полови хромозоми, кои кај одделните полови се разликуваат по морфологијата. Останатите, неполови хромозоми, се нарекуваат автозоми. Кај цицачите, во половите хромозоми, се локализирани гени кои го определуваат полот на организмот, додека кај винската мушичка (Drosophila melanogaster), полот го определува соодносот помеѓу половите хромозоми и автозомите (балансна теорија за определување на полот).

Истражување на хромозомите

  • 1841: Хромозомите ги открива Карл Вилхем фон Негел;
  • 1869: Фридрих Мишер ја открива ДНК;
  • 1889: Вилхелм фон Валдејер им го дава името на хромозомите, што во превод од грчки значи „обоено тело“ бидејќи интензивно се бојат со базични бои;
  • 1910: Томас Хант Морган открива дека хромозомите се носители на гените;
  • 1943: Освалд Овери, Ц. Меклод и М. Мекарти откриваат дека ДНК е наследниот материјал;
  • 1953: Џејмс Дјуи Вотсон и Френсис Хери Комптон Крик ја откриваат градбата на ДНК;
  • 1966: Северо Охоа го завршува генетскиот код;
  • 1972: Д. Џексон, Р. Сајмон и П. Берг ја создаваат првата вештачка молекула;
  • 1973: Џ. Бојер и С. Коен клонираат бактерии;
  • 1977: Фредерик Сангер го открива секвенционирањето на ДНК;
  • 1978: Добивање на човечки белковини во бактерија;
  • 1981: Првата пренатална дијагноза;
  • 1982: Создавање на првите трансгенски организми;
  • 1983: Првото секвенционирање на целосни геноми;
  • 2001: Секвенционирање на човечкиот геном.

Најпрво хромозомите (од страна на германскиот научник В. Валдејер) биле опишани како телца кои интензивно се боеле со базични бои. Се покажало и дека хромозомите ја менуваат својата форма во текот на клеточната делба. Основата на хромозомите во секоја фаза од клеточната делба ја чинат хромонемите - нишковидни структури кои се најспирализирани на крајот од делбата, додека во клетките кои не се делат тие се деспирализирани. Во периодот меѓу две клеточни делби (односно период на интерфаза), деспирализацијата продолжува, со што хромозомите се речиси невидливи под светлосен микроскоп. Морфологијата на хромозомите кај еукариотите е суштествено различна од прокариотите и вирусите. Последните содржат најчесто еден линеарен или кружен хромозом. Хромозомитте се изградени од една сложена белковинеста материја, составена од дезоксирибонуклеинска киселина-ДНК,во која се сместени наследните особини. Хлоандскиот научник Јохансен ги нарекол гени.

Поврзано

Tags:

АрхеаБактеријаГрчки јазикДНКДелба на клеткитеЕукариотКлеточно јадроОрганизам

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БитолаАвангардаИзбори во Република МакедонијаЛокални избори во Македонија (2009)Општина КумановоДекамеронИлинка МитреваЗнаме на МакедонијаТарабукаВелигденски јајцаТапанДен на планетата ЗемјаГраѓанска опција за МакедонијаМакедонски претседателски избори, 2014Македонски парламентарни избори (2006)Општина ВрапчиштеЕпилепсијаКамен мост (Скопје)Пенис (човек)УДБАИзет МеџитиБиполарно растројствоКловерфилдМакедонски претседателски избори (1994)ЏезНадреден знакСредоземно МореРобинзон КрусоШишман АнгеловскиЈоаким КрчовскиЈосип Броз-ТитоМенингитисЗијадин СелаСрбијаПат околу светот за 80 денаПолитички спектарЕгејска МакедонијаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотОпштина ЧаирДрогаХрватски месециДен на независноста на МакедонијаОпштина ДојранГарванот (поема)ВласиБугарски возГеографија на МакедонијаСолунРамнокрак триаголникВМРО-ДПМНЕМинистер за финансии на МакедонијаНационализамСписок на команданти на ОНАПолип на маткатаСписок на тегоби и болки на стапалатаОпштина Шуто ОризариМојот звукРак на грлоГрегоријански календарОбединето КралствоЛокални избори во Македонија (2021)Избирачко местоВооружена престрелка во Куманово (2015)Влада на Талат ЏафериЈужна ЕвропаОдбојкаЈохан ТарчуловскиДудукСтево ЦрвенковскиХромозомТито ПетковскиОзонска обвивкаОрелРадовишГордана ЈанкулоскаЕмил ДимитриевОпштина СтругаСлезинаБлаже Конески🡆 More