Германци

Германци (германски: Deutsche) се етничка група што дели иста германска култура, односно чии припадници го зборуваат германскиот како мајчин јазик и имаат германско потекло.

Германци исто така се викаат и носителите на германско државјанство.

Германци
Знаме на Германија

Најголемиот број Германци живеат во Германија (59,3 милиони). Од вкупно 100 милиони говорници на германскиот јазик во светот, околу 75 милиони се сметаат за Германци. Постојат и други 70 милиони луѓе со германско потекло (главно во САД, Бразил, Аргентина, Казахстан и Канада) чиј мајчин јазик не е германски, но кои сепак се сметаат за етнички Германци, со што вкупниот број на Германци во светот е помеѓу 75 и 160 милиони, во зависност од критериумот (германски како мајчин, целосно германско потекло или делумно германско потекло). Во САД, 15,2% од државјаните се декларираат како германски Американци, според пописот од 2000 година, што е повеќе од сите други етнички групи.

Германците како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Германските девојки“ (Deutscher Girls) — песна на британската панк-рок група „Адам енд д антс“ (Adam & The Ants) од 1982 година.

Германците како тема во книжевноста

Според Гете, Германците се „чуден свет“, зашто тие „си го отежнуваат животот со длабоки мисли и идеи, кои ги бараат сите и секаде ги применуваат“. Понатаму, според него, „Германците не можат да се ослободат од малограѓанштината“. Во своето дело „Ecce homo“, германскиот филозоф Фридрих Ниче вели дека „без сомнение, Германците се идеалисти“, но зборува и за „нивното невоспитување in historicis“, тврдејќи дека тие ги имаат на душа „сите големи културно злосторства во текот на четири столетија“, а сето тоа предизвикано од нивниот „кукавичлук пред реалноста“. Воопшто, Ниче се сметал себеси за „презирач на Германците par excellence“, велејќи: „Германците за мене се невозможни“. Во романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“, српскиот писател Светислав Басара вели дека организираноста, педантеријата и дисциплината на Германците претставуваат истовремено нивна предност и проклетство. Во романот „Старите мајстори. Комедија“, австрискиот писател Томас Бернхард пишува дека наклонетоста кон извештаченоста е едно од најистакнатите својства на Германците. Рускиот писател Иван Гончаров во својот роман „Обломов“ пишува за “грубоста, самостојноста и надуеноста со која германската маса насекаде ги истакнува своите права стекнати во текот на илјада години“ при што во германскиот карактер нема „никаква благост, деликатност, скроност“, а Германците „се држат цврсто и не отстапуваат од она што им е всадено“ и по секоја цена се придржуваат кон правилата.

Наводи

Tags:

ГерманскиЕтничка група

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина КичевоУстав на МакедонијаВевчаниКорозијаМакедонска револуционерна организацијаАзот (област)Халк банкаДекарАртрозаАрбен ЏафериАмерикаСедум (филм)Општина Чучер-СандевоДаме ГруевТетовоСпоменка (книга)ЗаушкиЗлосторство и казнаБрадикардијаЛиберална партија на МакедонијаОпштина БитолаСеверна АмерикаСписок на планини во МакедонијаЈаболковинаКокошкаАртритисОпштина Гази БабаПовикот на дивинатаМакедонски парламентарни избори, 1994Кристофер КолумбоСтаромакедонски јазикТито ПетковскиХрватскаДемократска унија за интеграцијаСашко КедевРепродуктивен системБерлинВолфганг Амадеус МоцартСончев СистемРисто КрлеРамиз МеркоДржавна изборна комисијаАнална фисураЈосип Броз-ТитоСписок на државни знамињаАлшарСистемски лупус еритематозусСпектрална бојаФатмир БесимиУкраинаТрајко ВељаноскиМладотурска револуцијаИзборна единица 226 априлЕстивацијаЕндометриозаХари КостовМарјан БожиновскиОливер СпасовскиНикола ПопоскиСвета ПеткаМакедонски парламентарни избори (2016)НАТОЕлизабета ЃоргиевскаПрилепПсихологија на личностаРоберт ПетковскиИлеусХристо УзуновБели мугриРомео и ЈулијаШеријатГрегоријански календарАнтониа ГиговскаГликемијаДаниел ДефоБорис ПисториусБиблија🡆 More