Дефтер

Дефтер – катастарски порески попис кој го водело Османлиското Царство скоро од самиот негов настанок.

Дефтерите содржеле податоци за селата, домаќинствата и бројот на членови (возрасни мажи и вдовци), како и за етничките групи на просторот на царството.

Сите официјални книги на османлиската администрација и сметководство, сите записници и протоколи, како и сите поединечни акти кои имаат карактер на некој попис, список и пресметка се нарекуваат дефтери.

Потекло на поимот

Дефтер во македонскиот јазик, како и во други балкански јазици (бугарски, српски...) дошол преку турскиот збор ‘’defter’’. Во современиот турски јазик дефтер означува секој вид на тетратка, бележник. Во македонскиот јазик ова значење го има турцизмот тефтер.

Зборот потекнува од грчкиот διφθέρα што значи книга (со страници од козји пергамент кој во Стара Грција се користел со папирусот како хартија) кој се пренел во арапскиот دفتر со истото значење.

Употреба на зборот

Заради широкото значење на зборот дефтер, разните дефтери во смисла на османлиските пописи се означувале со додавање на други зборови кои поблиску го одредувале нивниот вид и карактер. Османлиските катастарски книги се нарекуваат тапу дефтерлари (пописни книги). Тие се производ од работата на посебни државни комисии кои на терен ги попишувале изворите на државните приходи заради оданочување на имотите.

Поголемиот дел од сочуваните дефтери се чува во „Архивот на претседателството на владата“ во Истанбул. Османлиските катастарски пописи се вршени сериозно и податоците во нив се земаат со целосна доверба бидејќи првенствено се работени од аспект на феудални приходи и обврски на потчинетото население и нивната распределба во која морало да се почитува точноста. Дефтерите претставуваат еден од најзначајните сегменти на изворна градба за проучување на историјата на османлиската доба на територијата која ја опфаќало Османлиското Царство. Исклучително се значајни за изучување на демографијата, општеството, економијата, топографијата и воопшто на сите делови на османлиското присуство.

Наводи

Tags:

Османлиско ЦарствоСелоЦарство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Петар Поп АрсовПерсиски јазикКуоминтангТодор АлександровГраматички категории на именките во македонскиот јазикДен на шегатаСврзникВакцина против тетанусМузикаЃурѓовденРомантизамБраќа МиладиновциКиселинаБескрајна приказнаТурновоТалат ЏафериМакедонски народни песниПарацетамолВиножитоМери ПопинсПадовски универзитетФлебитисБиполарен споен транзисторАлиса во земјата на чудатаМакедонски хумористични народни приказни (книга)МитологијаЛозје (книга)ИзраелЦистична фиброзаМораво рокчеПравило на десна ракаСДСМПечалбариДоминикаТигарМалтаВардарКрвотокГуливеровите патувањаСложена реченицаИлузијаЗаушкиБиблијаМесечинаВегетаСветИсторија на ИранРисто СтефановскиКинетичка енергијаПостмодернизамРоднински односиЕлектрична струјаКрушевска РепубликаКрвен притисокМинистерство за животна средина и просторно планирањеАутизамВиолета ТомовскаСрцев ударПеперугиАнтоан де Сент ЕгзипериОче нашМариборШпанијаАнтичка МакедонијаЧукотски автономен округМаксим ДимитриевскиРусијаПридавкаФинале на Светското првенство во фудбал 1998Западно Римско ЦарствоАбас ЦаноскиПол ДиракЕндоскопАББА🡆 More