Папирус

Папирус е првиот материјал за пишување во историјата.

Изработен е од срцевината на билката папирус.

Историја

Папирусот околу 2000 години пред нашата ера го пронашле Египќаните. Папирусот е билка слична на трска, припаѓа на семејството оштрика, расте во висина до 3 метри, стеблото му е меко и понекогаш дебело како човечка рака. На врвот на стеблото се наоѓаат гранки кои личат на неисчешлана и неуредна коса. Листовите на папирусот се малечки, а корените се силни. Римскиот историчар Плиниј оставил запис за тоа како се произведува папирус. Срцевината се земала само од оној дел на стеблото кој е под вода, а потоа биле кинати во вид на врвки, којшто потоа се измазнувани. Средниот дел на врвката бил најширок, па според тоа и најкорисен. Врвките потоа се редени една до друга, а преку нив, под прав агол се редени други врвки. Првиот слој се пермачкувал со лепливо брашно, потоа се сушел,се гланцал со слонова коска, и се сечел. Папирусот некое време бил еден од главните извозни производи на Египет. На пример, сите дипломатски документи биле пишувани на папирус сè додека не го истиснал пергаментот. Секое парче папирус било обележано со посебен печат за да се потврди неговата вредност. Од тенките стебла на папирусот се изработувале корпи, а од дебелите стебла дури и едра. Јадрото или сржта на папирусот, кога ќе се зготви, претставувало храна за сиромашните, а откако ќе се исуши се употребувало како гориво. Од сево ова се гледа колку оваа билка во старото време била корисна. На папирус се пишувало до 11 век. Освен во Египет на папирус се пишувало и во градот Херкуланеум кој заедно со Помпеја настрадал од вулкан. Во него се пронајдени ќупови со папирус. Исто така папирусот се користел и во текот на средниот век во период од 7 до 11 век. На него биле пишувани исклучиво повелби на владетелите и книжевни записи. На папирусот се пишувало со каламус.

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Државен завод за статистикаСеверномакедонско наречјеВостание на СкендербегГласањеСтале ПоповСлуз-цедење во грлотоЈанко БачевБранко ЦрвенковскиТрифун КостовскиВодаПоделба на гласовите во македонскиот јазикШвајцаријаВасил ИљоскиБитка во АрачиновоОдбивање (физика)БеровоОпштина АеродромНова социјалдемократска партијаВелигденСоцијалдемократска унијаТрајко ВељаноскиЛДПНационални паркови во МакедонијаАрбер АдемиШестаголникШтипОдбојкаАлијанса за АлбанцитеХаклбери ФинРак на усна празнинаПремиер на МакедонијаРевизор (комедија)Илинденско востаниеНационален парк ПелистерОслободителна војска на КосовоСкопјеМакедонски парламентарни избори, 1994СтомакОНАДржавни празници во БугаријаЃурѓовденМакедонска крвава свадбаСписок на држави по населениеСам домаСписок на планини во МакедонијаЕдиница за брза интервенција „Лавови“Општина Шуто ОризариРимаГордана ДувњакА1-телевизијаСвети Наум Охридски ЧудотворецТристан и ИзолдаГорјан ПетревскиКрушевоЈоаким КрчовскиБегалкаПиреј (роман)Македонски парламентарни избори, 1998МијациДемократска обнова на МакедонијаПред дождотЧенто (населба)Лазар Поп-ТрајковДемократски сојузХипертензијаПридавки во македонскиот јазикПустина (роман)Данела АрсовскаОбединето КралствоИзборна единица 9Македонска азбукаАрачиновоБиблијаДен на сесловенските просветителиСолунски атентатиОпштина КарпошБугарски возВаско НаумовскиВелес🡆 More