Ден На Сесловенските Просветители: државен празник во Македонија

Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј — државен македонски празник кој се празнува на 24 мај.

Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник од. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Ден на сесловенските просветители и учители
Ден на сесловенските просветители и учители
Македонска црковна делегација на Кириловиот гроб
Наречен иДен на словенска писменост, Св. Кирил и Методиј
Го празнува(ат)Македонија Македонија
Виднационален
Датум24 мај
Прославаконцерти, културни настани, доделување награди
ПоврзаноКирил и Методиј

Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.

Празнувања

Во Македонија

Традиционално празникот во Македонија започнува со честитката на премиерот на републиката со граѓаните на Македонија.

Во Охрид, градот-лулка на словенската писменост и култура, традиционално се одржуваа повеќе свечености. Од раните утрински часови започнува турнирот во мал фудбал во средното Угостителско училиште „Ванчо Питошески“ помеѓу учениците од трите среднообразовни центри во општина Охрид. Централната свеченост за одбележување на Денот на сесловенските просветители во организација на Општината започнува пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот Парк. Бројни граѓани, просветни и културни дејци, ученици и претставници на јавниот и политичкиот живот од општината доаѓаат да одадат почит преку полагање на цвеќе на споменикот.

Во Рим

Ден На Сесловенските Просветители: Празнувања, Бугарија, Наводи 
Црквата „Св. Климент“ во Рим каде се наоѓа гробот на Св. Кирил

Почнувајќи од 1960-тите, секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник со посета на државна и црковна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во Црквата „Св. Климент“. На ова му претходи официјална посета на Ватикан и папата. Поглаварот на Македонската православна црква чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил, додека неколку дена во Рим трааат деновите на македонската култура со голем број на концерти и изложби.

Во дијаспората, освен во Рим како центар на прославата, празникот се слави секаде каде што живеат Македонци. Во Германија се прославува со свечена литургија по македонските цркви, организирање на собири со македонски пејачи и турнири во мал фудбал. Најмногу се празнува во Елванген, јужна Германија во градот во кој Св. Методиј бил две и пол години во затвор.

Бугарија

Во Бугарија овој ден се слави како „Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост“, каде солунските браќа се сметаат за Бугари.[се бара извор]

Ден На Сесловенските Просветители: Празнувања, Бугарија, Наводи 
Свечена литургија во германскиот град Елванген

Наводи

Поврзано

Tags:

Ден На Сесловенските Просветители ПразнувањаДен На Сесловенските Просветители БугаријаДен На Сесловенските Просветители НаводиДен На Сесловенските Просветители ПоврзаноДен На Сесловенските Просветители11 мај186024 мајXI векГлаголицаДржавни празници на Република МакедонијаСв. КирилСв. Кирил и МетодијСв. МетодијСкопјеЦрква „Св. Богородица“ - Скопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Тодор АлександровФотосинтезаВладо ЈаневскиЦапариПланинарски дом „Караџица“ИСедум светски чуда на античкиот светОдбивање (физика)Жељко РажнатовиќАнгинаКорабКрим (полуостров)Слуз-цедење во грлотоЗбогум Румелија (ТВ-серија)ЦиститКонстантин КирковВојдан ЧернодринскиЕмпатијаСписок на повикувачки броеви на земјитеМузеј на македонската борбаМиом на маткаАлпразоламСевастополЗнаме на ГрцијаСтомакКронова болестКамен мост (Скопје)КромидРак на грлоМеѓународен ден на трудотОпштина ДолнениМакедонска крвава свадбаИсламАлшарГрегоријански календарЗрзески манастирНационален парк ГаличицаВитамин Б6Васил ЗафирчевХипертироидизамЧенто (населба)Никола Димитров (дипломат)БудваМатка (кањон)Гоце ТодоровскиКуранСписок на градови во Германија со повеќе од 100.000 жителиЈужна АмерикаПробиштипБојаСолунска ГлаваСтрептококиМарко ЦепенковИндијаАлгиЕкологијаОвчи сипанициКратовоЗаушкиЈелена РозгаТалат ЏафериПридавкаЕлениКалин КаменСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Staphylococcus aureusСамовилското коњчеАнтибиотикИсак ЊутнПопис на населението во Македонија (2021)АнасонСител-телевизија🡆 More