Ревматоиден Артритис

Ревматоидниот артритис е хронична и прогресивна автоимуна болест која предизвикува воспаление, болка, оток и вкочанетост на зглобовите и ткивата околу зглобовите, како и ограничување на движењето и функцијата на различни зглобови.

Ревматоиден артритис
Ревматоиден Артритис
Дланка со напредна форма на ревматоиден артритис. Овој степен на оток и деформација обично не се јавува со тековниот третман.
СпецијалностРевматологија, имунологија
СимптомиТопли, отечени, болни зглобови
КомпликацииАнемија, плеврит, перикардит
Вообичаена појаваСредна возраст
ВреметраењеДоживотно
ПричинителиНепознати
Дијагностички методВрз основа на симптомите, снимки, крвни тестови
Диференцијална дијагнозаСистемски лупус еритематозус, псоријатичен артритис, фибромијалгија
ЛековиАналгетици, стероиди, нестероидни антиинфламаторни лекови, болест-модифицирачки антиревматски лекови
Честота0.5–1% (од возрасните во развиените земји)
Смртни случаи30,000 (2015)

Опис на болеста и симптоми

Воспалението почнува во зглобната мембрана која го штити зглобот, обезбедува исхрана за 'рскавицата и ја создава зглобната течност. Во светот, од оваа болест страда 1% од населението при што односот меѓу жените и мажите е 3:1. Постојат два вида артритис: ран, каде симптомите траат помалку од три месеци, и дијагностициран ревматоиден артритис со симптоми на инфламација и отекување на зглобовите.
Најчести главни симптоми се болката и вкочанетоста на зафатениот зглоб. Вкочанетоста кај активниот ревматоиден артритис типично се влошува наутро, но може да се појави било кога и да трае од еден до два часа, па и цел ден. Други симптоми кои се појавуваат кај ревматоидниот артритис се:

Причини за појава

Имунолошкиот систем создава антитела кои служат за одбрана од бактерии, вируси и други микроорганизми. Кај луѓето со ревматоиден артритис формираните антитела го напаѓаат синовиумот (ткиво кое го обвиткува секој зглоб) при што настанува воспаление околу зглобот. Пушењето цигари и пиењето повеќе од три кафиња на ден, исто така, го зголемува ризикот од појава на ревматоиден артритис. Истражувачите уште немаат пронајдено јасни податоци кои ќе покажат постоење на наследни гени што предизвикуваат ревматоиден артритис, но се верува дека се наследува склоност за заболувања од ревматоиден артритис, но тоа не значи дека болеста е наследна. Кај луѓе кои наследиле таква предиспозираност, поголема е веројатноста некои надворешни фактори, како инфекција или стрес да ја предизвикаат појавата на болеста.

Зафатени зглобови

Најчесто зафатени зглобови се малите зглобови на прстите, палците, рачните зглобови, стапалата и глуждовите. Меѓутоа може да биде зафатен и било кој друг зглоб, исто така и колената се често зафатени. Кај одредени луѓе можат да бидат зафатени само мал број на зглобови, а кај други со воспаление можат да бидат заатени голем број на зглобови. Артритисот најчесто е симетричен, т.е. ако е зафатен еден зглоб на левата рака, исто така е зафатен и истиот зглоб на другата рака.

Ревматоиден Артритис 
Рентгенска снимка на дланка со ревматоиден артритис

Развој и тек

Во повеќето случаи симптомите се развиваат постепено, во тек на неколку недели. Може да се случи појава на вкочанетост на рацете, прстите или табаните на нозете наутро и тоа да трае половина ден. Тоа може да се појави и да се смири за одредено време, но понатаму станува редовна практика. Потоа се забележува и појава на болка и оток во истите зглобови.

Дијагностицирање на болеста

Не постои единствен тест со кој јасно се дијагностицира ревматоидниот артритис. Кога најпрво ќе се развие зглобната болка, тешко е да се каже дека дефинитивно станува збор за ревматоиден артритис, бидејќи постојат многу други причини за појава на болка во зглобовите. Крвните тестови можат да препознаат воспаление, карактеристични антитела и анемија. Сепак потребна е консултација со лекар-ревматолог кој може да потврди дали станува збор за болеста.

Лекување

Третманот на овој артиртис е поединечен и вклучува комбинација на лекови, одмор и вежби. Најчесто користен лек со кој започнува терапијата на ревматоидниот артритис е метотрексат, важно е болните со ревматоиден артритис е терапијата редовно да ја земаат, независно од видот на цената на терапијата. Болките во зглобовите може да се намалат со практикување лесни вежби за истегнување, со цел да се зацврстат мускулите (пливање или аеробик). Треба да се избегнуваат тешки и напорни вежби кои само можат да ја влошат состојбата на зглобовите или да предизвикаат повреди.

Исхрана за болеста

Оптималната исхрана за лица со ревматоиден артритис вклучува изобилство на зеленчук, интегрална храна и растителни влакна. Намалувањето или елиминирањето на внесот на производи од животинско потекло, рафинирани јагленихидрати, заситени масти и тутун ги намалуваат симптомите. Заситените масти го зголемуваат воспалението на телото и предизвикуваат болка, оток и оштетувања на зглобовите. За да се намали воспалението се препорачува конзумирање на многу овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданси. Богати извори на антиоксиданси се: јаболко, цвекло, брокула, боровинка,малина, портокал, црно грозје, спанаќ и јагоди. Зелениот чај е уште еден богат извор на антиоксиданси и се проучува за спречување и за намалување на болеста.

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


Tags:

Ревматоиден Артритис Опис на болеста и симптомиРевматоиден Артритис Причини за појаваРевматоиден Артритис Зафатени зглобовиРевматоиден Артритис Развој и текРевматоиден Артритис Дијагностицирање на болестаРевматоиден Артритис ЛекувањеРевматоиден Артритис Исхрана за болестаРевматоиден Артритис НаводиРевматоиден Артритис Надворешни врскиРевматоиден АртритисДвижењеЗглоб

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Крвна групаИталијаОпштина СопиштеКатица ЈаневаГемиџииИзборна единица 9Љубомир Гајдов‘Рбетен столбПат околу светот за 80 денаЌемане (македонско)Ристиќева палатаАлијанса за АлбанцитеНина Атанасова-ШкрињариќРомантизамЕлизабета ЃоргиевскаВакцина против тетанусЗнаме на МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2014Наполеон БонапартРамнокрак триаголникРечник на стари македонски зборовиСкопјеСписок на држави и територии во ЕвропаСашко КедевБитолаВевчаниИзборна единица 1ГостиварТетовоНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаСкопски аквадуктУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Четврта влада на Никола ГруевскиМакедонски денарОксидационо-редукциона реакцијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаЖелезоМинистерство за животна средина и просторно планирањеОпштина Демир ХисарЛасерЗемја (планета)Движење БесаНационален парк ПелистерРазловечко востаниеТетанусПолскаВлада на Димитар КовачевскиГрадинарствоПридавкаОдбивање (физика)Македонски месециПретседател на МакедонијаПартија за демократски просперитетЦрнила (драма)Соединети Американски ДржавиСлезинаПеколот (Божествена комедија)Општина Гази БабаТарабукаАрбен ТаравариЗборник на МиладиновциМитко ЧавковОпштина Маврово и РостушеДемократска партија на АлбанцитеШтипСредоземно МореСтрујно колоОпштина КарбинциХолокаустСвети Кирил и МетодијАДХДМедузаНикола ТодоровХазби ЛикаСадула ДуракуДаниел ДефоАвтобиографија (Григор Прличев)🡆 More