Леукемија: болест

Леукемијата е рак на крвта или коскената срж.

Леукемијата се јавува кога телото почнува да акумулира очигледно абнормални бели крвни зрнца (леукоцити). Додека тоа се случува, се намалува бројот и способноста на созреаните крвни зрнца. Зрнцата се нарекуваат абнормални затоа што тие не можат правилно да созреат. Оваа неспособност да се созрее е главниот недостаток во леукемијата.

Леукемија
СпецијалностХематологија Уреди на Википодатоците

Во леукемијата незрелите зрнца се насобираат во телото бидејќи тие не можат да умрат и не можат да се користат. Откако ќе се добие леукемија, леукемичните зрнца се насобираат во коскената срж. На крај, сите нормални бели и црвени крвни зрнца (еритроцити) и крвните плочки (тромбоцити) се истиснуваат и не се обновуваат. Здравата коскена срж се заменува со незрели зрнца кои на крај се слеваат во крвта и се разнесуваат низ телото. Како резултат на тоа, додека бројот на незрелите зрнца во крвта се зголемува, бројот на нормалните еритроцити, леукоцити и тромбоцитите се намалува. Како последица на тоа, пациентот може да чувствува некои од симптомите или знаците на недостаток на одреден вид на крвни зрнца.

Леукемија: Причини кои предизвикуваат леукемија, Симптоми, Дијагноза
Од лева страна: еритроцит, тромбоцит, леукоцит.

Причини кои предизвикуваат леукемија

Причините за леукемија не се знаат со сигурност. Меѓутоа, постојат неколку фактори кои очигледно влијаат на развојот на леукемија. Тие се: генетски фактори, зрачење, хемикалии и вируси.

Симптоми

Симптомите на леукемија се карактеристични за многу други заболувања што ја прави болеста тешко да се дијагнозира. За некои видови на леукемија не се јавуваат никакви симптоми сè додека болеста не дојде во напредната состојба, а понекогаш дури ни тогаш.

  • Загубата на црвени крвни зрнца води кон премореност и бледило (слабокрвност).
  • Загубата на бели крвни зрнца доведува до повторување на инфекции.
  • Загубата на тромбоцити доведува до појава на црвени дамки на кожата, многубројни модринки и крвавење од носот.

Дијагноза

Раната дијагноза на леукемијата не значи дека ќе се спречи проширувањето на болеста, затоа што леукемијата е проширена насекаде низ коскената срж од моментот кога ќе се појави.

Дијагноза за леукемија се поставува со два тестови – со правење крвна слика и со биопсија на коскената срж. Кога ќе се земе крв за да се анализира под микроскоп, се одредува бројот на белите крвни зрнца и тромбоцитите во земената крв. Ако бројот на белите крвни зрнца е абнормален, тогаш можеби ќе има: ниско количество на тромбоцити; мал број на црвени крвни зрнца; мал број на зрели бели крвни зрнца; или голем број на незрели или предвременоослободени бели крвни зрнца (наречени бластови). После тоа се прави биопсија на коскената срж. При овој тест, докторот користи игла и шприц за да извади дел од коскената срж. Во текот на процедурата се користат локални или вшприцани аналгетици (лекови против болки). Потоа се анализира и овој примерок.

Видови

Четири главни видови на леукемија
Клеточен тип Акутна Хронична
Лимфоцитна леукемија
(или „лимфобластна“)
Акутна лимфобластна леукемија
(ALL)
Хронична лимфоцитна леукемија
(CLL)
Миелогена леукемија
(„миелоидна“ или „нелимфоцитна“)
Акутна миелогена леукемија
(AML or myeloblastic)
Хронична миелогена леукемија
(CML)

Четирите вообичаени видови на леукемија се:

  • Акутна лимфобластична леукемија (Acute Lymphoblastic Leukaemia - ALL)
  • Хронична лимфоцитна леукемија (Chronic Lymphocytic Leukaemia - CLL)
  • Акутна миелоидна леукемија (Acute Myeloid Leukaemia - AML)
  • Хронична миелоидна леукемија (Chronic Myeloid Leukaemia - CML)

Акутна леукемија се јавува кога леукемијата ги напаѓа зрнцата многу рано во нивниот живот. Ова значи дека зрнцата не созреваат и воопшто не функционираат. Како последица, постои поголема веројатност пациентот со акутен вид на леукемија да страда од инфекции, крвавење и слабокрвност, и скоро секогаш е потребно веднаш да се почне со лекување.

Хронична леукемија се јавува кога леукемијата ги напаѓа повозрасните зрнца. Често овие зрнца во голема мера функционираат нормално и постои помала веројатност да се јават слабокрвност, крвавење и инфекции. Овие пациенти не секогаш треба веднаш да се лекуваат, а некои можеби никогаш не ќе треба да се лекуваат.

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



Tags:

Леукемија Причини кои предизвикуваат леукемијаЛеукемија СимптомиЛеукемија ДијагнозаЛеукемија ВидовиЛеукемија НаводиЛеукемија Надворешни врскиЛеукемијаКрвЛеукоцитиРак

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТапанДемохристијанствоПоштенски броеви во МакедонијаСветско населениеСтрептококен фарингитисМакедонски парламентарни избори (2014)ЕпилепсијаОвчи сипанициПиту ГулиПрилепТристан и ИзолдаМакедонски денарМустафа Кемал АтатуркОслободителна војска на КосовоАмазонТуберкулозаКошаркаЕгипетСердаротПолскаМуса ЏафериПоделба на гласовите во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори, 2008Алтернатива (политичка партија)Општина ИлинденЈосип Броз-ТитоГрад СкопјеТеута АрифиОслободителна народна армијаМочуриштеВиножитоУкраинаОпштина СтрумицаРеферендум во Македонија (1991)Атентат врз Киро ГлигоровКрушевска РепубликаСвети Кирил и МетодијЗборник на МиладиновциДУИОпштина ВрапчиштеБукурешки договор (1913)Бојан ЈовановскиЉубомир ФрчкоскиОпштина ЧашкаЕвропаСоцијализамЈоаким КрчовскиСписок на повикувачки броеви на земјитеОпштина Гази БабаДПААДХДШвајцаријаПартија за демократски просперитетОбласти во КазахстанГустав ШвабБраќа МиладиновциГоце ДелчевЌемане (македонско)Локални избори во Македонија (2005)Малиот принцПрва влада на Никола ГруевскиДијалекти на македонскиот јазикГолосеменициДимитар МиладиновИлинденско востаниеОливера ТрајковскаХамлетВелесСловенијаЕндометриозаБедија БеговскаСтругаЛокални избори во Македонија (2021)Советски СојузВиолинаТигарБактерии🡆 More