Главоболка

Главоболката (англиски: Headache или Cephalgia) е еден од најчестите симптоми кај луѓето, што подразбира болка во пределот на главата, лицето и горниот дел на вратот.

Таа настанува како последица на различни нарушувања: од безопасни состојби што не бараат никакво лекување до опасни болести за животот.

Главоболка
Главоболка
Жена со главоболка
СпецијалностНеврологија Уреди на Википодатоците

Главоболката се јавува кај приближно 10% од населението на западната полутопка и поради овој симптом околу 30% од нив се јавуваат на лекар. Во текот на животот главоболката се јавува најмалку еднаш кај 70-95% од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20 - 40 години.

Класификација

Низ историјата имало неколку класификации на главоболката, а денес најмногу се користи онаа што ја објавило Меѓународното здружение за главоболка (англиски: International Headache Society), а се нарекува Меѓународна класификација на главоболката (англиски: The International Classification of Headache Disorders (ICHD)). Првата верзија на таа класификација (ICHD-1) била објавена во 1988 година, додека сегашната ревизија ICHD-2 е објавена во 2004 година.

Според новата класификација главоболките се делат во 14 класи. Првите четири класи ги опфаќаат примарните, следните осум ги опфаќаат секундарните главоболки, во класата 13 спаѓаат кранијалните невралгии, примарните и централните причина за болка на лицето, додека во класата 14 се некласифицираните и недоволно специфичните главоболки.

ICHD-2:

Примарни главоболки

    • 1. Васкуларна главоболка (мигрена),
    • 2. Главоболка предизвикана од вкочување на мускулите (тензиона главоболка),
    • 3. Кластер главоболка и останати тригеминоавтономни главоболки,
    • 4. Останати примарни главоболки:
      • Hemicrania continua
      • Коитална цефалгија
      • (анг.) New daily persistent headache (NDPH)

Секундарни или симптоматски главоболки

    • 5. Главоболка поврзана со повреди на главата и/или вратот,
    • 6. Главоболка поврзана со васкуларни нарушувања на главата или вратот,
    • 7. Главоболка предизвикана од неваскуларни интракранијални нарушувања,
    • 8. Главоболка предизвикана од разни супстанци или по прекин на нивно земање,
    • 9. Главоболка предизвикана од општи инфекции,
    • 10. Главоболка поврзана со нарушувања на хомеостазата,
    • 11. Главоболка или болка на лицето предизвикана од нарушувања на черепот, вратот, увото, носот, синусите или останатите структури на лицето и черепот,
    • 12. Главоболка поврзана со психијатриски нарушувања.

Невралгии и останати главоболки

    • 13. Кранијални невралгии, централна и примарна болка на лицето,
    • 14. Останати главоболки.

Главоболката како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Купив главоболка“ (I Bought A Headache) - песна на американската рок-група „Риплејсментс“ (The Replacements) од 1981 година.
  • „Главоболка“ (Headache) - песна на американскиот рок-музичар Френк Блек (Frank Black) од 1994 година.

Наводи

Главоболка     Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Tags:

Главоболка КласификацијаГлавоболка та како тема во уметноста и во популарната култураГлавоболка НаводиГлавоболкаАнглиски јазикБолестВратГлаваЖивотЛицеЛуѓеСимптом

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БоксПрва помошИзборна единица 5Горан СтефановскиТамара (снаа на Јуда)МРСАГлаголБалкански рисГеографија на МакедонијаЛирикаМакедонско востаниеСеск ФабрегасАртритисГихтСегашно време во македонскиот јазикСојуз на комунистите на МакедонијаДемографија на МакедонијаСрцев ударВидеоиграВагинален исцедокРазловечко востаниеЛевица (политичка партија)Евгениј ОнегинМакедонија во Втората светска војнаАрбен ТаравариСписок на уметнициЖелезно времеСтрофаИзвршна властМакедонски парламентарни избори (2016)КоличникОмов законДислексијаВиенаЛидија ДимковскаЕкономија на МалезијаНорвешкаГрад СкопјеАмерикаПредлози во македонскиот јазикКурт ГеделЧестична физикаДрачевоПланетаПофално словоМакедонски народен театарСтарогрчка митологијаМоскваМакедонски парламентарни избори (2008)Општина СтрумицаСтојанче АнгеловАнтибиотикСингапурДоксициклин26 мартСписок на македонски народни поговоркиИнфективна мононуклеозаПенис (човек)Доктор ОфболиОпштина Маврово и РостушеЧарлс IIЧовекПапратМакедонски парламентарни избори, 2011Кузман ШапкаревТрајче КрстескиЛумбагоСтереотипТоше ПроескиЊутнови закониИсторијаМакедонциСловенијаДиносаурусАлијанса за АлбанцитеСписок на повикувачки броеви на земјитеИсус ХристосИменка🡆 More