Општина Кочани

Општина Кочани — општина во Источна Македонија.

Седиште на општината е градот Кочани. Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година кон поранешната Општина Кочани е припоена и Општина Оризари.

Општина Кочани
Општина
Знаме на Општина КочаниГрб на Општина Кочани
ДржаваМакедонија
СедиштеКочани
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникЉупчо Папазов
Површина
 • Вкупна360,36 км2 (139,14 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно31.602
 • Густина88/км2 (230/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+033
Регистарски табличкиKO
Мреж. местоkocani.gov.mk
Општина Кочани
Карта на општина Кочани со селските атари.
Општина Кочани
Демографска карта на општина Кочани со селските атари.
Општина Кочани
Карта на општината.

Географија

Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, сместена на североисточната страна на Кочанската Котлина и југоисточната страна на Осоговските планини. Зафаќа површина 360,32 км2, со најниска надморска височина од 320 м и највисока 2.085 м.

Општината се граничи со:

Општина Кочани има 28 населени места, од кои 1 е градско и 27 селски. Четири од селските населени места се целосно иселени.

Населено место Жители Населено место Жители
Безиково 2 Небојани 10
Бели 354 Нивичани 233
Вранинци 3 Ново Село 3
Горни Подлог 571 Оризари 2.737
Горно Гратче 0 Пантелеј 24
Главовица 24 Пашаџиково 2
Грдовци 930 Полаки 29
Долни Подлог 327 Пресека 22
Долно Гратче 0 Прибачево 280
Јастребник 11 Припор 0
Костин Дол 2 Рајчани 9
Кочани 24.632 Речани 2
Лешки 9 Тркање 1.001
Мојанци 385 Црвена Нива 0


Историја

Поради поволната географска местоположба и одличните природни одлики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пеонците, Медите и Траките, а во 80-те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост од 845-855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвис) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.

Градоначалници на Кочани

Досегашни градоначалници на Кочани биле:

  • Томе Вангелов (1920-1924)
  • Спиро Симеонов (1925-1928)
  • Благој Џидров (1928-1930)
  • Јован Двојаков (1932-1935)
  • Трендо Христов (1944-1946)
  • Благој Хаџи Василев (1946-1948)
  • Величко Георгиев (1948-1950)
  • Владо Стаменков (1950-1954)
  • Боро Ефремов (1954-1963)
  • Михајло Арсов - Војчо (1964-1966)
  • Стојан Трендов (1966-1970)
  • Киро Данилов (1970-1974)
  • Иван Серафимов (1974-1981)
  • Тодосија Паунов (1982-1983)
  • Божидар Андоновски (1984-1985)
  • Драги Георгиев (1986-1990)
  • Љупчо Беличев (1990-1996)
  • Лазар Веселинов (1996-2000)
  • Љубомир Јанев (2000-2002, 2005-2009)
  • Тодор Пашовски (2003-2004)
  • Ратко Димитровски (2009-2017)
  • Николчо Илијев (2017-2021)
  • Љупчо Папазов (2021-)

Демографија

Според Законот за територијална поделба од 2004 година кон општина Кочани е припоена и поранешната Општина Оризари, а според пописот од 2021 година во неа живеат 31.602 жители, од кои:

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 35.472 93,12
Албанци 1 0,01
Турци 315 0,83
Роми 1.951 5,12
Власи 194 0,51
Срби 67 0,18
Бошњаци 2 0,01
останати 90 0,23
Вероисповед Вкупно
православни 30.793
муслимани 2.273
католици 21
протестанти 31
останати 571
Јазик Вкупно
македонски 35.579
албански 2
турски 1.487
ромски 757
влашки 148
српски 58
бошњачки 1
останати 60

Според проценките на Државниот завод за статистика, на крајот на 2015 година има намалување на бројот на населението и тоа изнесува 37.800 жители. Од овој број 18.943 се мажи, а 18.857 се жени.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Административно седиште на Општината е градот Кочани. Градоначалник на општина Кочани е Љупчо Папазов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Советот на Општина Кочани е составен од 19 члена.

Според последните локални избори од 2021 година, членовите на Советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

Општина Кочани 
  ВМРО-ДПМНЕ: 9 места
  СДСМ: 8 места
  Левица: 1 место
  Независни: 1 место

Културни и природни знаменитости

Земјоделство

Традиционална стопанска гранка во општина Кочани е земјоделството за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Почвата е плодна од алувијално потекло. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат, поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км.

Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, високи приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 3500 хектари под ориз, со принос од над 5000 кг/ха. Застапени сорти на оризова култура се монтичели Архивирано на 31 октомври 2012 г., Р-76/6 Архивирано на 31 октомври 2012 г., Сан Андреа Архивирано на 31 октомври 2012 г., Прима риска Архивирано на 31 октомври 2012 г., и Монтеса Архивирано на 28 септември 2011 г.. Квалитетот на оризот е потврден на Еурека-2000 во Брисел со признание Гран-при Најдоброто од Македонија, со заштитен знак бр. 1- оризот, белото кочанско злато.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Културните збиднувања се остваруваат во бројни институции, за која цел се изградени разновидни објекти ( Дом на културата, кино и сл.). Во Кочани постојат неколку фолклорни друштва кои го негуваат фолклорот, а се негува и драмскиот аматеризам. Секоја година традиционално се одржува ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) во месец мај и Деновите на оризот, во месец септември.

За развој на спортот во градот има изградено спортска сала, фудбалски стадион, базен, терени за тенис, мини голф и слично. Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови: борење, кошарка, фудбал, гимнастика, карате, шах, и др. Кочани бил домаќин на државни и меѓународни културни и спортски случувања.

Иселеништво

Иселеништвото во општината има неколкудецениска традиција, при што главно младата население, поради економски причини, емигрирала во Западноевропските земји - во почетокот во Германија, Франција и Австрија, а во последната деценија во Италија и делумно САД, Канада и Австралија.

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Општина Кочани ГеографијаОпштина Кочани ИсторијаОпштина Кочани ДемографијаОпштина Кочани Општествени установиОпштина Кочани Самоуправа и политикаОпштина Кочани Културни и природни знаменитостиОпштина Кочани ЗемјоделствоОпштина Кочани Редовни настаниОпштина Кочани ЛичностиОпштина Кочани Култура и спортОпштина Кочани ИселеништвоОпштина Кочани ПоврзаноОпштина Кочани Надворешни врскиОпштина Кочани НаводиОпштина Кочани2005Источна МакедонијаКочаниОпштинаОпштина ОризариРепублика Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДебарМендух ТачиТромбоцитопенијаВиножитоКатица ЈаневаХазби ЛикаЈане СанданскиКомунизамВила ВодноИлче СтојановскиПетар ГошевСоцијалдемократијаЖелкиСтојанче АнгеловЕкосистемХрватскаЅвезда од КутлешАнета МицевскаДаут ХарадинајНикола ПопоскиАтентат врз Киро ГлигоровРомео и ЈулијаМаргарет ТачерБлагој ДавковИзбориСтевчо ЈакимовскиБитолаНебо од ванила (филм)Општина ГостиварРастенијаЧернобилска несреќаСтојан АндовМртво МореВагинален исцедокСлуз-цедење во грлотоБалкански рисЖелезнецЛазарова саботаНародна Република КинаРечник на стари македонски зборовиБигорски манастирДемократски сојузЖичени инструментиLa Liga 2Шармери од осмоСписок на повикувачки броеви на земјитеВолфганг Амадеус МоцартРак на грлоИталијаВаландовоОпштина СарајПавле ТрајановПретседател на МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаХепатитМакедонски парламентарни избори (1990)Дојранско ЕзероДржавни празници во БугаријаПрва светска војнаРак на желудникВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Предмет (граматика)ГлаголМакедонски парламентарни избори, 1998СЦ „Јане Сандански“ - СкопјеГаличицаКавадарциМакедонски парламентарни избори, 2016СрбијаСписок со македонски музичариПридавкаПросветителствоКултураДијалектВикипедијаМорфологија на македонскиот јазикВоен конфликт во Македонија, 2001🡆 More