Пониква: туристички центар на Осоговските Планини

Пониква — туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во источна Македонија.

Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, Пониква зазема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.

Пониква: Туризам, Природни богатства, Поврзано
Предел од Пониква
Пониква: Туризам, Природни богатства, Поврзано
Викендички во Пониква
Пониква: Туризам, Природни богатства, Поврзано
Мотелот „Изгрев“
Пониква: Туризам, Природни богатства, Поврзано
Црквата „Св. Василиј Велики“

Туризам

Урбаниот простор опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи (единечни и двојни), автокампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, хотели, одморалишта, угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата, неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на туристите. За да има можност за побрз развој, на туризмот на месноста Пониква, потребно е да се изврши подобрување и довршување на инфраструктурата, обезбедување на доволни количини вода и електрична енергија. Покрај веќе изградените спортски терени сè повеќе се најавуваат иницијативи и потенцијални заинтересирани инвеститори за изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање. Покрај Пониква на Осоговијата има и други извонредни места за изградба на патеки за скијање со поголема должина, како што се терените под Царев Врв (Султан Тепе - 1085 м).

    Цркви
  • Црква „Св. Василиј Велики“ - манастирска црква осветена на 31 август 2014 година;

Природни богатства

Како посебна туристичка атракција, за љубителите на ловот, во непосредна близина на спортско-рекреативниот центар Пониква, се наоѓа и резерват за дивеч. Комерцијалното ловиште-резерват им нуди на посетителите можност за лов на елени, срни, елени-лопатари, муфлони, диви свињи, како и сместување.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Пониква ТуризамПониква Природни богатстваПониква ПоврзаноПониква НаводиПониква Надворешни врскиПоникваКочаниМакедонијаОсоговски ПланиниРепублика Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Тумор на мозокСловенска митологијаПретседателОпштина ТетовоЉубомир ГајдовФеудализамГерманијаБик (хороскопски знак)НорвешкаСтарословенска азбукаВоен конфликт во Македонија (2001)Министер за здравство на МакедонијаСписок на планини во МакедонијаИсландСписок на команданти на ОНАОпштина ЖелиноБојан ЈовановскиПере ТошевБилјана ВанковскаЕгејска МакедонијаАрбен ЏафериМијациВласиНикола КаревЦрнила (драма)Македонија (регион)Никола ТодоровБосна и ХерцеговинаТамбура (македонска)Лазар МојсовГлаголПДПХепатитПетар Поп АрсовКомуњарЗвездана АнгеловскаХристијан МицкоскиШармери од осмоПодметМакедонски парламентарни избори, 2016ИнтернетКостадин КостадиновЖивотниСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаСписок на држави во светотСоцијалистичка партија на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2011)Менструален циклусСтолицаНационална демократска преродбаХрватскаПроизвод (математика)СипанициЛДПГрцијаКисел дождИсус ХристосПласницаГитараВакцина против тетанусДесет Божји заповедиСтрофаМакедонски парламентарни избори, 1990Ружди ЉатаГрад СкопјеВелигденски јајцаХомеостазаКинески прстенДемократска партија (Македонија)Ѓорге ИвановЈулијански календарДемократска алтернативаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Партија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаВрањеЧетврта влада на Никола ГруевскиРастенија🡆 More