Прибачево: село во Општина Кочани

Прибачево — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Прибачево
Прибачево во рамките на Македонија
Прибачево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Прибачево
Местоположба на Прибачево во Македонија
Прибачево на карта
Координати 41°53′10″N 22°33′35″E / 41.88611° СГШ; 22.55972° ИГД / 41.88611; 22.55972
Регион Кочанско Поле
Општина Кочани
Население 280 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2300
Шифра на КО 13034
Надм. вис. 331 м
Прибачево на општинската карта
Прибачево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Прибачево во рамките на општината
Прибачево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Прибачево на Ризницата

Географија и местоположба

Прибачево е мало село во околината на Кочани.

Историја

Во XIX век, Прибачево е дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Прибачево е познато по оризот. Селото е заобиколено со ниви и има мн комарци.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948312—    
1953352+12.8%
1961420+19.3%
1971412−1.9%
1981410−0.5%
ГодинаНас.±%
1991409−0.2%
1994423+3.4%
2002388−8.3%
2021280−27.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прибачево живееле 180 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прибачево имало 192 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 388 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 280 жители, од кои 270 Македонци и 10 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 192 312 352 420 412 410 409 423 388 280

Родови

Прибачево е македонско село.

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:

  • Траканци (1 к.) најстар род во селото. Доселени се од селото Тркање. Овде се населиле браќата. Никола, Ѓорге, Гаврил, Павле и уште еден со непознато име. Го знаат следното родословие: Зашо (жив на 76 г. во 1958 година) Јане-Никола, еден од браќата што се доселиле.
  • Ѓоргиови (2 к.) и Трајчеви (2 к.) доселени се од селото Древено кај Пробиштип, близу Лесновски Манастир.
  • Здравкови (4 к.) доселени се од селото Небојани.
  • Божинови (3 к.) и Апостолови (2 к.) доселени се од селото Чешиново.
  • Новаци (2 к.) доселени се од селото Спанчево.
  • Крстови (3 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
  • Миленкови (1 к.) доселени се од селото Калиманци.
  • Василеви (3 к.) доселени се од селото Долни Подлог. Потекнуваат од домазет.
  • Гулаци (3 к.) и Гареви (2 к.) доселени се од селото Соколарци.
  • Ристови (3 к.) и Мишо (1 к.) доселени се од селото Бунеш кај Пробиштип.
  • Стојанчеви (3 к.) доселени се од некое село во околината (кратовско).
  • Ѓеровци (1 к.) доселени се однекаде.
  • Лазови (2 к.) и Биневи (1 к.) доселени се од селото Оризари.
  • Димитрија (4 к.) доселени се од селото Спанчево.
  • Димитријови (2 к.), Стојкови (2 к.), Доневи (1 к.) и Велинови (1 к.) доселени се од селото Ново Село.
  • Димитриови (1 к.) и Мишкови (1 к.) доселени се од селото Пресека.
  • Стојанови (1 к.) доселени се од селото Речани.
  • Нештемпарови (1 к.) доселени се од селото Стар Истевник кај Делчево.
  • Трајчеви (1 к.) доселени се од Кратовско.
  • Паназови (2 к.), Чапалови (2 к.), Душкови (1 к.) и Миленкови (1 к.) доселени се од селото Зрново кај Драма (Егејска Македонија) после Втората светска војна.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 892 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 308 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Култура и спорт

Во Прибачево попознат спорт е Фудбалот. А се играат и други спортови како Ракомет, Кошарка, Пинг-Понг и други. Овие спортови можат да се играат кај стариот ресторант или прибачевски кажано „Плоча“.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Прибачево Географија и местоположбаПрибачево ИсторијаПрибачево СтопанствоПрибачево НаселениеПрибачево Самоуправа и политикаПрибачево Културни и природни знаменитостиПрибачево Култура и спортПрибачево НаводиПрибачево Надворешни врскиПрибачевоКочаниОпштина Кочани

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГлаголКоличникПиту ГулиКлеопатраМакедонски претседателски избори (2024)ФотосинтезаСтара ГрцијаБелото ЦиганчеОпштина КочаниСтругаКорошиштаТутунС’ботскоЕлектрична струјаМагнетна резонанцијаЛеонтијЗаграчаниАјдучка треваКрушевска РепубликаДискус хернијаАлан Маркес ЛоуреироТрапезКанадаТалат ЏафериГуливеровите патувањаАтрибут во македонскиот јазикПарадоксот на ДиогенВирусЈордан Хаџи Константинов-ЏинотПрва помошПрирокКлеткаРајчицаМарко ЦепенковОпштина ДебарГаличицаПреспански договорСтрадањата на младиот ВертерШведскаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Министерство за животна средина и просторно планирањеЃорѓи КолозовЛавСветлана Ражнатовиќ-ЦецаОпштина КарпошВикинзиМитМаксим ДимитриевскиФридрих НичеМакедонски парламентарни избори (2020)ПридавкаОдбивање (физика)Список на државни знамињаКирил ЛазаровРегионален пат 1101Тенко цревоПретседател на МакедонијаУС Сасуоло КалчоФранцијаПетре М. АндреевскиНАТОЛарингитисАцо ШоповЛабуништаРајко ЖинзифовЕлена ЗагорскајаАутизамПавле АрсоскиРадождаЛехово (Леринско)Старогрчка митологијаВлада на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2017)Џ. Р. Р. ТолкинЕлектронска цевкаЦар СамоилОпштина Битола🡆 More