Соколарци: село во Општина Чешиново-Облешево

Соколарци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Соколарци
Соколарци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Соколарци

Соколарци во рамките на Македонија
Соколарци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Соколарци
Местоположба на Соколарци во Македонија
Соколарци на карта
Координати 41°53′48″N 22°16′30″E / 41.89667° СГШ; 22.27500° ИГД / 41.89667; 22.27500
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 730 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 13038
Надм. вис. 311 м. м
Соколарци на општинската карта
Соколарци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Соколарци во рамките на општината
Соколарци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Соколарци на Ризницата

Географија и местоположба

Соколарци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед од долното маало на Соколарци со Кочанското Поле и планината Плачковица во позадината

Селото се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини, во Кочанското Поле.

Историја

Потеклото на името Соколарци, доаѓа од името „Соколар“ коешто во времето на Отоманското Царство во XV, XVI и XVII век, било име за професија на луѓе кои се занимавале со одгледување на соколи за воени цели, и за што овие луѓе - соколари биле плаќани од државната каса на Отоманското Царство.

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја.

Стопанство

Населението на селото Соколарци се занимава со земјоделство. Најзастапени гранки се полојделството (одгледување на ориз, пченица, пченка, домат) и сточарството (одгледување овци и крави). Оризот и доматот од Соколарци најчесто се пласира на кочанскиот и скопските пазари. Во селото работи и млекарницата „Осогово Милк“ која своите производи ги пласира на македонскиот пазар. Во селото има и земјоделска аптека GVT-LTD која се занимава со продажба на земјоделски препарати и сточна храна.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.055—    
19531.166+10.5%
19611.307+12.1%
19711.225−6.3%
19811.176−4.0%
ГодинаНас.±%
19911.053−10.5%
1994994−5.6%
2002956−3.8%
2021730−23.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Соколарци живееле 680 жители, од кои 670 Македонци и 10 Роми. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Соколарци имало 702 жители, од кои 648 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 54 Власи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци и 25 до 50 Власи.

Според пописот од 2002 година, во селото Соколарци живеат 956 жители, од кои 946 Македонци, 8 Власи и 2 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 730 жители, од кои 702 Македонци, 3 Албанци, 2 Власи и 23 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 680 702 1.055 1.166 1.307 1.225 1.176 1.053 994 956 730

Родови

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

Македонски

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Шеќерџиовци или Велковци (12 к.), Кметци (10 к.), Кацарци (10 к.), Ќосевци (6 к.), Анѓелашевци (15 к.), Џоваџици (15 к.), Маденџици (10 к.), Уткарци (10 к.), Дашовци (7 к.), Мицајковци (6 к.), Каранфиловци (11 к.), Ѓоргијовци (10 к.), Малиновци (10 к.), Шетевци (6 к.) и Црвенџиовци (5 к.) поголемиот број од родовите се староселеделци.
  • Доселеници со познато потекло: Коритарчани (15 к.) доселени се од некое место во Албанија во турско време. Имаат роднини во селото Липец (Арнаутици, Чорбаџици и Ковачки)

Влашки

  • Доселеници: Кутурела (3 к.) доселени се околу 1880 година. Потекнуваат од предокот Митре кој имал брат Никола. Од Митре потекнува родот Кутурела, додека од Никола потекнувал родот Зурзовци кои целосно се иселиле од селото. Овие Власи припаѓаат на поголемото братство Брозан кое растурено живее во повеќе села низ источна Македонија: Соколарци, Лепопелци, Врбица, Ерџелија, Ќоселери, Доброшани и др.

Културни и природни знаменитости

    Верски објекти

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 879 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 696 гласачи.

Иселеништво

До 1960 година 9 влашки семејства се иселиле во Романија.

Од Македонците иселеници има во Кочани, околните села, Штип, штипското село Радање, и во овчеполските села Долно Црнилиште, Дорфулија и Ќоселери.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Соколарци Географија и местоположбаСоколарци ИсторијаСоколарци СтопанствоСоколарци НаселениеСоколарци Културни и природни знаменитостиСоколарци Самоуправа и политикаСоколарци ИселеништвоСоколарци ГалеријаСоколарци ПоврзаноСоколарци НаводиСоколарци Надворешни врскиСоколарциКочаниОпштина Чешиново-Облешево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕпикаЗлосторство и казнаВенко ФилипчеКалиштаПМГ колективГолемата вода (роман)ЗагребВтора светска војнаИндонезијаМарков манастирСмоларски ВодопадЗаменки во македонскиот јазикКуранБакарСписок на реки во МакедонијаЗагадување на водатаМаричка биткаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаСтрофаСлезинаОпштина ДојранАлександар III МакедонскиПрирокПотенцијална енергијаЕвгениј ОнегинСкопско КалеНова алтернативаПенис (човек)КавказПроста реченицаИлинденско востаниеМали сипанициОпштина Демир ХисарПрво заседание на АСНОМБигорски манастирИзборни единици во МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2011АртрозаИфтарИталијаСписок на градови во МакедонијаГихтПискупштинаПланетите во астрологијатаСписок на држави во светотСтрептококен фарингитисПарите се отепувачкаСкопјеКралство ЈугославијаТетовоМустафа IСписок на македонски народни поговоркиВоздушен коридорБаснаДонтов методГалилео ГалилејОпштина ПробиштипЕп за ГилгамешБегалкаГорјан ПетревскиРак на панкреасотТашко ГеоргиевскиСтојанче АнгеловАстероидна месечинаКинетичка енергијаТромбоцитопенијаЛимфен јазолМакедонска револуционерна организацијаЗемјотресЛабуништаСончев СистемДесет Божји заповедиЖолчкаУС Сасуоло КалчоИсторија на македонскиот народТутунПингвинСмртност на доенчиња🡆 More