Бунеш: село во Општина Пробиштип

Бунеш — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Бунеш
Бунеш: Потекло на името, Географија, Историја

Поглед на селото Бунеш

Бунеш во рамките на Македонија
Бунеш: Потекло на името, Географија, Историја
Бунеш
Местоположба на Бунеш во Македонија
Бунеш на карта
Координати 41°57′10″N 22°14′09″E / 41.95278° СГШ; 22.23583° ИГД / 41.95278; 22.23583
Регион Бунеш: Потекло на името, Географија, Историја Источен
Општина Бунеш: Потекло на името, Географија, Историја Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 10 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21001
Надм. вис. 590 м
Слава Илинден
Бунеш на општинската карта
Бунеш: Потекло на името, Географија, Историја

Атарот на Бунеш во рамките на општината
Бунеш: Потекло на името, Географија, Историја Бунеш на Ризницата

Потекло на името

Името на селото се претпоставува дека е од илирско потекло.

Географија

Бунеш е селска населба југозападно од Злетово, сместена од левата страна на Злетовска Река и од северозападната страна на Рајчански Рид. Селото се наоѓа на пространа зарамнета површина, на надморска височина од 590 м. Распространето е на изворниот дел на Лозјански Дол. Местоположбата му овозможува заштита од северните ветрови. Атарот на селото зафаќа површина од 11,7 км2 и на исток се граничи со Општина Кочани, а на југ со Општина Чешиново-Облешево. Бунеш е оддалечено од Пробиштип околу 7-8 км.

Историја

Бунеш е една од најстарите населби во Злетовско-пробиштипско. На просторот на кој се наоѓа атарот на селото има повеќе наоѓалишта со остатоци од поранешни населби. Така на пример, во месностите Три Kладенци и Бел Камен при обработка на нивите се пронајдени темели од згради и старовремски тули, а во месноста Џидовица се откриени стари гробишта. Траги од некогашна населба, и тоа ѕидини од куќи, темели од црквичка и гробишта се зачувани во месноста Мал Бунеш, која се наоѓа на околу 2-3 километри североисточно од сегашната местоположба селото.

Од една повелба на деспотот Константин Дејанов во 1381 година се забележува дека истата година во Злетовската област постоело селиште Бунеш коешто припаѓало како метох на Лесновскиот манастир. Според народното предание, селото било сместено во сегашната месност Мал Бунеш, но поради насилството и зулумите од страна на Турците од соседно Турско Рудари населението било принудено да се пресели на запад,

Во XIX век, Бунеш се наоѓало во Кратовската каза, во Отоманското Царство.

Во 1903 година, 17 жители на селото биле физички малтретирани и ограбени од страна на отоманските власти, а во есента 1908 година, изгорени биле 28 куќи или речиси половина од селото.

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.

Стопанство

Селото во минатото претставувало метох. Најразвиените стопански дејности во склад со природно-географските услови во минатото и денес се сточарството и земјоделството. Во еден подолг период од времето под отоманска власт најголем дел од населението биле мадемџии (рудари), додека само неколку семејства биле претворени во чивчии од страна на некој кратовски бег. По разнебитувањето на вака поставениот чифлигарски систем, чивчиите и останатите селани започнале да ја откупуваат земјата што ја обработувале.

Од турските пописи од 1570 година се забележува дека структурата на земјоделството производство е многу слична со постојната. Во тоа време, најмногу се произведувало мешано жито (130 товари), пченица (124 товари), граор (3 товари), леќа (2 товари), како и бостан, лозје и пчели. Селото во тој период било задолжено со данок од 12.000, што во споредба со други села од неговата околина и во Овче Поле укажува дека истото располага со значајни ресурси и богатство.

Осовременување во земјоделското производство било забележано по ослободувањето од отоманска власт. Во тој период биле купени првите 12 плугови со кои се проширило обработливото земјоделско земјиште, а покрај традиционалните култури биле воведени индустриски култури и ориз.

Од повоените пописи на земјоделството, во 1960 година, селото имало 58 земјоделски стопанства, чиј број на следниот попис во 1969 година се намалил на 38, а во 1991 година на 34. Со падот на населението во селото дошло и до снижување на застапеноста на сточарството како стопанска гранка. Така на пример, во 1931 година, во селото имало 1.036 овци, 1.782 кози и 191 единици крупна стока; три декади подоцна, бројот на овци се зголемил на 1.258 грла, главно како последица на надоместувањето за загубите на козите; но, во 1991 година, поради иселувањето на младото работоспособно население, бројот на овци се намалил на 639 грла.

Денес, вкупната површина на земјоделското земјиште во атарот на селото изнесува 1.101 ха, од кои 586 ха отпаѓаат на пасишта, 444 ха на обработливо земјоделско земјиште, а 71 ха на шуми. Нивите како обработливо земјиште се разместени низ селото, но најмногу се среќаваат во месностите: Гладно Поле, Осојница, Рамниште, Лојзишта, Грамади и Стари Лозја. Снабдувањето се вода се врши од чешми и бунари. Најпознати извори богати со вода се: Селска Чешма, Стамболска Чешма, Смрдливец, Корито и Војнак. Поради природните околности, околу три четвртини од обработливото земјиште и натаму служи за одгледување на пченица, пченка, јачмен, граор и уров. Од индустриските култури, најзастапени се сончогледот, тутунот и во помали количини памукот (главно за домашни потреби). Во минатото, во близина на селото постоела шарлаганица, каде што сончогледот се преработувал во зејтин.

Во август 2014 година, во селото бил пуштен во употреба новозиграден водоснабдителен систем преку кој жителите на селото се снабдуваат со чиста вода за пиење.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948374—    
1953424+13.4%
1961353−16.7%
1971263−25.5%
1981175−33.5%
ГодинаНас.±%
199189−49.1%
199484−5.6%
200248−42.9%
202110−79.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бунеш имало 252 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бунеш имало 292 жители, од кои 280 Македонци и 12 Власи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 48 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 27, а бројот на живеалишта 72.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 252 292 374 424 353 263 175 89 84 48 10

Родови

Населението главно го сочинуваат семејства на староседелци, но во текот на 19 и првата половина на XX век е забележително доселување од соседното село Рајчани, како и од селата Дренак, Калиманци, Луке и Зарапинци. Родови и семејства кои живееле во Бунеш се: Младеновци, Стамболци, Терзијанци, Чавдарци, Бачовци, Тушевци, Калиманци и Јаковци.

Општествени установи

Бунеш: Потекло на името, Географија, Историја 
Училишната зграда во селото

Иако недостасуваат информации за почеток со работа на првото училиште, од достапните податоци може да се заклучи дека во селото работело училиште од втората половина на XIX век. Како учители во тој период се споменуваат Милан Николов (1865-1868), Крсто Јосифов (1868-1888) и Константин Поп Георгиев од Злетово (1888-1891). До Балканските војни учители биле Димитар Христов и Христо Поп Гицов. Веројатно е дека станувало збор за претставници на т.н. „старовремско школо“, при што учителот покрај учителската дејност извршувал и некое друго занимање. Во периодот по Балканските и Првата светска војна, кога целата Злетовска област економски, демографски и културно-просветно опаднала, во селото немало училиште.

По Втората светска војна, повторно е отворено училиште во коешто се одржувала настава до четврто одделение. Училиштето постоело до 1980-тите кога било затворено како резултат на намалениот број на деца поради иселувањето на младото население кон урбаните средини. Училишната зграда е сочувана и денес.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Злетово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Злетово, во која покрај селото Ратавица, се наоѓале и селата Бунеш, Древен, Зеленград, Злетово, Јамиште, Лесново, Луково, Трипутанци, Турско Рудари и Шталковица. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на некогашната општина Турско Рудари, во која влегувале селата Бунеш, Рајчани, Турско Рудари и Трипутанци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1569 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.

Културни знаменитости

Бунеш: Потекло на името, Географија, Историја 
Црквата „Св. Илија“
    Цркви
    Споменици
  • Спомен-плоча посветена на загинати борци (на селската чешма).

Редовни настани

Личности

    Родени во Бунеш

Наводи

Литература

  • Апостолов, Александар. „Злетовска област“. 1973.
  • Симић, Стеван. „Историја кратовске области“. Београд, 1914.
  • „Пописи становништва и домаћинстава 1958-1981. Савезни завод за статистику БГД.

Надворешни врски

Tags:

Бунеш Потекло на иметоБунеш ГеографијаБунеш ИсторијаБунеш СтопанствоБунеш НаселениеБунеш Општествени установиБунеш Самоуправа и политикаБунеш Културни знаменитостиБунеш Редовни настаниБунеш ЛичностиБунеш НаводиБунеш ЛитератураБунеш Надворешни врскиБунешЗлетовско-пробиштипски регионОпштина ПробиштипПробиштип

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Орхан (книга)ПожарЦрна ГораВардарВодно растениеСтевчо ЈакимовскиПридавки во македонскиот јазикФашизамМитологијаВранаКонтинентРак на дојкаСтарецот и моретоРисто СтефановскиАлан Маркес ЛоуреироМојсејСтојан АндовЗанаетчиство во Старата скопска чаршијаБескрајна приказнаСончев СистемГлаголСтар ЕгипетСписок на македонски писателиВелигденХристијан МицкоскиФеникијаСостојба на материјатаЕрнест ХемингвејЕпилепсијаНовак ЃоковиќВолшебното самарчеМакедонски парламентарни избори (2008)Свети Климент ОхридскиПотенцијална енергијаЛоковГеографска картаКралот ЛирБубрегЛимфомБратиславаСтојанче АнгеловОпштина ДебарФиброаденомУС Сасуоло КалчоГетеборгМакедонски хумористични народни приказни (книга)Македонски народни песниВиенаТрстПрисовјаниИзборна единица 5Бедија БеговскаГамеланПринцезата на зрно грашокСолунРоманПеш по светотБезовоАутизамХеродотНачалник на Генералштабот на АРМСедум смртни гревовиКамера опскураПечалбариЛимфоцитПрометејЃорѓи СугаревОпштина Чучер-СандевоМоливАртрозаЧасовникЃурѓовденДванаесет АпостолиГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори, 2011Пере ТошевSARS-CoV-2Зборник на Миладиновци🡆 More