Sars-Cov-2

SARS-CoV-2 (англиски: Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2, во превод: Тежок акутен дишен синдром коронавирус 2) — заразен вирус кој ја предизвикува акутната дишна болест КОВИД-19.

Тежок акутен дишен синдром коронавирус 2
Sars-Cov-2
Sars-Cov-2
SARS-CoV-2 virion
Научна класификација
Колено: incertae sedis
Ред: Nidovirales
Семејство: Coronaviridae
Потсемејство: Orthocoronavirinae
Род: Betacoronavirus
Подрод: Sarbecovirus
Вид: SARS
Синоними
  • SARS-CoV-2
  • Нов коронавирус 2019
  • 2019-nCoV

Овој вирус е причинител за пандемијата од новиот коронавирус. Геномското секвенцирање покажало дека тој е позитивен, едноланчен РНК-коронавирус.

Многуте претходни случаи биле поврзани со големиот пазар на морски плодови и животни во Вухан, Кина, а се смета дека вирусот има животинско потекло. Следењето на генетските секвенци на овој вирус и другите примероци на вируси покажало сличност со SARS-CoV (79,5 %) и коронавирус на лилјаци (96 %). Поради тоа се смета дека потеклото на вирусот најверојатно доаѓа од лилјаци, иако и потеклото од ракови не е исклучено.

Како би се избегнала забуна со болеста SARS, Светската здравствена организација во својте јавни изјави го нарекува вирусот како "вирус кој ја предизвикал болеста COVID-19".

Вирологија

Преносот од човек на човек е потврден во текот на пандемијата на новиот коронавирус SARS-CoV-2. Се пренесува преку дишни капки од кашлање во распон од околу 1,8 m. Заразата може да се пренесе и индиректно преку контаминирани површини.

Исто така е можна и инфекција во текот на инкубацискиот период на вирусот, но тоа сè уште не е докажано во потполност, така што таквата врста на пренесување не е распространета, така да инфекциите се во главном резултат на пренесување на вирусот од пациенти кои имаат вистински симптоми на болеста COVID-19.

Галерија

Електорнски микрографи на SARS-CoV-2

Погледнете исто така

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Sars-Cov-2 ВирологијаSars-Cov-2 ГалеријаSars-Cov-2 Погледнете исто такаSars-Cov-2 НаводиSars-Cov-2 Надворешни врскиSars-Cov-2Англиски јазикВирусКОВИД-19КоронавирусПандемија на КОВИД-19

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Крвен притисокНова алтернативаРибиАрмија на МакедонијаЃурѓовденПере ТошевБели мугриОпштина Македонска КаменицаБроеви во македонскиот јазикСтобиТодор АлександровАлијанса за АлбанцитеЦар СамоилКожичка на пенисТрговско друштвоБубрежна инфекцијаКарлес ПуџдемонЕмпатијаСтадион Рајко МитиќДимитар АпасиевВага (хороскопски знак)Фернандо МагеланХепатитГерманијаМакедонски јазикЛевица (политичка партија)Земја (планета)Албански јазикАфионАнемијаДеменцијаДунавНаташа АндоноваЈужна АмерикаСрцева слабостИлија ФилипчеГолеми и мали (роман)20 април (родени)Венко ФилипчеЈане СанданскиРобинзон КрусоКрвПаркинсонова болестМакедонски парламентарни избори (2020)МачкаИнтеграКучковоДанка ФирфоваДенес над МакедонијаШенка КолозоваПреспански договорБалканска приказна (ТВ-серија)Демократи (политичка партија)ВагинаОбединети Арапски ЕмиратиКочаниЦрнила (драма)ВМРО-ДПМНЕСкиентологијаДискус хернијаПастрмка (риба)АстмаСписок на држави и територии по површинаДаниел ДефоДемократска партија на АлбанцитеМакедонски претседателски избори (2024)Априлско востаниеАли АхметиКомунизамМакедонски парламентарни избори (2016)Град СкопјеАнална фисураМултипла склерозаЧовечко телоПланетаЕдинствена МакедонијаСашо МијалковБилјана Ванковска🡆 More