Полаки: село во Општина Кочани

Полаки — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Полаки
Полаки: Потекло на името, Географија и местоположба, Стопанство

Маалото Бабиште

Полаки во рамките на Македонија
Полаки: Потекло на името, Географија и местоположба, Стопанство
Полаки
Местоположба на Полаки во Македонија
Полаки на карта
Координати 42°02′52″N 22°24′38″E / 42.04778° СГШ; 22.41056° ИГД / 42.04778; 22.41056
Регион Полаки: Потекло на името, Географија и местоположба, Стопанство Источен
Општина Полаки: Потекло на името, Географија и местоположба, Стопанство Кочани
Област Осоговија
Население 29 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13032
Надм. вис. 780-1.110 м
Полаки на општинската карта
Полаки: Потекло на името, Географија и местоположба, Стопанство

Атарот на Полаки во рамките на општината
Полаки: Потекло на името, Географија и местоположба, Стопанство Полаки на Ризницата

Потекло на името

Постои кажување за тоа како селото го добило името. Според него, главно занимање на населението од овој крај било сточарството. Сточарите најчесто своите стада ги паселе покрај речните ливади, т.н. лаки. На прашањето каде ќе бидат утрешниот ден најчесто одговарале „ПО ЛАКИ-те“.

Географија и местоположба

Полаки се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Кочани. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 780-1.110 м. Селскиот атар зафаќа површина од 74,5 км2. Од Кочани е оддалечено 22 км.

Маалата во селото се познати како: Рамно Брдо, Лопен, Борово Брдо, Лисо Брдо, Рамно Нивиште, Скорово, Бабиште, Ширината, Крушка, Суво Брдо, Црвената, Качаник, Касиро, Црешната и други.

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, шумите преовладуваат на површина од 5.742 ха, на пасишта отпаѓаат 1.237 ха, а обработливото земјиште е на површина од 399 ха.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.020—    
19531.140+11.8%
19611.024−10.2%
1971923−9.9%
1981521−43.6%
ГодинаНас.±%
1991279−46.4%
1994245−12.2%
2002113−53.9%
202129−74.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Полаки живееле 500 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Полаки имало 636 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.

Во текот на XX век е забележителен значителен пад на бројот на населените, па така селото преминало од голема во мала населба.

Според пописот од 2002 година, во селото Полаки живеат 113 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 15 Македонци, 1 останат и 13 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 636 1.020 1.140 1.024 923 521 279 245 113 29

Општествени установи

Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава. Освен тоа, во селото има и услужни објекти.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на истоимената општина.

Во XIX век, Полаки било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 872 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.

Културни и природни знаменитости

Полаки: Потекло на името, Географија и местоположба, Стопанство 
Бела Река покрај маалото Река
    Археолошки наоѓалишта
  • Св. Спас — градиште од доцноантичкото време;
  • Селиште — населба и некропола од доцноантичкото време.
    Манастири
  • Полачки манастир.
    Реки
    Цркви
  • Црква „Вознесение Христово“ — манастирска црква;
  • Црква „Св. Петка“ — црква со трпезарија и извор со лековита вода;
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — црква со извор со лековита вода.

Селото во минатото имало неколку цркви кои денес не постојат. Цркви имало кај маалата Бабиште, Суво Брдо и во близина на гробиштата, а во маалото Крушка постоела црква „Св. Илија“.

Личности

    Родени во Полаки
  • Анчо Соколов (? — 1932) — македонски револуционер и деец на ВМРО.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Полаки Потекло на иметоПолаки Географија и местоположбаПолаки СтопанствоПолаки НаселениеПолаки Општествени установиПолаки Самоуправа и политикаПолаки Културни и природни знаменитостиПолаки ЛичностиПолаки ГалеријаПолаки НаводиПолаки Надворешни врскиПолакиКочаниОпштина КочаниОсоговија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПсоријазаСвети Наум (манастир)Сашко КедевПресметување на датумот на ВелигденВасил ТупурковскиПредмет (граматика)Македонски претседателски избори, 1999Младотурска револуцијаБедија БеговскаЦрн дробАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаГрегоријански календарИшијасГлас за МакедонијаШахСвети Кирил и МетодијМултипла склерозаОпштина ЧаирХрватски месециПтициПрекршување (физика)Драган Павловиќ ЛатасГеографија на ГрцијаОпштина Гази БабаДаниел ДефоСписок на македонски филмовиЛешокИлинка МитреваПиреј (роман)Општина Старо НагоричанеАзотГрипЕстивацијаБлогВоен конфликт во Македонија, 2001Ајфелова кулаРоманијаБор (дрво)КокошкаАнемијаЈордан МијалковВтора влада на Бранко ЦрвенковскиОпштина ТетовоВејцеГранична проверкаБерлинЛеќаСвета ПеткаОпштина БрвеницаПразници во мајБРИКСБременостЕдинствена МакедонијаМакедонски СловениСвети ГеоргиИзборна единица 4Општина ГостиварКалендар на Велигденски датумиМакедонски АлбанциКрешник БектешиКомунизамМакедонски народни инструментиИзборна единица 3Љупчо ДимовскиДиво месо (драма)Балканска приказна (ТВ-серија)Мали сипанициЧешкаСлезинаБелгијаДаме ГруевЛеукемијаМакедонски парламентарни избори (1994)Социјалдемократија26 априлШвајцарија🡆 More