Леќа

Леќа („кујнска леќа“ или „обична леќа“; англиски: Lens culinaris) — грмушесто едногодишно растение од семејството на бобови (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура.

Леќа
Леќа
Три сорти леќа
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Леќа
Вид: Кујнска леќа
Научен назив
Lens culinaris
Medikus
Леќа
Леќини растенија пред цветање

Достигнува 40 см во висина и има обично по две сплеснати семки сместени во мешунка.

Човекот ја користи леќата за исхрана уште од предгрнчарскиот период на новото камено време и со тоа е една од првите припитомени растителни култури на Блискиот Исток. Археолошките наоди укажуваат на нејзина употреба пред 9.500 до 13.000 години.

По боја, леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна. Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели.

Леќа
Ботаничка илустрација на леќата од 1885 г.

Хранлива вредност и здравствени особини

Леќа, сирова
Хранлива вредност на 100 г
Енергија1,477 kJ (353 kcal)
60 г
Шеќери2 г
Влакна3,1 г
Масти
1 г
26 г
Витамини
Тиамин 1)
(76 %)
0,87 мг
Рибофлавин 2)
(18 %)
0,211 мг
Ниацин 3)
(17 %)
2,605 мг
Пантот. кис. 5)
(42 %)
2,120 мг
Витамин Б6
(42 %)
0,54 мг
Фолна кис. 9)
(120 %)
479 μг
Витамин Ц
(5 %)
4,4 мг
Минерали
Калциум
(6 %)
56 мг
Железо
(58 %)
7,54 мг
Магнезиум
(34 %)
122 мг
Фосфор
(64 %)
451 мг
Калиум
(20 %)
955 мг
Натриум
(0 %)
6 мг
Цинк
(50 %)
4,78 мг
Други состојки
Вода10,4 г

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Со приближно 30% од калориите во белковински облик, леќата го зазема третото место по застапеност на белковини по единица тежина од сите зрнести, оревести и мешункасти плодови, веднаш по сојата и конопот. Во белковините се застапени есенцијалните аминокиселини изолеуцин и лизин. Како таква, леќата има голема улога како важен извор на белковини кај земјите од Западна Азија и Индискиот Потконтинент кои имаат големо вегетаријанско население. Од друга страна, растението е недостатно на две еденцијални аминокиселини: метионинот и цистеинот.

Леќата содржи и прехранбени влакна, фолна киселина, витамин Б1 и минерали. Црвената (или розова) леќа има пониска концентрација на влакна од зелената (11% наспроти 31%). Важи за мошне добар извор на железо. Една шолја сварена леќа задоволува преку половина од дневната потреба од железо кај човекот.

Бидејќи леќата има мали количества на лесносварлив скроб (5%), а доста бавносварлив скроб (30%), таа е особено погодна за лица со шеќерна болест. Останатите 65% се отпорен скроб од класата RS1, кој е висококвалитетен отпорен скроб со 32% амилоза.

Леќата има и извесни противхранлици чинители, како што се трипсински забавувачи и релативно големата количина на фитати. Трипсинот е ензим со улога во варењето на храната, а фитатите ја намалуваат биорасположивоста на прехранбените минерали. Количеството на фитати може да се намали со чување на леќата во топла вода одвечер.

Производство

Леќа 
Производство на леќа во светот

Растението се одгледува ширум целиот свет и е релативно отпорно на суша. Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО) во 2009 г. во светот се произведени 3,917 милиони тони леќа, од кои најголемиот дел во Канада, Индија, Турција и Австралија.

Во Република Македонија производството на леќа бележи голем пад во последните две децении. Во 2007 г. се произведени 87 тони, споредено со 177 тони во 1999 г. и 254 тони во 1992 г.

Околу една четвртина од леќата во светот се произведува во Индија и речиси сета се троши на домашниот пазар. Канада е најголем извозник на леќа во светот, при што 99% од неа се произведува во Саскачеван. Во сезоната 2009/10 во земјата се произведени рекордни 1,5 милиони тони. Најзастапена сорта е светлокафеавата.

10 најголеми производители на леќа (во тони)
Место Земја 2010 2011 2012
1 Леќа  Канада 1.947.100 1.531.900 1.493.620
2 Леќа  Индија 1.031.600 943.800 950.000
3 Леќа  Австралија 140.000 379.659 463.000
4 Леќа  Турција 447.400 405.952 438.000
5 Леќа  САД 392.675 214.640 240.490
6 Леќа    Непал 151.757 206.969 208.201
7 Леќа  Етиопија 80.952 128.009 151.500
8 Леќа  НР Кина 125.000 150.000 145.000
9 Леќа  Сирија 77.328 112.470 130.229
10 Леќа  Иран 100.174 71.808 85.000
Цел свет 4.686.673 4.386.870 4.522.097
Извор: Организација за исхрана и земјоделство на ООН

Поврзано

  • Дал (јадење)
  • Зрнеста култура

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Леќа Хранлива вредност и здравствени особиниЛеќа ПроизводствоЛеќа ПоврзаноЛеќа НаводиЛеќа Надворешни врскиЛеќаАнглиски јазикБобовиЕдногодишно растение

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина ТетовоСпоменка (книга)КонтинентЗНАМЃорче ПетровЕгејска МакедонијаСојузни држави на САДОхридски топчест сунѓерМакедонциОбединети за МакедонијаНова социјалдемократска партијаАнтичка МакедонијаПржински договорУнгаријаКарлес ПуџдемонМакедонија во металното времеВтора влада на Бранко ЦрвенковскиИзборна единица 5Бекир ХалимиЛевица (политичка партија)Национален парк ГаличицаЛевица (политика)НАТОДемократи (политичка партија)Бубрежен каменРевматоиден артритисМакедонски парламентарни избори (2011)Демократска алтернативаРак на грлоРак на дојкаАрмија на МакедонијаИлинденско востаниеСписок на градови во ГерманијаВелко НеделковскиЗборник на МиладиновциВесна БендевскаТунисГалебот Џонатан ЛивингстонРисМакедонски парламентарни избори (1994)Воен конфликт во Македонија (2001)КубаМенструален циклусТоше ПроескиСписок на македонски народни поговоркиГлас за МакедонијаТапаниОхридско ЕзероДен на ослободувањето (Италија)ПапратОслободителна народна армијаРусијаТумор на мозокМоскваНикола ГруевскиВодаПолжавиРесенСписок на архаични зборови во македонскиот јазикРомантизамГајдаБраќа МиладиновциМакедонски парламентарни избори (2002)Никола Димитров (дипломат)Митко ЧавковМакедонски претседателски избори, 2004Никола КаревСтрептококен фарингитисИзборна единица 2Цар СамоилСедум светски чуда на античкиот светМакедонски месециМустафа Кемал АтатуркМакедонски парламентарни избори, 2011МиланоАвантурите на ПинокиоЗагадување на воздухотБранко Црвенковски🡆 More