Јом Кипур

Јом Кипур (хебрејски: יוֹם כִּפּוּר, „Ден на покајание“) — еврејски празник, кој го означува последниот 10-ти ден од еврејската Нова година.

Јом кипур
{{{holiday_name}}}
„Евреи како се молат во синагога на Јом кипур“ (1878) од Маврициј Готлиб
Го празнува(ат)Евреи, Самарјани и некои христијански групи
Видеврејски
Значењеискупување на личните и националните гревови, судбината на секој поединец е запечатена за престојната година
Датум10 тишри
Обичаипост, молитва, воздржување од телесни задоволства, воздржување од работа
ПоврзаноРош ашана (пред Јом кипур)
Ашура во исламскиот календар
Прочка

Значење

Ова е празник на прошката за гревовите. Во текот на десетте дена од еврејската Нова година до почетокот на Јом кипур, човекот кој погрешил треба да отиде кај човекот кому му направил неправда и од него да побара прошка, да каже дека се кае и да плати отштета во висина од 20% до работата која евентуално била одземена од другиот. Притоа, грешникот не може да побара некое општо простување од Бога, туку прошката треба да се добие директно од оној кому му е нанесен гревот. Деновите од еврејската Нова година до Јом кипур се нарекуваат „страшни денови“ во кои времето треба да се поминува во молитва и да се прават добри дела.

Славење

Прославувањето на празникот не може да почне додека не се соберат најмалку десет машки глави, постари од 13 години. Јом кипур се прославува 25 часа во текот на кои верниците не треба да јадат ниту да пијат. Цереминијата започнува непосредно пред зајдисонце, кога Евреите палат свеќи во своите домови, по што заминувааат во синагогата, каде што започнува вечерната молитва. Притоа, луѓето се облечени во бело како симбол на чистотата и не смеат да носат никаква кожна облека или обувки. Во синагогата се изнесуваат свитоци од Тората и започнува молитвата наречена „Сите завети“. При нејзиното траење често се повторува зборот „видуи“, што значи признавање на гревот и се наведуваат сите можни престапи кои може да ги направи еден човек или заедница. Притоа, се бара простување и за народот и за себе, лично.

По службата, луѓето се враќаат дома, а утрото започнува утринската молитва (најдоцна до девет часот), а по неа следат уште четири молитви во попладневните и вечерните часови. Последната молитва се одржува пред зајдисонце и таа е најинтензивна, зашто се верува дека тогаш се затвораат небесните порти низ кои треба да помине молитвата. Потоа се слуша звук на рог од овен (шофар), со што симболично се означува крајот на празникот. Со тоа завршува постот, а верниците се послужуваат со колачиња, чај и бело кафе.

Статус во Македонија

Првиот ден на Јом кипур е официјален празник и неработен ден за припадниците на еврејската заедница во државата.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Јом Кипур ЗначењеЈом Кипур СлавењеЈом Кипур Статус во МакедонијаЈом Кипур ПоврзаноЈом Кипур НаводиЈом Кипур Надворешни врскиЈом КипурЈудаизамЕврејска Нова годинаХебрејски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“Христо УзуновМакедонски ВласиМакедонски парламентарни избори, 2011Љубомир ФрчкоскиЗагадување на водатаМакедонски месециЈапонијаЈоаким КрчовскиДајреРајко ЖинзифовЛила СтојановскаДемократи (политичка партија)Виртуелна машинаМакедонски претседателски избори (1999)Поштенски броеви во МакедонијаВанчо НиколескиГрадинарствоЧетврта влада на Никола ГруевскиБукурешки договор (1913)Оливера НиколоваБременостТристан и ИзолдаНеутрализацијаФилип ПетровскиСрпска пропаганда во МакедонијаМагнетна резонанцијаМакедонски парламентарни избори (1990)Придавки во македонскиот јазикДемократска партија на Србите во МакедонијаСписок на реки во МакедонијаДемократска обнова на МакедонијаИзборна единица 5ЏезПартија за целосна еманципација на РомитеВиножитоВлада на Љубчо ГеоргиевскиЕвропска УнијаРак на белите дробовиДаме ГруевСреден векСкржавецот (Плавт)Обединето КралствоЕволуција на човекотПодржи КоњОпштина ВрапчиштеЕвропаСписок на градови во МакедонијаПолитички спектарКрешник БектешиПрирокСамоилово ЦарствоКрал МаркоTrackBackМакедонски претседателски избори (2024)Советски СојузТурцијаКамен мост (Скопје)Галебот Џонатан ЛивингстонРомео и ЈулијаДвижење БесаСкопско КалеВселенаЛимфомДемократска партија на АлбанцитеДимитар КовачевскиЖирафаНова алтернативаБолести и аномалии на очитеЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеДропкаМакедонска азбукаСинонимИндонезијаВикипедија на македонски јазикАна ФранкВитамин Б6🡆 More