Географија

Географија (од старогрчки: γεω „земја“ и γραφία „опишува“) или земјопис — описна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја.

Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на Земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата.

Географија
Физичка географска карта на Земјата.

Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на трговијата и морепловството, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на големите географски откритија. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како Старите Грци, Арапите, Старите Римјани и други. Од последниве, најистакнати географи биле Птоломеј и Страбон. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на Македонија.

Во најопшта смисла, географијата се дели на општа и регионална (посебна). Навлегувајќи во различните сфери од нејзиното проучување, условило нејзина поделба на повеќе географски дисциплини, како што се:

  • Физичка географија, чијшто предмет на проучување се физичките особини на Земјата (релјеф, светско море и слично)
  • Палеогеографија, која го проучува геолошкото минато на планетата Земја
  • Биогеографија, интердисциплинарна наука меѓу географијата и биологијата, а ја проучува разместеноста на живиот свет на Земјата
  • Педогеографија, чијшто предмет на проучување е разместеноста на почвите на Земјата
  • Геоекологија, која е интердисциплинарна наука на географијата и екологијата
  • Картографија, или цртање на географски карти (мапи), наука која ја претставува Земјината површина на географска карта или глобус
  • Хумана географија, која го проучува стилот и начинот на живот на човекот во одреден регион или држава, како и неговата стопанска дејност
  • Политичка географија, ја опишува политичката поделба на светот
  • Економска географија, ја проучува и опишува разместеноста на природните богатства на Земјата

и други дисциплини.

Наводи

Надворешни врски

Институт за географија-ПМФ Скопје Архивирано на 26 февруари 2021 г.

Tags:

АтмосфераЖивотниЗемјаНаселениеНаукаПланетаРастенијаСтарогрчки јазикСтопанство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Сојуз на комунистите на МакедонијаСписок на македонски народни поговоркиПравопис и правоговор на македонскиот јазикКрива ПаланкаСрбијаГрцијаПравоаголникЦрнила (драма)Список на македонски зборови од турско потеклоСпомен-куќа на Мајка ТерезаРазловечко востаниеМакедонски хумористични народни приказни (книга)Национални паркови во МакедонијаСузана СпасовскаМарко ЦепенковХристијанствоФК Слога ЈугомагнатБразилРамазанБубрежна инфекцијаПотрошувачПирамида (геометрија)Германска граматикаАнархизамЃорѓија СајкоскиМакедонска револуционерна организацијаМовСпоменик на слободата (Рига)ЕкосистемОпштина СарајАлбер КамиМасакр кај ВејцеМакедонски народни носииСтрумицаКратовоСветско населениеТом СоерЕфект на стаклена градинаКрпен животВртоглавицаТодор АлександровШестаголникИндијаЦистична фиброзаРоманијаСтругаStaphylococcus aureusАнтичка МакедонијаЛазар КолишевскиИзборна единица 5ДунавАртритисЧир на желудникотТелефонК-15ЕнциклопедијаСвети Наум (манастир)Пустина (роман)ХиндуизамИнтеграГоран СтефановскиРимска култураБорис ТрајковскиСабина Ајрула-ТозијаКонтинентТунисГабаТриаголникШвајцаријаЕлектролитПајак (пејач)ФК Манчестер СитиЃомлезеМесопотамијаГордана Силјановска-ДавковаОсумаголник🡆 More