Мамут

Мамут (науч.

Мамут
Еукариоти

Живееле од времето на плиоценот (пред 5 милиони години) до холоценот (пред 4500 години). и му припаѓале на семејството Слонови, каде спаѓаат и двата рода на денешни слонови и нивните предци.

Мамут
Период: ран плиоцен - среден холоцен
Мамут
Стадо волнени мамути во северна Шпанија за време на плеистоценот
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Сурлари
Семејство: Слонови
Род: Мамути
Brookes, 1828
Типски вид
волнен мамут
(Blumenbach, 1799 [првично: Elephas])
Видови
  • M. subplanifrons - африкански мамут
  • M. africanavus - северноафрикански мамут
  • M. meridionalis - јужен мамут
  • M. sungari - сунгарски мамут
  • M. trogontherii - степски мамут
  • M. imperator - царски мамут
  • M. columbi - колумбиски мамут
  • M. exilis - пигмејски мамут
  • M. primigenius - волнен мамут
  • M. lamarmorae - сардински џуџест мамут
  • Mammuthus hayi

Опис

Мамут 
Степски мамут

Како и нивните денешни сродници, мамутите биле прилично големи. Најголемиот пронајден примерок е висок околу 4 м и тежи 8 тони, а се смета дека особено големите единки достигнувале 12 тони. Меѓутоа, највеќето видови мамути биле големи колку денешните азиски слонови. Врз основа на проучувањата на современите слонови, утврдено е дека мамутите веројатно имале период на бременост од 22 месеци и раѓале по едно младенче. Нивната општествена структура веројатно била иста како кај африканските и азиските слонови, каде женките живеат во стадо предводено од матријарх, додека мажјаците, достигнувајќи полова зрелост, живееле како самци или во слободни групи.

Изумирање

Мамут 
Скелет на колумбиски мамут во музејот „Пејџ“ во Лос Анџелес

Волнениот мамут е последниот вид од родот Мамути. Најголем број волнени мамути од Северна Америка и Евроазија, како и колумбиските мамути во Северна Америка изумреле за време на последното повлекување на ледниците, како дел од масовното изумирање на плеистоценската мегафауна во тие подрачја. Сè до неодамна се сметало дека последните волнени мамути исчезнале од Европа и Јужен Сибир пред 12.000 години, но најновите наоди укажуваат дека ова се случило пред околу 10.000 години. Малку подоцна, волнените мамути исчезнале и од континентален (среден) Сибир. Мал број на единки преживеале на островот Свети Павле во Алјаска сè до 3750 п.н.е.,, а малите мамути на Врангеловиот Остров преживеале до 1650 п.н.е. Неодамнешните иследувања на наносите во Алјаска укажуваат на тоа дека мамутите конечно ги снемало на американското копно пред 10.000 години.

Досега стручњаците немаат дојдено до единствен конечен одговор за нивното исчезнување. Некои сметаат дека значаен удел имал трендот на затоплување (холоцен) кој започнал пред 12.000 години, заедно со повлекувањето на ледниците и накачувањето на морското ниво. Поради ова, степите и честаците прераснале во шуми. Меѓутоа, овие климатски промени не биле нова појава. Во текот на леденото време, во последните неколку милиони години се случиле голем број на мошне слични затоплувања без да влијаат на мегафауната. Затоа, климата сама по себе не претставува одлучен фактор во изумирањето. Проширувањето на понапредните луѓе во северна Евроазија и Америка веројатно одиграло значајна улога.

Дали мамутите изумреле поради климата или поради истребување од луѓето е спорна проблематика. Според друга теорија, мамутите ги зафатила опасна заразна болест. Можно е изумирањето да се должи на комбинација од климатските промени и истребување од луѓето. Познато е дека праисторискиот човек хомо еректус се хранел со мамути уште од пред 1,8 години. Наоди во Украина укажуваат на тоа дека неандерталците правеле живеалишта мамутски коски.
Врз основа на остатоците од смрзнатите мамути правени се обиди за нивно „оживување“. Така, со помош на генетско инженерство, научниците од Универзитетот во Харвард успеале да извлечат и да обработат гени од смрзнати остатоци од волнениот мамут при што успеале да вградат 45 гени од мамутот во клетка на азиски слон.

Поврзано

Наводи

Tags:

Мамут ОписМамут ИзумирањеМамут ПоврзаноМамут НаводиМамутБивнаВид (биологија)Изумрен видМансиски јазикНауч.ПлиоценРод (биологија)Рус.Холоцен

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Алиса во земјата на чудатаЛиберално-демократска партијаШенген-зонаМакедонски народни инструментиОпштини во МакедонијаЕлектрична струјаПремиер на МакедонијаЖолчкаУкраинаБарселонаИсторија на Евреите во ГрузијаЗаменки во македонскиот јазикЛимфомВторична структура на нуклеинските киселиниАлександар IПечалбариТурцијаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаВтора светска војнаРециклирањеМакедонска крвава свадбаДимитар Ковачевски21 ЛутецијаХабл (вселенски телескоп)Константин МиладиновДржавни празници во БугаријаТаџикистанРак на грло на маткаВикипедија на македонски јазикБроеви во македонскиот јазикОпштина БитолаБеровоВаршавски договорЗлатоКристофер КолумбоУнгарија во Втората светска војнаСписок на македонски писателиЕгзистенцијализамЗурла (македонска)ХипертензијаПипи Долгиот ЧорапАрхимедСпоменка (книга)Оливера ТрајковскаСписок на држави по населениеАтанас ВангеловПере ТошевСписок на птици во МакедонијаСтрушки вечери на поезијатаДишењеОптичка мамкаОлимписки боговиАутизамХорБакарФиладелфијаМесопотамијаТитан (месечина)ЕстрогенЛогаритамМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаАнгкор ВатЛазар Ристовски (глумец)ЕнзимКурдиГаличка свадбаСмесаБахреинОпсада на Ерусалим (1187)Република БугаријаПартија за движење на Турците во МакедонијаАДХДМакедонска револуционерна организацијаРомео и ЈулијаГлаголицаОптички кабелЈамајка🡆 More