Мизија: историска област на Балканот

Мизија (латински: Moesia) била римска провинција и историски регион во југоисточниот дел на Европа.

Горна Мизија (Moesia Superior), о. 125
Горна Мизија (Moesia Superior), о. 125
Долна Мизија (Moesia Inferior), о. 125
Долна Мизија (Moesia Inferior), о. 125
Мизија: Положба, Наводи, Галерија
Грбот на Мизија од „Стематографија“ на Христофор Жефарович

Положба

Името „Мизија“ доаѓа од тракиското племе Мизи. На југ, регионот граничи со планинската верига Хемус (Стара планина), на север со Дунав, на запад со реките Дрина и Сава, и на исток со Црно Море. Мизија ти опфаќа денешните Северна Бугарија, Источна Србија, романска Северна Добруџа и Скопската Котлина во Македонија.

Поделба

Мизија била формирана како посебна заедница кон 6 година од н.е. Во 85-86 година император Домицијан ја поделил Мизија на два дела - Горна и Долна. Граница меѓу двете новоформирани провинции била река Цибрица во денешната Монтанска област. Територијата на провинцијата Долна Мизија ја опфаќала денешна Северна Бугарија (без Видинската област и дел од Монтанската област) со денешна романска Добруџа. Територијата на Горна Мизија ја опфаќала на запад денешна Источна Србија и Косово, на југ денешна Северна Македонија, на исток денешните Перничка област и Ќустендилска област на Бугарија, а на север граница била река Дунав. Дарданија (вклучувајќи ја денешна Северна Македонија до Билазора) до крајот на III век била дел од Горна Мизија, но кон крајот на III век, истата станала посебна римска покраина која граничела со покраината Дакија. Населението на Горна Мизија веројатно е било од западно тракиско потекло, бидејќи жителите на Скупи се говорели на јазикот на племето Беси.

Западната граница на Античка Македонија започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија. Северната граница на Античка Македонија, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес, по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина. Северната граница на Античка Македонија, подоцна била граница помеѓу римските провинции Македонија и Горна Мизија,, меѓутоа оваа граница била и граница меѓу две култури: источна (хеленска) и западна (латинска).

Кичевската котлина и Полог до неодамна погрешно се ставаа во провинцијата Горна Мизија, спротивно од податокот на географот Птолемај дека овој дел влегувал во провинцијата Македонија. Плиниј истакнува дека Дасаретија се протегала на север од Епир сè до дивите барбари Дарданците. Полошката и Кичевската котлина влегувале во македонската област Дасаретија.

Денес Мизија нема никаков политички или административен статус во Бугарија и Србија. Називот се употребува воглавно во историски контексти.

Наводи

Галерија

Белешки

  • а Ова е карта што датира од поодамна, на која местоположбата на Скопје (Scupi) е погрешна. Исто така, границите на Горна Мизија не се прецизни (не соодветствуваат со описот во статијата).

Надворешни врски

Предлошка:Покраини во Римското Царство (4-7 век)

Tags:

Мизија ПоложбаМизија НаводиМизија ГалеријаМизија БелешкиМизија Надворешни врскиМизијаЕвропаИсторијаЛатински јазикРегионРимска провинција

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Изборна единица 5СипанициПролетКиселинаЛибијаРаички манастирДевојката со бисерна обетка (филм)ПеперугиФудбалОпштина ДојранЈудаизамМакедонски ВласиОпштина ЛозовоПрисовјаниБедија БеговскаЕлектричен автомобилЧовечко телоКрвен притисокЈаспер де БејстСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаПолип на маткатаГоран БреговиќБугаријаЕлектричен отпорНова алтернативаОпштина ВрапчиштеМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Црн дробДенес над МакедонијаПротестантствоПовикот на дивинатаСложена реченицаСписок на планини во МакедонијаХерпесИндијаЗатемнување на СонцетоНаталитетОпштина БитолаОктомвриска револуцијаКалендар на Велигденски датумиЖивко ЧингоФизикаМакедонска граматикаЃорѓи СугаревГерманијаЕлектрицитетВртоглавицаЧовекРепродуктивен системЗемјотресДемографија на МакедонијаРимско ЦарствоПингвинХеродотСјогренов синдромГордана Силјановска-ДавковаСедум светски чуда на античкиот светБраќа МиладиновциЕлектрична енергијаОсновен приходМакедонскиБарешаниИлузијаМатичен млечДерматитГалијаБледски договор (1947)ПоезијаМерилендДискус хернијаОпштина СтругаМултипла склерозаВикипедија на македонски јазикЛионел МесиШенка КолозоваЗемја (планета)Десет Божји заповедиСостави на репрезентациите на Копа Америка 2019🡆 More