Дунав: река во Европа

Дунав (гер.

45°13′3″N 29°45′41″E / 45.21750° СГШ; 29.76139° ИГД / 45.21750; 29.76139

Donau, слов. Dunaj, унг. Duna, ром. Dunărea, хрв. Dunav, ср. Дунав, укр. Дунай) — втора најдолга река во Европа по Волга.

Дунав
Donau, Dunaj, Dunărea, Donava, Duna, Дунав, Dunav, Дунáй, Dunay
Река
Дунав: Историја, Притоки, Сообраќај
Дунав во Виена
Земји Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Молдавија, Украина, Романија
Градови Улм, Инголштат, Регенсбург, Линц, Виена, Братислава, Ѓер, Будимпешта, Вуковар, Нови Сад, Белград, Русе, Дробета Турну-Северин, Орсова, Браила, Галати
Главен извор Брег
 - место Мартинскапеле, Шварцвалд, Германија
 - височина 1.078 м
 - должина
 - координати 48°05′44″N 08°09′18″E / 48.09556° СГШ; 8.15500° ИГД / 48.09556; 8.15500
Спореден извор Бригах
 - местоположба Санкт Георген, Шварцвалд, Германија
 - височина 940 м
 - должина
 - координати 48°06′24″N 08°16′51″E / 48.10667° СГШ; 8.28083° ИГД / 48.10667; 8.28083
Влив на изворите
 - местоположба Донауешинген
 - координати 47°57′03″N 08°31′13″E / 47.95083° СГШ; 8.52028° ИГД / 47.95083; 8.52028
Утока Делта на Дунав
 - координати 45°13′3″N 29°45′41″E / 45.21750° СГШ; 29.76139° ИГД / 45.21750; 29.76139
Должина 2.860 км
Слив 817.000 км2
Истек во пред делтата
 - просечен 6.500 м3
Истек на др. места (просечен)
 - Пасау 580 м3
30км пред градот
 - Виена 1.900 м3
 - Будимпешта 2.350 м3
 - Белград 4.000 м3
Карта на реката Дунав
Карта на реката Дунав
Карта на реката Дунав

Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, каде што две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донауешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.

Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина. Минува низ повеќе главни градови и тоа: Виена, Братислава, Будимпешта, Белград.

При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.

Историја

Реката Дунав секогаш била важна врска меѓу Западна Европа и Црно Море. Во III век таа е северна граница на Римското Царство (и на латински е наречена Danubius), а тврдините, изградени на бреговете, служеле за заштита од нападите на Готите, Хуните и Словенските племиња. Подоцна Дунав бил пат за достап до Цариград. Крстоносците ја користеле реката како транспортна артерија за походите до Светите места.

Реката Дунав започнува да се користи како трговска врска во XVIII век. Марија Тереза, царицата на Австрија од Хабсбуршката династија, формира комисија, која го регулира пловењето по реката. Во XIX век Дунав се претвора во важна трговска врска меѓу Западна Европа и земјите од Балканскиот Полуостров.

Притоки

Дунав станува пловна река, откако прима многу алпски притоки. Околу 30 од нејзините 300 притоки исто така се пловни. Поважни се: Ин, Морава, Драва, Тиса, Сава и Прут. Длабочината на Дунав на места е повеќе од 30 м. За време на месеците мај и јуни реката е најполноводна. Во зима над реката се образуваат густи и непрогледни магли, а поради ниските температури површинските слоеви замрзнуваат.

Сообраќај

Реката Дунав е важен меѓународен воден пат. Тој е определен од Европската Унија за трансевропски транспортен коридор № 7. Тој минува низз 9 држави.

Некои големи градови, кои се расположени на реката, се:

Културно значење

Дунав како тема во уметноста и во популарната култура

Некои дела од областа на уметноста и популарната култура ја обработуваат реката Дунав, како на пример:

  • „Дунав“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.
  • „Големиот господин Дунав“ (Велики господин Дунав) - песна на српскиот поет Васко Попа.
  • „Ивчистил се бел Дунав избистрил се“ - македонска народна песна.
  • „Рано ранила Петкана“ - македонска народна песна.
  • „На убавиот син Дунав“ (An der schönen, blauen Donau) - валцер на австрискиот композитор Јохан Штраус.

Наводи

Tags:

Дунав ИсторијаДунав ПритокиДунав СообраќајДунав Културно значењеДунав како тема во уметноста и во популарната култураДунав НаводиДунавВолгаЕвропаРека

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина СтуденичаниСрбијаЗијадин СелаМоликаСтругаЦар СамоилГаличникСписок на македонски народни поговоркиОпштина ПласницаПДПРадовишДиво месо (драма)Средоземно МореКомуњарОпштина Ново СелоОпштина РесенПрва светска војнаЗагрозен видАртан ГрубиКафеава мечкаВакцина против тетанусКлеопатра24 априлЧорбаџи ТеодосПустина (роман)Меѓународен ден на трудотМетодија Андонов-ЧентоМакедонски парламентарни избори, 1990МенингитисГ’зим ОстрениДржавни празници во БугаријаОпштина ОхридАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаАнтоан де Сент ЕгзипериКрушевска РепубликаОпштина ПрилепАутизамДојранско ЕзероУругвајРадождаБобан ТрајковскиМакедонски КонцептЛазар МојсовШестаголникЗнаме на МакедонијаЛесновски манастирВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Тимчо МуцунскиБугаријаМртво МореШпанијаМакедонски парламентарни избори (2011)Европска УнијаХари КостовДанте АлигиериЖолто МореОтоманска МакедонијаМарк ТвенДимитар АпасиевМакедонска крвава свадбаАли АхметиИзборна единица 9АлбанијаАзијаНова социјалдемократска партијаЦентар ЖупаЈордан КамчевМакедонски парламентарни избори, 1994Александар ШехтанскиБРИКССеверномакедонско наречјеКорозијаНикола ТеслаБитолаИсус ХристосСоцијалистичка Република МакедонијаФранческо Петрарка🡆 More