Перу

Перу (шпански: Perú, кечуански: Piruw, ајмарски: Piruw), официјално Република Перу ( República del Perú, Piruw Suyu, Piruw Republika) е независна држава која се наоѓа во западниот дел на Јужна Америка.

Перу се граничи со Еквадор и Колумбија на север, со Бразил на исток, со Боливија на југоисток, со Чиле на југ и на запад излегува на Тихи Океан.

Република Перу
República del Perú (шпански)
Piruw Republika (кечуански)
Piruw Suyu (ајмарски)
Перу Перу
Знаме Грб
Химна"Himno Nacional del Perú"

Печат:
„Голем печат на државата“ (Gran Sello del Estado) Перу
Перу
Местоположба на Перу
Главен градЛима
12°2.6′S 77°1.7′W / 12.0433° ЈГШ; 77.0283° ЗГД / -12.0433; -77.0283
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански1
Народности  45% староседелци, 37% мешани, 15% белци, 3% црнци, Азијци
Демоним Перуанци

(Перуанец/Перуанка)

Уредување претседателска република
 •  Претседател Дина Болуарте
 •  Заменик претседател
 •  Премиер непополнето
Независност од Шпанија 
 •  Објавена 28 јули 1821 
 •  Консолидирана 9 декември 1824 
 •  Призната 14 август 1879 
Површина
 •  Вкупна 1,285,216 км2 (20-та)
 •  Вода (%) 8.8
Население
 •  проценка за 30 јуни 2009 г. 29.132.013 
 •  Попис 2007 28.220.764 
 •  Густина 22 жит/км2 (193-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $272.560 милијарди 
 •  По жител $9.223 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $139.502 милијарди 
 •  По жител $4.720 
Џиниев коеф. (2012)positive decrease 45.3
среден · 35та
ИЧР (2013) 0.737
висок · 82ра
Валута Нов сол (PEN)
Часовен појас ПВ (UTC-5)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC)
Се вози на десно
НДД .pe
Повик. бр. +51
1. во пределите каде се доминантни староседелски јазици и тие се официјални, како на пример кечуански, ајмарски и други.

Територијата на Перу била татковина на цивилизацијата Норте Чико, една од најстарите во светот и на Имепријата на Инките, најголемата држава на територијата на Јужна Америка пред колонизацијата. Шпанското царство ја освоила територијата во 16 век и го основале Вицекралството Перу во чиј склоп влегле поголемиот број земји колонизирани од Шпанија во тој дел од Јужна Америка. По независноста на Перу, државата подлегнала на поголем број нестабилности и економски кризи, но исто така имала и стабилни и просперитетни периоди.

Перу е демократска република поделена на 25 региони. Географијата на Перу варира од рамнини во близина на крајбрежјето до високи планини и врвови на исток и тропски шуми во Амазонскиот басен. Државата е во развој со среден индекс на развој и ниво на циромаштија од 40%. Главните економски ресурси се земјоделството, рибарството, рударството и производството на текстил и други суровини.

Населението на Перу брои 28 милиони луѓе и е мултиетничко општество, со значаен број на староседелско население, европски доселеници, африканско население и Азијци. Доминантниот јазик во државата е шпанскиот јазик, иако има голема застапеност на кечуански, ајмарски и останати староседелски јазици.

Потекло на поимот

Името „Перу“ (Peru) потекнува од зборот „Биру“ (Birú), име на локален владетел кој живеел во близина на Заливот Сан Мигел во Панама во раниот 16 век. Кога тој бил посетен од шпанските истражувачи во 1552, тие биле на најјужниот дел познат за Европејците. Кога Франсиско Писаро започнал да ги истражува регионите уште појужно, тие го создале регионот Биру или Перу. Шпанија му дала на регионот и името Правен статус во 1529 и со тоа Империјата на Инките потпаднала под власта на покраината. По независноста, Биру или Перу го задржал своето име.

Историја

Перу 
Мачу Пикчу, „Изгубениот град на Инките“.

Најраните докази за човековото постење на територијата на Перу датираат од пред 11.000 година п.н.е. Најстариот комплексен систем на живеење во Перу е цивилизацијата Норте Чико, која се протегала покрај Тихиот Океан и опстојувала помеѓу 3000 и 1800 година п.н.е. Овие докази се пронајдени во археолошките наоѓалишта Чавин, Паракас, Мочика, Наска, Вари и Чиму. Во 15 век, Инките се воздигнале и станале најсилна империја во регионот и најголемата империја на Јужна Америка пред доаѓањето на Европејците. Андските општества биле засновани врз земјоделието, користејќи системи на наоводнување современи за тој период.

Во 1532, група конкистадори предводени од Франсиско Писаро ги поразил Инките и воспоставил шпанска контрола. Десет години подоцна, шпанската круна ја основала „Вицекралството Перу“ во чии рамки влегле поголем дел јужноамерикански територии. Перу бил значајна територија на Шпанија поради производството и трговијата со сребро и поради добрата трговска мрежа.

Во раниот 19 век, додека останатите јужноамерикански држави се бореле за независност, Перу останал лојален кон кралот. Независноста на Перу била стекната со воените походи предводени од Симон Боливар и Хосе де Сан Мартин. За време на раните години на републиката, воени водачи создале политичка нестабилност во Перу. Подоцна се формирала Конфедерацијата на Перу и Боливија. За време на Конфедерацијата, учествувал во повеќе битки и воени походи со околните јужноамерикански држави. По распадот на конфедрацијата, Перу објавил војна на Боливија во која и загубил.

Географија и клима

Перу има површина од околу 1.285.220 км2. На север од Перу се Еквадор и Колумбија, Бразил е на исток, Боливија на југоисток, Чиле на југ и Тихи Океан на запад.

Андите се протегаат паралелно со Тихиот Океан, поделувајќи ја државата на три географски региони. Брегот е на запад и е тесна долинска површина. Планините се регионот на Андите, во него се наоѓаат висорамнини и високи врвови како на пример највисокиот врв во Перу Уаскаран со 6.768 метри. Третиот географски регион на Перу е џунглата, рамница покриена со амазонските прашуми. Околу 60% од територијата на Перу се наоѓа во овој регион.

За разлика од околните тропски држави, Перу нема исклучиво тропска клима, присуството на Андите даваат различни климатски типови. Брегот има топла клима, пониска влажност и топли денови. Планините имаат повлажна клима, почести се дождови за време на летниот период и има ладна клима на високите врвови на Андите. Џунглата е карактеризирана со својата голема влажност и високи температури, освен во јужниот дел каде температурата е пониска.

Административна поделба

Перу 
Карта на регионите во Перу

Перу е поделен на 25 региони и провинцијата Лима. Секој регион има избрана влада составена од претседател и совет, кои имаат мандат од четири години. Овие влади планираат регионален развој и економски напредок. Покраината Лима е раководена од градскиот совет.

Региони:

Покраина:

  • Лима

Политички систем

Перу 
Конгресот во Лима.

Перу е претседателска република со повеќепартиски систем. Според моменталниот устав, претседателот е на чело на државата и владата, тој или таа е избран за мандат од пет години и не може веднаш да бара реизбор. Пред да се кандидира за реизбор мора да чека најмалку еден претседателски мандат. Тој/ таа го одбира премиерот и владата, заедно со совети од премиерот. Во Перу има Конгрес со околу 120 членови избрани за мандат од околу пет години. Законите важат откако ќе поминат низ Конгресот и потпишани од претседателот. Судската власт е законски независна, иако политичките партии имаат влијание врз работењето на судот и неговата независност.

Стопанство

Перу 
Пристаништето Калоае главен центар за извоз на Перу.

Перу е земја во развој со индекс од 0.773 во 2005. Во 2006 година, приходот по глава на жител бил 3.374 и околу 39.3% од населението се сиромашни вклучувајќи ги и 13.7 % екстремно сиромашни. Историски, економскиот перформанс на земјата бил врзан со извозот.

Услугите во Перу сочинуваат 53% од вкупниот приход, слудува производството, индистријата и даноците. Во скорешно време има странски инвестиции во земјата, макроекономска стабилност и подобрени услови за трговија. Главните суровини на Перу се бакар, злато, цинк, текстил и риба, а додека главни трговски партнери се САД, Кина, Бразил и Чиле.

Население, јазик и религија

Перу 
Перуанка (кечуанка) со дете.
Перу 
Анонимна слика од училиштето во Куско, 18 век.

Население

Со своите 28 милиони жители, Перу е четвртата најнаселена држава во Јужна Америка според податоците од 2007 година. Демографскиот развој се намалил од 2.6% на 1.6% помеѓу 1950 и 2000 година. Според истите податоци од 2007 година, 75% од населението живее во урбаните области, а само 25% живее во руралните области.

Перу е милтиетничка држава. Староседелците го населувале Перу низ неколку милениуми. Со доаѓањето на шпанците на тлото на Перу, староседелкото население броело 9 милиони жители и се намалило до 600.000 жители во 1950-те, воглавно поради болести. Шпанците и Африканците дошле во Перу во поголем број за време на колонизаторскиот период. По незавосноста имало слаба миграција од Англија, Франција, Германија и Италија. Во 1850-те значителен број на кинези се населиле во Перу. Покрај овие, во Перу живеат јапонци, арапи и други.

Јазици

Шпанскиот јазик е прв јазик на околу 83.9% од населението во Перу и прв јазик во земјата. Покрај него има и неколку староседелски јазици, од кои најпознат е кечуанскиот, зборуван од околу 13.2% од населението. Останатиот процент припаѓа на други помали староседелски јазици и други странски јазици.

Религија

Според податоците од 2007, 81.3% од населението во Перу се изјаснило како католици, 12.5% се изјасниле како евангелисти, 3.3% со други религии и 2.9% како атеисти. Писменоста во Перу е околу 92.9% но оваа бројка е помала во руралните предели. Основното образование е задолжително и бесплатно.

Верници во Перу
Христијани
  
93,00 %
Без Религија
  
6,50 %
Будисти
  
0,20 %
Народна Религија
  
1,00 %
Други
  
0,30 %

Култура

Културата на Перу е воглавно под влијание на староседелската и европската култура. Традицијата и културата на Перу, како на пример литература и археолошки пронајдоци датираат уште од пред колонизаторската ера и пред периодот на Инките. Инките ја збогатиле културата на Перу преку архитектонските подвизи како на пример Мачу Пикчу. Колонијалната барок архитектура е доста застапена во Перу но со примеси на локланата традиција и култура. Повеќето уметнички дела се со религиозна тематика, како на пример големиот број цркви и ликовни дела. Уметноста стагнирала од независноста на Перу да сè до XX век.

Поврзано

Наводи

{{|2}}

Надворешни врски

    Влада
    Општо

Tags:

Перу Потекло на поимотПеру ИсторијаПеру Географија и климаПеру Административна поделбаПеру Политички системПеру СтопанствоПеру Население, јазик и религијаПеру КултураПеру ПоврзаноПеру НаводиПеру Додатни информацииПеру Надворешни врскиПеруЈужна АмерикаАјмарски јазикБоливијаБразилЕквадорКечуански јазикКолумбијаТихи ОкеанЧилеШпански јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Бубрежна инфекцијаФК ИнтерСтрумицаСписок на држави по населениеМачкаЈустинијан IАдам и ЕваКоле НеделковскиЗлата МегленскаМакедонски парламентарни избори, 200222 априлЛав Николаевич ТолстојПлоштад МакедонијаДимитар АпасиевМетилпреднизолонДанте АлигиериЈасеновац (логор)КуранГихтНикола ГруевскиЛазарова саботаАдминистративна поделба на МакедонијаЕфто ПупиновскиЛокални избори во Македонија (2013)ПодметБалетАрмија на МакедонијаЈохан ТарчуловскиДемократска обнова на МакедонијаОбединети нацииКозјак (езеро)Методија Андонов-ЧентоПтициИзборна единица 1ГаличицаНационален парк МавровоСложена реченицаГрад СкопјеРоми обединети од МакедонијаЛумбагоПоштенски броеви во МакедонијаИнтернетПеколот (Божествена комедија)Мајка ТерезаЦветнициОхридски рамковен договорБеровоВитамин Б6Горан СтефановскиВооружена престрелка во Куманово (2015)ТрансформаторВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоОпштини во МакедонијаЛокални избори во Македонија (2017)Мозочен ударМагнетна резонанцијаЗемја (планета)КипарОпштина ДолнениНова социјалдемократска партијаУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Карлес ПуџдемонМариовоПресметување на датумот на ВелигденХрватски месециМакедонски претседателски избори, 2019СкриеносеменициПанкреасСловачкаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеЛеонардо да ВинчиЗагадување на почватаАргентинаЕкосистемСписок на соработници со државна безбедностСреден векСончев СистемНационален парк Шар Планина🡆 More