Пакистан

Исламската Република Пакистан — држава во Јужна Азија.

На југ излегува на Арапското Море, на запад се граничи со Иран и Авганистан, на исток со Индија, а на североисток со Кина. Главен град е Исламабад.

Исламска Република Пакистан
اسلامی جمہوریۂ پاكستان (урду)
Islāmī Jomhuri-ye Pākistān
Пакистан Пакистан
Знаме State Emblem
Геслоاتحاد، تنظيم، يقين محکم
Ittehad, Tanzim, Yaqeen-e-Muhkam  (Urdu)
"Единство, дисциплина и вера"
Химна„Кауми тарана“
Пакистан
Местоположба на Пакистан
Главен градИсламабад
33°40′N 73°10′E / 33.667° СГШ; 73.167° ИГД / 33.667; 73.167
Најголем град Карачи
Службен јазик урду, англиски
Други јазици пенџапски, паштунски, синдски, сераики,
Демоним Пакистанец
Уредување Полупретседателски систем, сојузна исламска република
 •  Претседател Ариф Алви
 •  Премиер Анваар ул Хак Какар (Привремен)
 •  Претседател на Сенатот Садик Санџрани
 •  Претседател на Народното собрание Раџа Перваиз Ашраф
 •  Врховен Судија Кази Фаез Иса
Основање
 •  Независност од Обединетото Кралство 
 •  Обајвена 14 август 1947 
 •  исламска република 23 март 1956 
Површина
 •  Вкупна 803,940 км2 (36-та)
 •  Вода (%) 3.1
Население
 •  проценка за 2023 г. 241,499,431 
 •  Густина 273.8 жит/км2 (56-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2023 г.
 •  Вкупен $1.568 Трилиони (24-та)
 •  По жител $6,773 (138-ма)
БДП (номинален) проценка за 2023 г.
 •  Вкупно $340.636 милијарди (46-та)
 •  По жител $1,471 (161-ва)
Џиниев коеф. (2018)31.6
среден
ИЧР (2022) 0.544
низок · 161-ва
Валута Пакистанска рупија (PKR)
Часовен појас PST (UTC+5)
 •  (ЛСВ) PDT (UTC+6)
Се вози на лево
НДД .pk
Повик. бр. 92
Географска карта на Пакистан
Географска карта на Пакистан
Пакистан
К2 - втор врв по висина во светот, после Монт Еверест. Висина 8.611 метри

Независност стекнува на 14 август 1947 година, како Доминион Пакистан. На 23 март 1956 година се преименува во Исламска Република Пакистан. До 1971 година во нејзин состав е и денешен Бангладеш, дотогаш познат како Источен Пакистан.

На 12 октомври 1999 година генералот Первез Мушараф доаѓа на власт преку воен удар. Подоцна ја презема функцијата претседател на државата и се наоѓа на власт до 2008 г.

Етимологија на име

Името на Пакистан значи „земја на чистите“ на урду и персиски јазик. Името е создадено во 1934 од Чоудари Рахма Али, што го објавил ова во неговиот памфлет „Сега или Никогаш“. Името претставува „30 милиони муслимани од Пакистан кои живеат во петте единици на британската колонија — Пенџаб, Авгана, Кашмир, Синд и Белочистан.

Историја

Географија и клима

Пакистан опфаќа облст од 803.940 км2. Источниот Регион на Пакистан се наоѓа на индиската тектонска плоча, западните и северните региони се наоѓаат на евроазиската тектонска плоча. Пакистан има 1.046 километри долга поморска граница на Арабиското Море, додека вкупната земјена граница брои 6.774 километри. Пакистан географски е разновидна земја. На југ се наоѓаат долини и рамнини, песокливи плажи и пријатна клима, додека на северот се наоѓа ланецот Хималаи со врвови високи над 8.000 метри. Пакистан брои околу 108 планински врвови со преку 7.000 метри и пет врвови со преку 8.000 метри (К2 и Нанга Парбат). Реката Инд тече низ Пакистан. Северниот дел на земјата е многу привлечно туристичко место и Мека за планинари. Западно од Инд се наоѓа покраината Белуџистан со сува клима и зелени долини, додека на исток се песочните дини и пустината Тар во областа Тарпаркер. [[Податотека:Tvrdjava Tar.jpg|200п|мини|лево|Тврдина околу градот кој се наоѓа во пустината Тар (на урду تھرپارکر) во јужната покраина Синд е седма по големина и единствената плодна пустина во светот.

Климата варира заедно со географијата. Стидените зими и топлите лета доминираат на северот, додека благата клима доминира на југот. Во централните делови не е реткост во летните месеци живата да е над 45-{°C}-, а во зимските месеци да е под нулата. Во текот на доцните месеци од летната сезона, непредвидливите монсунски ветрови можат да донесат од 250 милиметри до 1.250 милиматри дожд.

Политички систем

Според уставот од 10.4.1973 г.(привремено суспендиран поради државниот удар извршен на 12.10.1990 г.) Пакистан е федеративна исламска република. Право на глас имаат сите пакистански државјани со возраст над 18 години.

Претседателот на републиката го избира изборен колегиум на секои пет години, кој е составен од членови на двата дома на Сојузниот парламент и парламентите на четирите покраини; претседателот на републиката може да биде избран само еднаш. Тој задолжително треба да биде муслиман на возраст над 45 години. Тој е извршител на извршната власт, на сојузно ниво , а власта ја спроведува заедно со владата. Во одредени случаи може да ги распушти Националното собрание и Владата и да прогласи вондредна состојба. Дводомниот парламент е составен од Национално собрание и Сенат. Националното собрание (Majlis-e Shoora) има 342 пратеници, кои се избираат на општи избори на пет години според мнозински систем; две места се резервирани за жени, а десет пратеници се избираат од немуслиманското население.

Сенатот има сто членови. тие ги избираат парламентите на покраините, како и претставници на племенските области и на главниот град.

Административна поделба

Пакистан е сојузна држава составена од 4 покраини, престолнинската територија и од племенските територии на СЗ. На чело на покраините се наоѓаат управници, кои ги именува претседателот на републиката. Покраините имаат сопствена законодавна (на општи избори избран еднодомен покраински парламент) и извршна власт. Племенските области се под непосредна управа на сојузната влада, но одделни племенски заедници имаат голема самоуправа. Под непосредна управа на сојузната влада се наоѓаат и т.н Северни територии (Гилгит, Дијамар и Балтистан).

Посебен статус имаат и западните делови на Кашмир, кои во 1947 г. ги окупира пакистанската војска. Статусот на територијата останува спорен, бидејќи во резолуцијата на ООН се бара за идниот статус на Качмир да речи населението на референдумот. Западен Кашмир има сопствен Парламент и Влада со седиште во Музафарабад.

    Покраини
  • Белуџистан
  • Пенџаб
  • Синд
  • Хајбер Пахтунхва
    Територии
  • Азад Кашмир
  • Белуџистан
  • Гилгит-Балтистан
  • Пенџаб
  • Синд
  • Хајбер Пахтунхва

Стопанство

По поделбата на Британската Индија (1947 г.), пакистанското стопанство остана без поранешните стопански центри(на пр. Бомбај и Калкута), а со заминувањето на Индусите загуби голем дел и од образовната работна сила. Поради напрегнатите односи со Индија, Пакистан постојано го оптоваруваат големи давачки за војската, а проамериканската насоченост во времето на Студената војна му донесе значителна странска помош. Пакистанското стопанство се заснова, пред се, на приватниот сектор (освен во времето на З.А.Буто). Тоа имаше и недостатоци, особено натрупувањето на капиталот во рацете не неколку богати семејства, големата задолженост на државата поради малите буџетски приходи (земјоделсвото е речиси ослободено од плаќање на даноци) и во врска со тоа, малите инвестиции во инфраструктурата и образованието и многу раширената „црна“ и „сива“ економија.

Население, јазик и религија

 
Најголеми градови во Пакистан
Според пописот од 2017
Бр. Покраина Нас. Бр. Покраина Нас.
Пакистан 
Карачи
Пакистан 
Лахор
1 Карачи Синд 14,916,456 11 Бахавалпур Панџаб 762,111 Пакистан 
Фејсалабад
Пакистан 
Равалпинди
2 Лахор Панџаб 11,126,285 12 Саргода Панџаб 659,862
3 Фејсалабад Панџаб 3,204,726 13 Сијалкот Панџаб 655,852
4 Равалпинди Панџаб 2,098,231 14 Сукур Синд 499,900
5 Гујранвала Панџаб 2,027,001 15 Ларкана Синд 490,508
6 Пешавар Хајбер-Пахтунва 1,970,042 16 Шеикхупура Панџаб 473,129
7 Мултан Панџаб 1,871,843 17 Рахијар Хан Панџаб 420,419
8 Хајдерабад Синд 1,734,309 18 Џанг Панџаб 414,131
9 Исламабад Престолнинска територија 1,009,832 19 Дера Гази Хан Панџаб 399,064
10 Квета Белуџистан 1,001,205 20 Гуџрат Панџаб 390,533

Спрема пописот од 1998 година, 96,3% од населението на Пакистан се изјаснило како припадници на исламот, 2% како индуисти и 1,7% како христијани.

Верници во Пакистан
Муслимани
  
96 %
Хиндуисти
  
2 %
Христијани
  
1 %
Сикисти
  
0,3 %
Будисти
  
0,12 %
Џаинисти
  
0,36 %

Култура во Пакистан

Музика во Пакистан

Спорт во Пакистан

Наводи

Надворешни врски

Поврзано

Tags:

Пакистан Етимологија на имеПакистан ИсторијаПакистан Географија и климаПакистан Политички системПакистан Административна поделбаПакистан СтопанствоПакистан Население, јазик и религијаПакистан Култура во Пакистан Музика во Пакистан Спорт во Пакистан НаводиПакистан Надворешни врскиПакистан ПоврзаноПакистанЈужна АзијаАвганистанАрапско МореГлавен градИндијаИранИсламабадКина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Тарнеров синдромЛавПроста реченицаТаџикистанОпштина ВрапчиштеГеномикаЏорџ Гордон БајронАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаБубрежен каменЧернобилМојот звукРомантизамОпштина ВелесДен на востанието на МакедонијаРамазанКозјак (езеро)ВикипедијаЦрни и жолтиВелигденЛибијаСлаткаристикаЗора зад аголот (роман)Град СкопјеЕмре БејПофално словоСрцеСмртЛеукемијаЧовечки скелетЗевсЦар СамоилКамен мост (Скопје)Крвна групаГрегоријански календарПтициЦирозаКирилицаЦрно семе (филм)Балканска приказна (ТВ-серија)ЈапонијаНапонОпштина Ѓорче ПетровДојранЗагадување на воздухотМалечката ФадетаПетре М. АндреевскиДонтов методСписок на реки во МакедонијаЕрусалимСписок на хемиски елементиАнгкор ВатЦрна ГораОноре де БалзакÈ (кирилица)Бруто-домашен производКрсте Петков МисирковРесенМултикултурализамКочаниПиту ГулиМарко ЦепенковМакедонска граматикаМакедонски парламентарни избори (2008)ПиштолСтојанче АнгеловНотаДен на независноста на МакедонијаХрватски месециПерси ФосетАДХДПочваДимитар Поп-Георгиев БеровскиРак (болест)МРП вакцинаСамоилово ЦарствоПапарацоЏонатан Свифт🡆 More