Антигва И Барбуда

Антигва и Барбуда (англиски: Antigua and Barbuda) — островска држава во Средна Америка.

Државата е дел од островската група Мали Антили и западно од неа се наоѓа Карипското Море, додека источно е Атлантскиот Океан. Таа е составена од два поголеми острови Антигва и Барбуда и уште неколку други помали островчиња.

Антигва и Барбуда
Антигва И Барбуда Антигва И Барбуда
Знаме грб
Гесло„Секој настојува, сите добиваат“
Each Endeavouring, All Achieving
Химна"Убава Антигва, те поздравуваме"

Кралска химна: "Боже, чувај го Кралот"a
Антигва И Барбуда
Местоположба на Антигва и Барбуда
Антигва И Барбуда
Местоположбата на Антигва и Барбуда
Главен градСент Џонс
Најголем град гл. град
Службен јазик англиски
секојденевен јазик заветрен креолски
Народности (2013) 91% црнци
4.4% мешани
1.7% бели
2.9% други
Демоним Антигванец
Барбуѓанец
Уредување унитарна парламентарна уставна монархија
 •  Монарх Чарлс III
 •  Гувернер Родни Вилијамс
 •  Премиер Гастон Браун
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Дом на претставници
Независност
 •  Придружна држава 27 февруари 1967 
 •  од Обединето Кралство 1 ноември 1981 
Површина
 •  Вкупна 440 км2 (182-ра)
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  проценка за 2016 г. 100.963 (199-та)
 •  Попис 2011 81,799 
 •  Густина 186 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2019 г.
 •  Вкупен $2.731 милијарди 
 •  По жител $29,298 
БДП (номинален) проценка за 2019 г.
 •  Вкупно $1.717 милијарди 
 •  По жител $18,416 
ИЧР (2018) 0.776
висок · 74th
Валута Источнокарипски долар (XCD)
Часовен појас AST (UTC-4)
Се вози на left
НДД .ag
Повик. бр. +1-268
а. „Боже, чувај го Кралот“ е службена државна химна, но се користи само за кралски и гувернерски свечености.

Вкупната површина на Антигва и Барбуда изнесува 442 км2 и има население од вкупно 85.632 жители. Населението е воглавно мешано од западноафриканци, Британци и Португалци. Јужно од државата се наоѓа зависниот островот Гвадалупе, југозападно се наоѓа зависната територија Монтсерат, западно се наоѓаат државата Свети Китс и Невис и зависната територија Свети Евстахиј и на северозапад се наоѓаат зависните територии Свети Вартоломеј и Свети Мартин. Службен јазик е англискиот јазик, додека главен град на државата е Сент Џон. Често месното население својата држава ја нарекува со поранешното име Вадади.

Потекло на поимот

Името на државата и воедно на островите доаѓа од шпанските зборови „antigua“ што значи стар и „barbuda“ што значи брадест. Локално, како и пред доаѓањето на Шпанците, државата се нарекува Вадади или Wadadli

Историја

    Рано население

Од дамнешни времиња Антигва била првично населена од Американските староседелци, Сибонејци. Според радиојаглеродните податоци се утврдило дека најраната населба на островот бил од околу 3100 година. По оваа цивилизација, на територијата на Антигва живееле Саладоидите, кои живееле во Венецуела и Карибите. Тие го вовеле земјоделството, одгледувањето житни култури и слично. Подоцна на островите се доселиле и Карипците.

    Европско доселување

Првиот Европеец кој ги забележал Антигва и Барбуда бил Кристофер Колумбо во 1493 година. Шпанците не ја колонизирале Антигва бидејќи немало свежа вода за пиење. Во тој период на островот живееле Карипците. Сепак, доселениците, Европејци и Африканци, донеле болести кои не биле познати за Карипците и за кои немале развиен имунитет. Така, огромен дел од Карипците починале од сипаници.

Англичаните дошле на островот во 1632 година, а Кристофер Кодрингтон пристигнал на Барбуда во 1685 година. На островот почнало да се одгледува тутун и шеќер, а на плантажите работеле робови од Африка. Црното население набрзо станало многубројно, односно најдоминантно на островите.

    Колонијален период

Англичаните имале контрола над островот долг период. Во 1666 година успешно го одбраниле францускиот напад врз Антигва. Сепак, на островот имало брутални услови за живеење, особено меѓу робовите, така што имало серија бунтови предводени од робовите во 1701, 1729 и најзначајниот во 1736 година. Велика Британија го укинала ропството во 1834 година, што имало и економски последици. Ова било проследени и со природни катастрофи на островот, особено земјотресот во 1843 година и ураганот во 1847 година. Редонда, од друга страна пак, бил значаен извор на гуано и алуминиум фосфат, но кога се прекинале ископите островот повторно останал ненаселен.

Бидејќи Антигва и Барбуда биле дел од колонијата Британски Заветрени Острови. Овие острови во 20 век ја формирале краткотрајната Федерација Западни Инди, која траела од 1958 до 1962 година. По распадот, Антигва и Барбуда биле придружна сојузна држава на Велика Британија сè до целосната независност на 27 февруари 1967 година. Сепак, формализирањето на независноста завршила на 1 ноември 1981 година. Државата одлучила да биде дел од Комонвелтот и британскиот крал е шеф на државата.

Географија и клима

    Одлики

Антигва и Барбуда е островска држава која спаѓа во групата острови Мали Антили , дел од Карипските Острови во Средна Америка. Источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно е Карипското Море. Островот Антигва е 650 километри оддалечена од Порторико, Барбуда е 48 километри оддалечено од Антигва, додека ненаселениот остров Редонда е 56 километри оддалечен од Антигва. Најголем остров е Антигва и е широк 21 километар и има вкупна површина од 281 километар квадратен. Од другата страна пак, Барбуда има вкупна површина од 161 километар квадратен, додека Редонда има површина од 2.6 км2. Главен град на државата е Сент Џон и се наоѓа во северозападниот дел од островот Антигва. Најголем град на Барбуда е Кодрингтон. Вкупната површина на Антигва и Барбуда е 442 км2 со население од 85.632 жители. Најблиска независна држава е Сент Китс и Невис, додека останатите околни соседски острови се зависни територии.

    Острови

Политички систем

Политиките на Антигва и Барбуда се одвиваат во рамките на сојузна парламентарна уставна монархија, каде шефот на државата е кралот Чарлс III. Претставник на монархот во Антигва и Барбуда е генералниот гувернер Луиз Лејк-Так, која пак е првата дама генерален гувернер во земјата. Советот на министри е избран од генералниот гувернер по совет на премиерот на Антигва и Барбуда. Моментален премиер е Болдвин Спенсер. Премиерот е шеф на владата.

Извршната власт е во рацете на владата. законодавната власт е во рацете на владата и дводомниот парламент, кој е составен од сенат и собранието. Сенатот има капацитет од 17 членови, додека собранието има капацитет од 17 членови избрани преку избори за петгодишен мандат. Судската власт, уставно, е независна.

Административна поделба

Администартивно, Антигва и Барбуда е поделена на шест парохии и две зависни области. Парохиите се наоѓаат само на островот Антигва, додека двата други поголеми острови се зависни области. Административните единици се:

  • Парохии
    1. Сент Џорџ
    2. Сент Џон
    3. Сент Мери
    4. Сент Пол
    5. Сент Питер
    6. Сент Филип
  • Зависни области
    1. Барбуда
    2. Редонда
Антигва И Барбуда 
Сент Мери
Сент Џон
С. Џорџ
С. Питер
С. Филип
Сент Пол

Стопанство

Туризмот е доминантен во економијата на Антигва и Барбуда, каде претставува повеќе од половина од БНП на државата. Антигва е позната по многуте луксузни пансиони. Покрај туризмот, важни сектори во економијата се банкарството и финансиските услуги, така Банка на Америка има своја експозитура во државата, но и Кралска Банка на Канада, Шкотска Банка и Барклис. Земјоделството е сконцентрирани за локално производство но со ограничени можности за наводнување и работна снага.

Население, јазик и религија

Антигва И Барбуда 
Катедрала во Сент Џон.

Службен јазик на Антигва и Барбуда е англискиот јазик, но голем број од месното население зборува антигвански креолски јазик. Акцентот на зборовите на Барбуда за нијанса се разликува од тој на Антигва. Пред да се стекне со независност, во Антигва и Барбуда се зборувал само стандарден англиски јазик. Со независноста, луѓето почнале да го користат локалниот дијалект, како важен елемент за културна самостојност. Сепак, и денес образованието е само на стандарден англиски јазик.

74% од населението на Антигва и Барбуда се Христијани. Остатокот се припадници на останатите религии.

Верници во Антигва и Барбуда
Христијани
  
93,00 %
Муслимани
  
0,60 %
Без Религија
  
1,70 %
Хиндуисти
  
0,20 %
Народна Религија
  
3,60 %
Други
  
1,00 %

Етнички, Антигва и Барбуда се состои од 91% црно или мулатско населени, 4.4% се мешани, 1.7% се белци и 2.9 останати. Голем дел од белото население се Ирци или Британци.

Култура

Културата во Антигва и Барбуда била и е под силно влијание на британската и како резултат на тоа национален спорт е крикет. Покрај крикетот, популарни се и фудбалот, сурфањето и трка со бродови. Американската култура исто така е присутна во општеството и има силно влијание во медиумите и модата. Клични културни елементи во културата на Антигва и Барбуда се семејството и религијата. Во август се одржува традиционалниот национален карневал.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Антигва И Барбуда Потекло на поимотАнтигва И Барбуда ИсторијаАнтигва И Барбуда Географија и климаАнтигва И Барбуда Политички системАнтигва И Барбуда Административна поделбаАнтигва И Барбуда СтопанствоАнтигва И Барбуда Население, јазик и религијаАнтигва И Барбуда КултураАнтигва И Барбуда НаводиАнтигва И Барбуда ПоврзаноАнтигва И Барбуда Надворешни врскиАнтигва И БарбудаАнглиски јазикАнтигваАтлантскиот ОкеанБарбудаКарипското МореМали АнтилиСредна Америка

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Цар СамоилСвети Наум (манастир)Лазар КолишевскиМакедонски претседателски избори (2014)Свети Наум Охридски ЧудотворецСтрумицаСписок на тегоби и болки на стапалатаИзбори во Република МакедонијаЗевсМакедонски парламентарни избори, 2014Рајко ЖинзифовГзим ОстрениОпштина СопиштеПросветителствоВелигденДоктор ОфболиДен на независноста на МакедонијаПридавкаЗа наша МакедонијаИсламМерсиха СмаиловиќЧорбаџи ТеодосОливера НиколоваДемократска партија на Турците на МакедонијаЕдинствена МакедонијаВелики петокИзборна единица 2РусијаСобрание на Република МакедонијаОпштина ЧаирГенералот на мртвата војскаЗборник на МиладиновциБиполарно растројствоВанчо ШехтанскиСиндром на стекнат имунолошки дефицитТурпијаКамилаЦветнициОпштини во МакедонијаKлиндамицинМарокоАлександар III МакедонскиМакедонски парламентарни избори (2011)Сузана СпасовскаДржавни празници во МакедонијаПутурусМочуриштеКумановоЈужна АмерикаМиланоНикола ГруевскиДневникот на Ана ФранкХоландијаРак (болест)Македонски претседателски избори (2009)Избирачко местоСписок на острови во Средоземното МореАнте ПоповскиСардинијаМакедонски парламентарни избори (2006)Претседател на МакедонијаВидови аглиАнгинаМакедонски парламентарни избори, 1998СинонимМала РечицаСписок на реки во МакедонијаСкопјеОпштина СтуденичаниЛиберално-демократска партијаМалиот принцКловерфилдИзборна единица 6Љубомир ФрчкоскиАлтернатива (политичка партија)ЛасерОВК🡆 More