Светската книга на факти (The World Factbook или CIA World Factbook; ISSN 1553-8133) е прирачно дело што го изготвува Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) кое содржи информации за земјите во светот во облик на годишник.
Книжните примероци се достапни од Националната служба за технички информации и Владината печатница. Истото го печатат и други печатници како Skyhorse. Делото е достапно и на неговиот портал, кој делумно се подновува секоја недела. Ова издание може и да се преземе во целст, за вонмрежна употреба. Покриени се 267 земји и територии - секоја има преглед во две до три страници на демографијата, географијата, комуникациите, управата, стопанството и одбраната.
Корица на последното државно печатено издание на Светската книга на факти (изд. 2012-13) | |
Автор | ЦИА |
---|---|
Изворен наслов | The World Factbook' |
Јазик | англиски |
Жанр | годишник за земјите на светот |
Издавач | Управа за разузнавање |
Издадена | ЦИА повеќе не објавува книжни изданија |
Книгата се подготвува во ЦИА со цел да им служи на службениците и функционерите во владата на САД, што се одразува врз стилот, форматот и опфатот на делото. Книгата служи и како извор извор на податоци при изработката на академските трудови. Како дело на владата на САД, книгата е во јавна сопственост таа земја.
При изготвувањето на Светската книга на факти, ЦИА се служи со следниве избори. Се консултираат и други јавни и приватни избори.
Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Светската книга на факти.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article „Светска книга на факти“ на ЦИА, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.