Бурунди

Бурунди (рунди: Burundi) или официјално Република Бурунди (Republika y'u Burundi) — мала држава во Источна Африка без излез на море.

Државата се граничи со Руанда на север, Танзанија на исток и југ и со Демократска Република Конго на запад. Бурунди има вкупна површина од 27.830 км2 со население од околу 8.700.000 жители. Главен град на државата е Гитега, а економски и трговски центар е Буџумбура. Иако нема излез на море, Бурунди излегува на езерото Тангањика.

Република Бурунди
Бурунди Бурунди
Знаме Грб
Гесло"Ubumwe, Ibikorwa, Iterambere"  (рунди)
"Unité, Travail, Progrès"  (француски)
"Единство, Работа, Прогрес" 1
ХимнаBurundi bwacu
Бурунди
Местоположба на Бурунди
Главен градГитега
3°30′S 30°00′E / 3.500° ЈГШ; 30.000° ИГД / -3.500; 30.000
Најголем град Буџумбура
Службен јазик рунди, француски
Демоним Бурундијци

(Бурундиец/Бурундијка)

Уредување република
 •  Претседател Пиер Нкурунзиза
Независност од Белгија 
 •  Датум 1 јули 1962 
Површина
 •  Вкупна 27,830 км2 (145-та)
 •  Вода (%) 7.8%
Население
 •  Попис 1978 3.589.434 
 •  Густина 271 жит/км2 (43-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $3.094 милијарди 
 •  По жител $389 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $1.097 милијарди 
 •  По жител $138 
Џиниев коеф. (1998)42.4
среден
ИЧР (2013) 0.389
низок · 180та
Валута бурундски франк (FBu) (BIF)
Часовен појас CAT (UTC+2)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .bi
Повик. бр. 257
1. Пред 1966, "Ганза Сабва".

Уште од пред пет века, територијата на Бурунди била населена од етничките групи Тва, Туци и Хуту. Преку двесте години Бурунди било владеено од Кралството Туци, но на почетокот на XX век, Германија и Белгија ја окупирале територијата, вклучително и Руанда и таа била позната како колонија Руанда-Урунди.

Целиот регион бил во немири поради социјалните разлики помеѓу Туци и Хуту, што резултирало со граѓанска војна. Денес Бурунди е претседателска република. Државата е една од 10 најсиромашни држави во светот според приходот по глава на жител.

Историја

Според изворите, се смета дека на територијата на денешен Бурунди била населена уште пред околу 70.00 години, каде опстојувало племето Туа. Подоцна на овие простори живеела друга етничка група, позната како Хуту, која со текот на времето се преврнала во најголемо племе во реонот . Во текот на својата историја, од ова племе се развиле голем број на кралства кои постоеле до 15 век, кога се појавило племето Тутси . Ова племе го создало и основало кралството Бурунди, кое во текот од 1796 до 1850 година, во времето на Нтара Ругама доживеало големо проширување. Кон крајот на 19 век истото се распаднало.

Во текот на 1899 година, Бурунди била освоена од страна на Германија, колонизирана и вклулена во составот на Германска Источна Африка. Во 1916 година, во времето на Првата светска војна, земјата била заземена од Белгија. Во 1923 година Бурунди и Руанда станале белгиски територии под името Руанда-Буринди. По крајот на Втората светска војна, Белгија дозволила создавање на политички партии во земјата. Така биле основани две политички фракции: Унија за Национален прогрес и Христијанска Демократска партија. На 27 јуни 1962 година, ООН и го одземал имунитетот на Белгија врз Руанда-Бурунди, за да на 1 јули 1962 година Бурунди била прогласена за независна држава, како уставна монархија. По четири години земјата биле претворена во република. Во 1993 година се провеле првите демократски избори, по кое земјата била воведена во граѓанска војна помеѓу некогашните племиња Хуту и Тутси. Во тој конфликт загинале 300.000 луѓе за само една година.

Географија и клима

Бурунди 
Карта на Бурунди.

Бурунди е една од најмалите држави во Африка која нема излез на море и е со екваторска клима. Државата се наоѓа во Долината на големите езера, поточно на големо плато. Средна надморска височина на државата е 1.700 m со пониски предели до границите. Највисокиот врв е Монт Хеха е со 2.690 m. и се наоѓа јужно од главниот град Буџумбура.

Главна река во Бурунди е Нил Исто така, главен извор на вода е и езерото Викторија. Во југозападниот дел од земјата се наоѓа и езерото Тангањика.

Пределите на Бурунди се претежно земјоделски или се пасишта. Голем дел од пределите каде има населени места шумите исчезнуваат и настанува ерозија на земјата. Како главен фактор за оваа појава е големиот број на население на земјата.

Политички систем

Политичкиот систем на Бурунди е претседателска република која се ослонува на повеќепартискиот систем. Претседателот на Бурунди е шеф на држава и шеф на влада. Во моментов во Бурунди има 21 политичка партија. На 13 март 1992, водачот на Туци, Пиер Бујоја основал нов устав на Бурунди кој овозможил да се создаде повеќепартискиот систем.

Законодавната власт на Бурунди е дводомен парламент: транзиционалното собрание и сенатот. Транзиционалното собрание се состои од 170 членови. Според уставот, во собранието може да имаат пратенички места следните групи: 60% од пратеничките места се за Хуту, 40% за Туци, 30% за жени и три за Батва.

Административна поделба

Бурунди 
Провинциите на Бурунди.

Бурунди е поделено на 17 покраини , 117 општини и 2.638 колини или врвови,

Покраините на Бурунди се:

  • Бубанза
  • Буџумбура Мери
  • Рурална Буџумбура
  • Бурури
  • Канкузо
  • Чибитоке
  • Гитега
  • Карузи
  • Кајанза
  • Кирундо
  • Макамба
  • Мурамвја
  • Мујинга
  • Мваро
  • Нгози
  • Рутана
  • Рујиги

Стопанство

Бурунди е една од најсиромашните држави во светот. Ваквата состојба е како резултат на делумно неповолната географска положба, слаб правен систем, слабо образование и големата застапеност на болеста СИДА. Околу 80% од населението живее во сиромаштија. Низ текот на 20 век честа појава биле гладтта и недостатокот на исхрана и според Светстката програма за храна, 56.8% од децата гладуваат. Исто така според задоволството на живеење Бурунди е меѓу последните држави во светот. Според тоа, Бурунди е зависна од странска помош.

Најголема индустрија во земјата е земјоделството, кое зазема 58% од вкупниот БНП. Најголем извор на приход е кафето што е 93% од вкупниот извоз на државата. Други земјоделски култури се памук, чај, пченка, банани и друго. Официјална валута е Бурундски франк и 1.184 франк во 2008 бил еднаков на еден американски долар.

Население, јазик и религија

Бурунди 
Бурундски жени при молзење кози.
Религија во Бурунди
религија процент
Католицизам
  
65 %
Анимизам
  
23 %
Ислам
  
10 %
Протестантсво
  
5 %

Според проценка од 2008 година, Бурунди имало население од 8.691.005 жители. На демографската слика на Бурунди директно влијае боласта СИДА, но и голем број на Буринѓани се преселиле во странство како последица од граѓанската војна, така на пример САД примиле 10.000 Бурунѓани

Поголем број Бурунѓани живеат во рурални средини и околу шест проценти од населението живее во урбаните средини. Густината на населението на Бурунди е 315 жители на метар квадратен. Околу 85% од населението се Хуту, 15 % се Туци и мал број има Твас.

Според изворите за демографската структура на Бурунди, 70 % од населението се Христијани од кои католиците се 65 %, додека 5% се протестанти и англиканци. Покрај христијанството, втора најголема религија е локалната религија. Муслиманите се застапени со 10% од вкупното население.

Службени јазици во државата се рунди (кирунди) и француски, но се зборува и свахили.

Култура

Бурунди 
Гитега тапани.

Културата на Бурунди се заснова на локалната традиција и на влијанието на околните држави. Бидејќи полјоделството е главна индустрија во земјата, исхраната во Бурунди воглавно се состои од компир, пченка и грашок. Поради недостатокот на финансиски средства, месото не е често застапено во исхраната.

Главен елемент во културата е удирањето тапани и тоа е големо културно наследство. Покрај тапаните, танците се често придрижници на музиката за време на празници, прослави или културни настани.

Наводи

Користена литература

Понатамошни информации

  • Chrétien, Jean-Pierre The Great Lakes of Africa: Two Thousand Years of History
  • Krueger, Robert and Krueger, Kathleen From Bloodshed to Hope in Burundi: Our Embassy Years during Genocide
  • Lemarchand, Rene Burundi: Ethnic Conflict and Genocide
  • Nivonzima, David and Fendell, Len Unlocking Horns: Forgiveness and Reconciliation in Burundi
  • Uvin, Peter Life After Violence: A People's Story of Burundi

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Бурунди ИсторијаБурунди Географија и климаБурунди Политички системБурунди Административна поделбаБурунди СтопанствоБурунди Население, јазик и религијаБурунди КултураБурунди НаводиБурунди Користена литератураБурунди Понатамошни информацииБурунди ПоврзаноБурунди Надворешни врскиБурундиБуџумбураГитегаДемократска Република КонгоИсточна АфрикаРуандаРунди (јазик)ТангањикаТанзанија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Народноослободителна борба во Вардарска МакедонијаДемократски сојузСиријаБугаријаСметачКамилиАртритисЗнаме на МакедонијаЦирозаПраисторијаМакедонски претседателски избори (2014)РиболовКирилицаСреден клеточен волуменПлатен прометСтарецот и моретоСвета ГораКоличникТамара (снаа на Јуда)УкраинаБактерииОбединето КралствоИндијаМитозаРенесансаПроста машинаМакедонциМозокЦрн дробМузикаВештачка интелигенцијаМагнетно полеИфтарЗНАМСамоилово ЦарствоВодаРимаПовикувачки броеви во МакедонијаКамено времеПочваХепатитПрометејМорфологија на македонскиот јазикШведскаГаличка свадбаРомиБик (хороскопски знак)КултураОпштина АеродромКристофер КолумбоГордана Силјановска-ДавковаНикола Димитров (дипломат)Битола, мој роден крајПопис на населението во Македонија (2021)Социјалдемократски сојуз на МакедонијаЃулистана МарковскаЛеукемијаБолести и аномалии на очитеНАТО-во бомбардирање на СР ЈугославијаГолеми и мали (роман)ЗемјотресЈоаким КрчовскиБојан (роман)Скопско КалеХомерСтево ПендаровскиРак на грло на маткаГрадацијаПрва светска војнаКристијано РоналдоАрнолд ШварценегерАнтарктикМеѓународни празнициСреќаХоландијаБалкански рис🡆 More