Бадминтон: рекетен спорт

Бадминтон е игра слична на тенисот и се игра со двајца или четворица играчи (две двојки).

Иако бадминтон долго време претставувал рекреативен спорт, тој во поново време е олимписки спорт. Играта е слична на тенисот при што топчето е со пердуви и се удира со рекетот преку мрежа во спротивното поле од теренот.

Бадминтон: рекетен спорт
Рекети за бадминтон

Историја на бадминтонот

Играта со пердув топче е многу стара. Во Индија постојат записи стари околу два милениуми. Во Кина е позната под името ди џијан-ци и е многу популарна игра особено кај припадничките од понежниот пол. Играта со пердув топче ја играле Инките и Ацтеките во Америка, а неретко била играна во европските владини дворови за време на феудализмот. Францускиот сликар Жан Батист Симеон Шарден (1699—1779) насликал девојка која во десната рака држи рекет а во левата рака држи пердув топче. Оваа слика е наречена „Девојка во лет“ („La fillette au volante“) и таа се наоѓа во галеријата Уфици. Во денешно време бадминтонот како спортска игра се развил во почетокот на 14 век од старата индиска игра poona која е пренесена од англиските официри во 1873 година од Индија и ја презентирале во дворецот Бадминтон во јужниот дел од Англија за време на посетата на Војводата од Бофорт (Duke of Beuforta), по кого и денешната игра го добила името. Во 1877 е основан и првиот клуб (анг. Bath Badminton Club), а во 1893 е основана првата бадминтон асоцијација на Англија каде и се објавени и првите правила на игра коишто се слични и на денешните правила на игра. Меѓународна бадминтон федерација или на скратено МБФ (од анг. International Badminton Federation) е основана во 1934 година. Оваа организација и денес ги одредува правилата на игра и истата организира натпревари. Бадминтонот е ставен на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.

Основни правила и опрема

Бадминтон се игра со рекет и со посебно топче, кое е тешко од 4,74 до 5,5 грама, а е изработено од пердуви од гуска. Теренот има димензии од 1,88 х 6,1 метри, поделен на два дела со мрежа која е висока 1,55 метри. Целта на играта е да се постигне поен, а тоа се остварува ако противничкиот играч не успее со едне удар да го врати топчето на спротивната страна од теренот. Еден сет во бадминтон има 21 поен, а по секој завршен сет играчите ги менуваат страните. Играта трае додека не се освојат два сета. Инаку, натпреварот почнува со ждрепка при што оној играч кој ќе ја добие ждрепката избира на која страна од теренот ќе ја започне играта. Исто така, тој го изведува почетниот удар во натпреварот. Во текот на играта, ако играчот освои поен, тој повторно сервира, а во спротивно сервира противничкиот играч.

Бадминтон се игра со рекет и посебно топче. За разлика од другите спортови со рекет (како на пр. тенис ) каде се игра со округло топче, овде се користи пердув топче кое е направено од 16 густи перја забодени во плутена тапа. Топчето може да достигне брзина и преку 320 км/ч, само за неколку секунди. Денес сè почесто се користи и пластично топче, кое го задржало истата форма како и на пердув-топчето. Врз брзината на топчето влијае струењето на воздухот или ветерот, и поради тоа натпреварите се одржуваат исклучиво во затворен простор.

Наводи

Tags:

Олимписки спортТенис

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Единствена МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 1998Прва влада на Бранко ЦрвенковскиЛокални избори во Македонија (2005)Менструален циклусКриптовалутаКарлес ПуџдемонГемиџииПартија за движење на Турците во МакедонијаОпштина Македонски БродОпштина Крива ПаланкаВесна БендевскаМинистер за здравство на МакедонијаЃорѓија ПулевскиКрешник БектешиЗа наша МакедонијаВласиСпоменка (книга)Движење за национално единство на Турците во МакедонијаПоштенски броеви во МакедонијаОксидационо-редукциона реакцијаМакедонски претседателски избори, 1999Дијалекти на македонскиот јазикРечник на стари македонски зборовиБигорски манастирОпштина Маврово и РостушеФилип ПетровскиМакедонски парламентарни избори, 2006Никола Димитров (дипломат)ЕнзимГлас за МакедонијаВојдан ЧернодринскиБајрамЃорѓија СајкоскиБолести и аномалии на очитеСолунЛасерМомче во пижами со риги (филм)Григор ПрличевБошко СмаќоскиОхридБраќа МиладиновциВладо БучковскиИсторија на македонскиот народСписок на повикувачки броеви на земјитеСложена реченицаБогородицаЅвезда од КутлешБалканска приказна (ТВ-серија)Загадување на воздухотВитамин Б6gr7cmНезависен политичарВселенаОпштина ЖелиноЛавАвтобиографија (Григор Прличев)Крушевска РепубликаКирил ПејчиновиќАнтибиотик со широк спектар на дејствоМечкаПолитички спектарРисДемохристијанствоПресметување на датумот на ВелигденМакедонски претседателски избори (2004)Јулијански календарМитТалофитБРИКСАнтичка МакедонијаВолфганг Амадеус МоцартМедузаПретседател на МакедонијаГуглМали сипанициРусија🡆 More