Сао Томе и Принсипе, службено Демократска Република Сао Томе и Принсипе, е островска држава во Африка, во центарот на Гвинејски Залив.
Државата се состои од два острови: Принсипе и Сао Томе, разделени меѓу себе 140 км, а додека од брегот на Африка се оддалечени 250 односно 225 км. Двата острови се состојат од венец на изумрени вулкански острови. Сао Томе, поголемиот остров, се наоѓа северно од екваторот и го добил името по Свети Тома, поради тоа што Португалците пристигнале за првпат на островот на самиот ден Св. Тома. Сао Томе и Принсипе е втората најмала земја во Африка, во поглед на населението. Исто така, таа е најмалата земја каде се зборува португалски јазик.
Демократска Република Сао Томе и Принсипе República Democrática de São Tomé e Príncipe (португалски) | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло: Unidade, Disciplina, Trabalho (португалски) „Единство, дисциплина, труд“ | ||||||
Химна: Independência total Целосна независност | ||||||
Местоположбата на Сао Томе и Принсипе (темносина) – во Африка (светлосина и темносива) | ||||||
Главен град | Сао Томе | |||||
Најголем град | гл. град | |||||
Службен јазик | португалски | |||||
Признаени регионални јазици |
| |||||
Демоним | Саотомеец | |||||
Уредување | Унитарна полупретседателска република | |||||
• | Претседател | Еваристо Карвалјо | ||||
• | Премиер | Жорге Бом Жезус | ||||
Законодавство | Национално собрание | |||||
Независност | ||||||
• | од Португалија | 12 јули 1975 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1.001 км2 (171-ва) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2016 г. | 199.910 (186-та) | ||||
• | Попис 2012 | 178,739 | ||||
• | Густина | 199.7 жит/км2 (69-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупен | $685 милиони | ||||
• | По жител | $3,220 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | $355 милиони | ||||
• | По жител | $1,668 | ||||
Џиниев коеф. (2010) | 33.9 среден | |||||
ИЧР (2018) | ▲ 0.609 среден · 137-ма | |||||
Валута | Добра (STN ) | |||||
Часовен појас | GMT (UTC ) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .st | |||||
Повик. бр. | +239 |
Името на државата потекнува од имињата на двата главни острови. Сао Томе (на португалски São Tomé) е португалско име за Свети Тома. Се верува дека островите биле откриени од Европејците на 21 декември 1471, денот на Свети Тома, и по тоа се именувал островот. Другиот остров, Принсипе (на португалски Príncipe) е исто така португалски збор и значи „принц“. Принципе бил откриен на 17 јануари 1472 година, ден на Свети Антониј Велики. Така, првото име на островот бил Санто Антао (Свети Антониј), но името било променето во 1502 година во „Принцов Остров“ (Ilha do Príncipe), во чест на принцот на Португалија.
Островите Сао Томе и Принсипе биле ненаселени пред доаѓањето на португалците во околу 1470 година. Островите биле откриени од Жоао де Сантарем и Педро Ескобар. Цели три години португалските морепловци го истражувале островот пред да донесат одлука каде да биле изградена почетната база. Португалските морепловци го истражиле островот и одлучиле да останат таму бидејќи биле на добра местоположба. Се смета дека островот Сао Томе бил откриен на 21 декември 1471 година, денот на Свети Тома или на 17 јануари 1472 година, денот на Антониј Велики. Во 1493 година било создадено првото населено место од страна на Алваро Камиња по заповед на кралот Жоау II од Португалија. Во 1500 година на истиот начин било основано и првото населено место на Принсипе. Земјата била експлоатирана, а како главни робови служеле донесените евреи, осуденици и робови. Многу бргу островот станал најголемиот производител на шеќер во Африка. Но по развојот на шеќерната трска во Западна Африка, значењето на островот во тој поглед се намалило. Во околу 1800 година започнало да се произведува кафе и какао. Од тој период до денес, Сао Томе и Принсипе е најголемиот производител на какао во светот. Во 1875 година било укинето ропството, а во периодот помеѓу 1951—1972, островите станале провинција на Португалија.
во 1953 година избувнало востание на работниците против португалската власт кое востание завршило по колежот на 1.000 востаници. По ова започнало да се шири националистичката свест и движење чија главна цел било ослободувањето на островите. На 12 јули 1975 година била прогласена независност. За прв претседател бил избран Мануел Пинто де Коста. Сао Томе и Принсипе била меѓу првите африкански земји кои во 1990-тите донела демократски реформи и легализација на опозициските партии, така што изборите во 1991 година биле слободни. Мигел Тровада бил избран за претседател на двапати. Во текот на 2009 година во земјата имало обид за државен удар врз Фрадик де Менезес, кој истиот не бил успешен.
Островите Сао Томе и Принсипе се наоѓаат во Алтантскиот Океан на околу 300 и 250 километри оддалеченост од Габон и воедно е втора најмала држава во Африка. Двата острова се дел од камерунската вулканска линија.
Сао Томе е 50 километри долг и 32 километри широк и повеќе е планински одошто Принсипе. Највисокиот врв во Сао Томе е 2.024 метри. Принсипе е долг 30 километри и 6 километри широк.
Климата во Сао Томе и Принсипе е тропска и топла со просечна годишна темепература од 27 °C. Температурата ретко се подига над 32 степен. Ноќите се поладни. Дождната сезона во Сао Томе и Принсипе е од октомври до мај.
Сао Томе и Принсипе е повеќепартиско општество од 1990 година. Претседателот на Сао Томе и Принсипе се избира за мандат од пет години. Еден претседател може да се кандидира за два мандата. Премиерот се избора од страна на претседателот, а додека четиринаесетчлениот кабинет се избира од страна на премиерот.
Националното собрание е составено од 55 членови, кои се избрани за четиригодишен мандат. Судската власт во Сао Томе и Принсипе е независна.
Сао Томе и Принсипе е поделен на две покраини: Принсипе и Сао Томе.
Покраините понатака се поделени на седум области, од кои шест се на островот Сао Томе и една на островот Принсипе. Принсипе има самоуправувачка влада од 29 април 1995.
Од 1800-тите, економијата на Сао Томе и Принсипе била заснована на земјоделието. Кога државата се обидувала да стекне независност, португалските поседи на плантажите заземале околу 90% од обработливата земја. После независноста, контролата над поседите потпаднала во рацете на повеќе земјоделски компании. Главна суровина за извоз на Сао Томе и Принсипе е какаото и зазема околу 95% од вкупниот извоз.
Вкупното население на Сао Томе и Принсипе е 138.500, од кои 137.500 живеат на Сао Томе, а додека 6.000 жители има на Принсипе. Сите се потомци на различни етнички групи, па така досега се забележани:
Иако Сао Томе и Принсипе е мала држава таа има четири национални јазици: португалски јазик (официјален), португалски креолски јазик, фороански јазик, анголски јазик и принсипенски јазик.
Скоро цело население на Сао Томе и Принсипе се христијани, поточно католици и протестанти.
Културата во Сао Томе и Принсипе е мешавина на африкански и европски елементи.
Сао Томе е познат по усуата, додека Принсипе по деша ритамот. Чилоли е музички танц кој изразува праматична приказна.
Сао Томе и Принсипе е една од првите африкански држави кои ја прифатиле демократијата. Оваа држава тоа го направила уште во 1990 година. На претседателските избори одржани во јули 2001 година, кандидатот поддржан од Независната демократска партија Фрадик де Менезес бил избран во првиот круг.
На 16 јули 2003 година мајорот Фернандо Переира ја презел власта во Сао Томе и Принсипе со воен удар. Се смета дека воениот удар е последица на работата на владата со нафтените корпорации. По само седум дена преговори бил склучен договор и Переира се повлекол од власт, а Менезес пак ја водел државата.
Сао Томе и Принсипе генерално е во добри односи со повеќето држави. Државата има амбасади во Ангола,Белгија,Габон,Португалија и Соединетите Американски Држави. Член е на сојузот на држави во кои службен јазик е португалскиот јазик.
Оваа држава има прилично мала војска и таа е поделена на четири делови: армија (Exército), морнарица (Guarda Costeira), претседателска гарда (Guarda Presidencial) и државна гарда.
Сао Томе и Принсипе е првата држава која ја повлекла одлуката за признавање на Косово. Повлекувањето се случило во 2013 година.
Спортот е популарен во оваа држава. Фудбалот се истакнува како најпопуларен спорт.Фудбалската репрезентација на Сао Томе и Принсипе е под раководство на фудбалската федерацијата на државата. Фудбалската репрезентација е член на Африканската Фудбалска Конфедерација и ФИФА.
„Сао Томе и Принсипе“ на Ризницата ? |
Видете сао томе и принсипе во Викиречник, слободниот речник. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Сао Томе и Принсипе, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.