Глигор Поповски

Глигор Поповски (Будинарци, Беровско, 1 април 1928 - Скопје, 14 мај 2007) - македонски писател за деца, поет, раскажувач, романописец и преведувач.

Животопис

Глигор Поповски е роден на 1 април 1928 година, во малешевското село Будинарци. Се школувал во родното село, во Берово и во Струмица, а во Скопје завршил учителска школа. Во 1949 година се вработил во редакцијата на „Пионерски весник“, најпрвин како илустратор, а потоа како соработник. До пензионирањето во 1988 година работел во редакцијата „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“ како уредник на неколку детски списанија („Титов пионер“, „Развигор“, „Другарче“ и „Росица“), а потоа бил главен уредник на издавачката дејност.

Книжевно творештво

Глигор Поповски пишувал само книжевност за деца. Својата прва книга „Сказна за Вилен“ Поповски ја објавил во 1953 година. Потоа, Поповски напишал над 30 книги за деца, неколку сликовници, две телевизиски серии за деца, неколку телевизиски игри за деца и повеќе радио-драми за деца. Исто така, има преведено десетина книги за деца од руски и српски јазик, а неговите дела се преведени на албански, турски, српски, хрватски, словенечки и украински јазик.
Позначајни дела на Поповски се:

  • Сказна за детето Вилен (1952)
  • Цвет (поезија за деца, 1953)
  • Дрварче (раскази за деца, 1954)
  • Росица (поезија за деца, 1956)
  • Далечен свет (раскази за деца, 1957)
  • Со тротинет по цел свет (поезија за деца, 1958)
  • Било едно дете (раскази за деца, 1959)
  • Мостот (роман за деца, 1959)
  • Црвената рака (роман за деца, 1961)
  • Парада за цвеќињата (поезија за деца, 1964)
  • Чудо во гората (поезија и раскази за деца, 1965)
  • Сказни за Возовија (1967)
  • Сказна за најјунакот (поезија за деца, 1969)
  • Што има зад тополите (раскази за деца, 1969)
  • Морнарот Неп (сказни за деца, 1971)
  • Билјана (раскази за деца, 1972)
  • Испит (роман за деца (1972)
  • Бојан (роман за деца, 1973)
  • Кога тато вози (1977)
  • За поубав свет (поезија за деца, 1978)
  • Планино, убавино (роман за деца, 1979)
  • Разговори за сообраќајот (раскази за деца, 1980)
  • Најтемната ноќ (повест, 1981)
  • Човек со човек (поезија за деца, 1982)
  • Добри мои, добар ден (песни и раскази за деца, 1983)
  • Учителката (роман за деца, 1984)
  • Елен Камен (сказни, 1988)
  • Другата страна (роман за деца, 1991)
  • Шеп, шеп, шеп (гатанки, 1991)

Награди

Поповски е добитник на повеќе награди: „Младо покољење“ (за книгата „Билјана“); „Партизански курир“ (за своето целокупно творештво на тема на НОБ); „13 Ноември“ (за книгата „Најтемната ноќ“); статуетата „Курирче“ (за севкупната дејност); како и две награди на „РТВ-Скопје“ и СВП за најдобра книга за деца („Што има зад тополите“ и „Испит“).

Наводи

Tags:

Глигор Поповски ЖивотописГлигор Поповски Книжевно творештвоГлигор Поповски НаградиГлигор Поповски НаводиГлигор Поповски1 април14 мај19282007БеровоБудинарциПисателПоетПреведувачРаскажувачРоманописецСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ОксидЧовечко телоСтар векОпштина Ѓорче ПетровАнтонимПовикувачки броеви во МакедонијаРисто Шишков1894 во уметностаЦеребрална парализаЗигмунд ФројдМакедонска граматикаДијабетична кетоацидозаМакедонска преродбаХуманизам и ренесансаШар ПланинаЛондонХемоглобинНационална арена „Тоше Проески“СаксофонФлебитисМенаџментПридавки во македонскиот јазикКалеш АнѓаСтрептококиИзбори во МакедонијаСтарогрчка митологијаМасовни медиумиХепатитМакедонски претседателски избори (2019)Балкански ПолуостровБензенИсус ХристосЗабМандолинаОкеанПустинаСписок на македонски писателиНикола КаревЕден на ЕденНегушко востаниеВизантијаСписок на македонски народни поговоркиСреќаДевица (хороскопски знак)ИсландГубернаторКоприварка (пеперутка)Прва балканска војнаТинитусИнформатикаЈодидЃорѓи КолозовОдбрани раскази (книга од Димитар Солев)СкопјеРЕК „Битола“КларинетДимитар ВлаховЛебедово езероСтале ПоповПроста реченицаКајмак (филм)УкраинаПубертетСолунски атентатиЦветКочаниГоведарствоГенералот на мртвата војскаМозокРак на желудникЛимфоцитБубрежна инфекцијаХипотироидизамЕвроГонорејаСемејствоИлинденско востаниеФинска🡆 More