Маршалски Острови

Маршалски Острови, служб.

Република Маршалски Острови (маршалски: Aolepān Aorōkin M̧ajeļ) — островска република во Микронезија, Океанија. Маршалските Острови се составени од 29 острови и атоли. Најголем остров е Кваелин, а сигурно најпознат е атолот Бикини, на кој САД ја извршиле првата проба на атомска бомба.

Aolepān Aorōkin M̧ajeļ
Republic of the Marshall Islands
Маршалски Острови
Маршалски Острови Маршалски Острови
Знаме Грб
Гесло"Jepilpilin ke ejukaan" ("Остварување преку здружени сили")
ХимнаForever Marshall Islands

Маршалски Острови
Местоположба на Маршалски Острови
Главен градМаџуро (Делап)
7°7′N 171°4′E / 7.117° СГШ; 171.067° ИГД / 7.117; 171.067
Најголем град Маџуро
Службен јазик маршалски, англиски
Демоним Маршалец
Уредување Република
 •  Претседател Хилда Хајне
Независност
 •  од САД 21 октомври 1986 
Површина
 •  Вкупна 181 км2 (213-та)
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  проценка за 2016 г. 53.066 (203та)
 •  Попис 2011 53,158 
 •  Густина 293.0 жит/км2 (28-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2001 г.
 •  Вкупен $115 милиони (220-та)
 •  По жител $2,900 (2005) (195-та)
Валута американски долар (USD)
Часовен појас (UTC+12)
НДД .mh
Повик. бр. 692

Главен град е Маџуро, на истоимениот остров. Површината на островот е 181 км2, каде што живеат повеќе од околу 60.000 жители. Религијата е христијанска со 97%, а додека остатокот се бахаи со 2%. Службени јазици се маршалски јазик и англиски јазик.

Потекло на поимот

Името на островите е дадено во чест на британскиот капетан Џон Маршал. Тој за првпат ги документирал островите во 1788 година. На маршалски јазик државата се пишува M̧ajeļ и во македонскиот е влезен преку англискиот јазик, а се среќава и терминот Маршалови Острови.

Историја

Маршалски Острови 
Печурка од атомска бомба за време на пробите на САД на атолот Бикини.

Иако Маршалските Острови биле населени уште во 2 милениум п.н.е., денес малку податоци имаме за раната историја на државата. Луѓето емигрирале на островите со кануа.

Шпанскиот истражувач Алонсо де Салазар бил првиот Европеец кој пристигнал на островите во 1526 година, но тие повторно не биле посетени од Европејци сè до доаѓањето на британскиот капетан Џон Чарлс Маршал во 1788. Островите биле именувани според него на англиските карти. Но подоцна островите биле припоени кон Шпанска Океанија. Во 1874 година шпанското владеење врз островите било признато од меѓународната заедница. Во 1884 година островите биле продадени на Германија. Подоцна островите станале дел од Германска Нова Гвинеја.

Во 1979 година, Владата на Маршалските Острови била официјално основана и државата станала самоуправувачка. Во 1986 година Маршалските Островите потпишале договор со САД за слободна соработка со кој САД гарантирал независност и суверенитет на островите. Во 1990 Маршалските Острови станале членка на ООН.

Географија и клима

Маршалски Острови 
Карта на Маршалските Острови.

Државата се состои од 29 атоли и 5 острови. Најважни се ланецот острови Ратак и Ралик. Ненаселените острови се:

Политички систем

Маршалски Острови 
Парламентот на Маршалските Острови.

Владата на Маршалските Острови оперира во рамки на парламентарен претседателски систем. Избори во државата се одржуваат секои четири години и луѓето кои имаат над 18 години имаат право на глас. Претседателот е шеф на државата, но и претседател на владата и е избран од 33 сенатори, пратеници во Парламентот на Маршаловите Острови локално наречен „Нитиџела“ или долен дом.

Законодавната власт е во рацете на парламентот, односно долниот дом.Горниот дом, или Советот, е составен од 12 членови. извршната власт е во рацете на претседателот и кабинетот кој е составен од 10 министри назначени од самиот претседател со одобрение на парламентот.

Административна поделба

Стопанство

Растот н БНП во последните години на државата е 1% поради неефикасност на владата, падот на туризнмот и падот на странски инвестиции во државата.

Даноците во државата се релативно мали. Земјоделството е присутно со мали фарми на кои се произведува кокос, домат и лубеници.

Население, јазик и религија

Маршалците се микронезиски народ кои мигрирале на островите од Азија. две третини од населението живее на островот Маџуро и во истоимениот град.

Службени јазици во државата се маршалски јазик и англиски јазик и над 97% од населението се христијани, воглавно протестанти.

Култура

Во државата има два колеџа: Колеџ на Маршалските Острови и Универзитет на Јужен Пацифик.

Иако англискиот е службен јазик и се зборува насекаде, маршалскиот јазик се користи во владата. Исто така и јапонски јазик се зборува во државата. Маршалците се искусни во морепловство и веслање со кану.

Наводи

Надворешни врски

    Влада
    Општо
    Вести
    Друго

Поврзано

Tags:

Маршалски Острови Потекло на поимотМаршалски Острови ИсторијаМаршалски Острови Географија и климаМаршалски Острови Политички системМаршалски Острови Административна поделбаМаршалски Острови СтопанствоМаршалски Острови Население, јазик и религијаМаршалски Острови КултураМаршалски Острови НаводиМаршалски Острови Надворешни врскиМаршалски Острови ПоврзаноМаршалски ОстровиАтол БикиниАтомска бомбаМаршалски јазикМикронезијаОкеанијаРепубликаСАД

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Маја ИвановаИзбори во МакедонијаРеферендум во Македонија (2004)ЕндометриозаМакедонски претседателски избори (2019)Алијанса за АлбанцитеТом СоерОливера НиколоваМендух ТачиСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаРадовишКирилицаФеудализамМакедонски парламентарни избори (1990)ПечалбариСлуз-цедење во грлотоТурцијаВМРО-ДПМНЕОпштина ИлинденШтипДоматФранческо ПетраркаАнална фисураНационален парк ПелистерВагинален исцедокДекамеронДиво месо (драма)Козјак (езеро)Речник на стари македонски зборовиЦрн дробГласачки системКанцониеротБугаријаОпштина Ново СелоВидови аглиПиреј (роман)Рамиз МеркоПДПОбединето КралствоДоксициклинИзраелНезависен политичарХоландијаСтадион Рајко МитиќМала РечицаСвети Наум Охридски ЧудотворецГорјан ПетревскиЕлизабета ЃоргиевскаШармери од осмоОпштина ДолнениСоцијалдемократска унијаМакедонски парламентарни избори, 1990Македонски парламентарни избори (1994)Општина КрушевоБегалкаВооружена престрелка во Куманово (2015)СоцијалдемократијаПретседателЦрни и жолтиСтрумицаОслободителна војска на КосовоМултипла склерозаПоделба на властаМандолинаОдбивање (физика)Кафеава мечкаЕволуција на човекотЕвропска УнијаКубаДраган МијалковскиЛокални избори во Македонија (2017)Македонски парламентарни избори, 1998Ревизор (комедија)Љупчо ЈордановскиПиперРелигијаИранБорислав КрмовТристан и Изолда🡆 More