Бахреин

Кралството Бахреин (арапски: مملكة البحرين, Mamlakat al-Baḥrayn, буквално: „Кралство на двете мориња“) или само Бахреин е мала островска држава во Персискиот Залив која е управувана од кралското семејство Ал Халифа.

Бахреин е опколен со водите на заливот, но на запад се наоѓа Саудиска Арабија, Катар на југоисток со кој е одделен со Бахреинскиот Залив. Бахреин е поврзан со Саудиска Арабија со автопатот Крал Фахд кој бил отворен на 25 ноември 1986 година. Покрај тоа, се планира автопат со кој Бахреин би се поврзал со Катар. Државата е позната по својата нафта и бисери. Главен град на државата е Манама и службен јазик е арапскиот јазик. Вкупното население на Бахреин е 791.000 жители од кои најголем број се Арапи. Бахреин е една од најмалите држави во Азија со само 750 км2, но доста позната во светот по природните ресурси и формула трките.

Кралство Бахреин
مملكة البحرين
Mamlakat al-Baḥrayn
Бахреин Бахреин
Знаме Coat of arms
Химнаبحريننا
Bahrainona
Наш Бахреин

Бахреин
Местоположба на Бахреин
Главен градМанама
26°13′N 50°35′E / 26.217° СГШ; 50.583° ИГД / 26.217; 50.583
Најголем град главниот град
Службен јазик арапски
Демоним Бахреинец
Уредување Уставна монархија
 •  Крал Хамад Иса ал Халифа
 •  Кралица Сабика бинт Ибрахим
 •  Премиер Халифах ибн Сулман ал Халифа
Независност1
 •  од Португалија 1602 
 •  од Персија 1783 
 •  од Обединетото Кралство 16 декември 1971 
Површина
 •  Вкупна 665 км2 (189-та)
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за 2008 г. 708,573 (154-та)
 •  Густина 1454 жит/км2 (7-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $26.970 милијарди (118-та)
 •  По жител $34,605 (32-ра)
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $21.236 милијарди 
 •  По жител $27,247 
ИЧР (2013) 0.815
многу висок · 44та
Валута Бахреински динар (BHD)
Часовен појас (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .bh
Повик. бр. 973
1. Includes 235,108 non-nationals (September 2007 estimate).
Бахреин
Манама, главен град на Бахреин

Потекло на поимот

Името на државата доаѓа од истоимениот арапски збор што значи „две мориња“. Тоа се однесува на изворите на свежа вода кои можат да се најдат на островите во пространството на морската солена вода.

Историја

Географија и клима

Бахреин 
Карта на Бахреин.

Општо гледано, Бахреин е рамна и слабо обработлива држава, со пустински предели. Највисоката точка во државата изнесува 134 метри и се нарекува Џабал ад Духан. Вкупната површина на Бахреин изнесува 665 км2 што е малку поголем од островот Ман во Велика Британија, а помал од најголемиот аеродром во Саудиска Арабија. Бахреин е островска држава со околу 33 островчиња и има брег од околу 161 километар. Најголеми острови во архипелагот се островот Бахреин, островот Мухарак, Ум ан Насан и Ситрах.

Бахреин има благи зими и многу топли лета. Од природните ресурси, Бахреин располага со нафта и природен гас, но исто така и со риболовен потенцијал. Обработливата површина на државата изнесува 2.82% од вкупната површина, додека пустината зазема 92% од државата. Бахреин се соочува со претворање на земјата во пустина и со уништување на коралниот гребен и брегот.

Политички систем

Административна поделба

Бахреин 
Карта на областите во Бахреин

Бахреин административно се дели на 5 области („мухафази“). Секоја од нив има свој општински совет, кој се бира на посебни избори.

Областите се следниве:

  1. Престолнинска
  2. Централна
  3. Мухарак
  4. Северна
  5. Јужна

Стопанство

Демографија

Во 2010 година Бахреин имаше околу 1.234.000 жители од кои повеќе од 666.172 (54%) беа странци. Главнината од населението се Арапи, а најголемата имигрантска група се Индијците, чиј број во 2008 година изнесуваше околу 290.000.

Официјална религија во Бахреин е исламот. Според пописот во 2001, 81,2% од населението се муслимани, 9% христијани и 9,8% хиндуси и други. Нема официјални податоци за бројот на шиитите и сунитите, но според проценките на Британската канцеларија за странство и Комонвелтот, околу 33% се сунити, а 66% шиити.

Култура

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Бахреин Потекло на поимотБахреин ИсторијаБахреин Географија и климаБахреин Политички системБахреин Административна поделбаБахреин СтопанствоБахреин ДемографијаБахреин КултураБахреин НаводиБахреин ПоврзаноБахреин Надворешни врскиБахреин198625 ноемвриАзијаАрапиАрапски јазикБисерКатарМанамаНафтаОстровска државаПерсиски ЗаливСаудиска Арабија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Пат околу светот за 80 денаИнфективна мононуклеозаЗајасСрцев ударАлександар III МакедонскиПодметВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Мали сипанициАнална фисураГригор ПрличевДемократијаХајди (роман)Исус ХристосЗагадување на водатаСкопско КалеБраќа МиладиновциСедум светски чуда на античкиот светЕрих КестнерНикола КљусевОксидационо-редукциона реакцијаМајка ТерезаОпштина ДојранОпштина Демир ХисарВтора влада на Зоран ЗаевВелигденски јајцаОпштина Центар ЖупаГраѓанска опција за МакедонијаКалиопиВилма ТрајковскаКалеш АнѓаМакедонски парламентарни избори, 2008Талат ЏафериБилјана ВанковскаСашо МијалковВладо МисајловскиРепродуктивен системПрирокМонакоАнемијаЦрн дробДунавОхридска пастрмкаШтипМакедонски парламентарни избори (2024)БугаријаЧорбаџи ТеодосЛокални избори во Македонија (2009)Ресен‘Рбетен столбКрива ПаланкаБлагој ДавковОпштина НовациПелистерМиланоФашизамПолитичка партијаМакедонски парламентарни избори (2020)Град СкопјеМозокМакедонија во Втората светска војнаОпштина Маврово и РостушеНационален парк МавровоПридавкаЗНАММакедонски парламентарни избори, 2006ЛарингитисСписок на македонски зборови од турско потеклоЖолто МореМоликаЗвукСобрание на Република МакедонијаАнтони ПешевПоделба на властаОпштина КавадарциОпштина ЦентарОхридско ЕзероИзборна единица 6Меѓународен ден на трудот🡆 More