Хокеј На Трева

Хокеј на трева — екипен спорт со топка од семејството на хокејот.

Играат две екипи со по 11 играчи (10 и голман).

Хокеј на трева
Хокеј На Трева
Хокеј на трева на Летните младински олимписки игри 2018
Највисоко владеечко телоМеѓународен хокеарски сојуз
ПочетокXIX век, Индија
Карактеристики
Контактенограничен
Членови на екипата11
Категоризацијанадвор и внатре
Опрематопче, палка, ножни и усни штитници
Олимписки1908, 1920, 1928 – денес

Историја

Хокеј на трева се смета за еден од најстарите спортови. Траги од овој спорт може да се најдат уште пред 2500 години во Кина, Египет, Пакистан и Персија. Сепак хокеј на трева во модерен облик како што денес го знаеме, потекнува од Англија. Во Лондон во 1861 година било регистрирано постоење на машкиот хокеј од клубот „Блекхит“ (Blackheat) веќе од 1886 година е основано Лондонското хокеарско здружение. Англичаните овај спорт го донеле во Индија, каде што брзо стекнал голема популарност, така што се организирале меѓународни натпревари од 1895 г. До 1928 г. хокеј на трева во Индија станал национален спорт, па истата година на својот настап на Олимписките игри, Индија освоила златен медал и многу долги години доминирала на меѓународните настапи. Од 1971 година се одржува светски куп во хокеј на трева. Жените се занимавале со овој спорт од XIX век, ама веќе од 1974 г. се одржуваат натпревари во женска конкуренција цо светскиот куп, а од 1980 година и во Олимписките игри.

Игралиште

Хокеј На Трева 
Игралиште за хокеј на трева.

Ознаки и димензии

Две екипи од по 11 играчи, играат на терен со големина: 91 м должина и 55 м ширина. Палката со која се удира топката е долга околу 1 м, а тешка од 340 до 790 грама.

Игралиштето е поделено на два еднакви дела. Поделбата е направена попреку, така што секоја половина е долга 40,7 метри. Таа средишна линија е полна линија.

Секоја половина од игралиштето е повторно поделена на пола, на 22,9 метри и означена е со полна линија. Таа линија се нарекува „линија од 25 јарди“.

Целта е да се постигне погодок, погодокот е постигнат кога топката со обем од 23 см ќе влезе во голот кој е со димензии:висима 2,14, а ширина 3,66 м.

Головите се наоѓаат на средината на пократките страни од игралиштето.

Околу голот се нацртани два полукруга, а внатрешниот полукруг е означен со полна линија. Полупречникот е 14,63 м од стативите (не од средината на голот) и се нарекува шутирачки полукруг, познат и како D поради обликот. Надворешниот полукруг е 5 јарди (4,57 м) подолг од внатрешниот полукруг и е означен со испрекината линија.

Точката за пенал се наоѓа на 6,4 м од голот.

На пократкие страни од игралиштето, 5 јарди од голот од секоја страна се наоѓа ознака за казнен удар од агол (корнер) за екипата која е во фаза на одбрана, а 10 јарди од секоја страна на голот се наоѓа ознака за казнен удар од агол за екипата која е во фаза на напад.

На долгите страни од игралиштето, 5 јарди од крајот на игралиштето, на секоа половина се наоѓа ознака за долг удар од агол, за екипата која е во фаза на напад.

Подлога

Традиционално спортот се играл на тревни игралишта, по што овој вид на хокеј го добил името. Подоцна постепено се преминувало на вештачки површини, односно на вештачки треви. Од 1970-те, се давала предност на игралиштата со вештачка трева со песок, затоа што многу ја забрзувале играта. Последните години сè повеќе се дава претдност на игралишта со вештачка трева со вода, затоа што овозможуваат уште побрз пренос на топката „песочни“ вештачки треви. Но тука се и сигурносни причини: „водените“ се помалку разјадувачки и поради тоа се намалил степенот на поврадување на играчите. Сепак, ФИХ препорачува нови мешовити видови подлоги бараат помалку наводнување, со што се одбегнуваат неповолните еколошки влијанија чисто „водени“ подлоги кои бараат големо количество на вода.

Хокејот на трева во Македонија

Клубови

Спортот во Македонија е најзастапен во југозападниот дел на државата. Федерацијата за хокеј на трева на Македонија е основана во 2008 г. и во нејзин состав се следниве клубови:

  • КХТ „Стик 2007“ - Охрид
  • КХТ „Витези“ - Охрид
  • КХТ „Паткари“ - Струга

Репрезентација

Почнувајќи од 2010-тите активна е и Македонската репрезентација за хокеј на трева која учествува на меѓународни натпревари со значителни успеси.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Хокеј На Трева ИсторијаХокеј На Трева ИгралиштеХокеј На Трева Хокејот на трева во МакедонијаХокеј На Трева ПоврзаноХокеј На Трева НаводиХокеј На Трева Надворешни врскиХокеј На ТреваХокеј

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Гордана СилјановскаОпштина Гази БабаОпштина КарпошЧорбаџи ТеодосШтипЦигараХристијан МицкоскиБошко СмаќоскиБитка во АрачиновоСтрептококен фарингитисМакедонски јазикВодаСојуз на комунистите на МакедонијаСкитник (песна на Коле Неделковски)Движење БесаКорално МореАлбанијаТалат ЏафериУстав на МакедонијаАфрикаЗлата МегленскаАлкохолСирма ВојводаЦар СамоилМексикоХемороидЛила СтојановскаЈугоисточно македонско наречјеЛазар МојсовФудбалРоманијаРенесансаНародна Република КинаМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаИменки во македонскиот јазикПоштенски броеви во МакедонијаЗагадување на воздухотЛибијаСписок на змии во МакедонијаСвети Наум (манастир)Ѓорѓија СајкоскиБорјан ЈовановскиНародна федеративна партијаСвети МетодијМладотурска револуцијаФранцијаВселенаПиту ГулиСтрумицаДржавни празници во БугаријаТестостеронРисПравоаголен триаголник‘Рбетен столбБели мугриКоцкаГоце ДелчевИсламски календарГравАдам и ЕваОрел (род)Ослободителна војска на КосовоОвчи сипанициРак на желудникДоситеј ОбрадовиќОрман (Скопско)Роднински односиТристан и ИзолдаВиенаЗоран ЗаевКоле НеделковскиПроливЛанец на исхранаПарадоксот на ДиогенВагинален исцедокРомбУпад во Собранието на Македонија (2017)🡆 More