Манга

Манга (во канџи: 漫画; во хирагана: まんが; и во катакана: マンガ) — особен начин на цртање стрипови што е развиен во Јапонија во доцните години од XIX век.

Во нивниот современ облик, манга-стриповите датираат кратко по Втората светска војна, но пред тоа тие имаат долга и сложена историја во раната јапонска уметност.

Манга
Википе-Тан, пример на девојче нацртано во манга-стил

Во Јапонија, луѓе од сите возрасти читаат манга-стрипови. Овие стрипови можат да бидат во различни жанрови, како акција-авантура, романтика, спорт и игри, историја, комедија, научна фантастика, мистерија, ужаси, секс, па дури и бизнис. Со својот почеток во 1950-тите, мангата сега е еден голем дел од јапонската издавачка индустрија, заработувајќи 481 милијарда јени во Јапонија во 2006 (приближно 4,4 милијарди американски долари). Покрај Јапонија, мангата е доста популарна и низ целиот свет.

Во 2006, американскиот пазар од манга заработи 175−200 милиони долари. Мангата традиционално е печатена во црно-бела техника, иако постојат неколку манга-стрипови во боја. Во Јапонија, мангата е произведувана во стрипови со големина на телефонски именик, кои често во себе содржат повеќе различни приказни што се продолжуваат во следното издание. Ако некој манга-стрип постигне голема популарност, тој може да биде адаптиран во аниме (Анимирана серија чија тематика е инспирирана од некоја манга), по или дури неговото издавање, иако понекогаш мангата е заснована на веќе постоечки играни или анимирани филмови (на пр. Војна на ѕвездите).

„Манга“ како збор користен надвор од Јапонија се одзива конкретно на стриповите што изворно потекнуваат од Јапонија. Како и да е, Манга-стрипови се произведуваат насекаде во светот, особено во Тајван („Manhua“), Јужна Кореја („Manhwa“), и во Кина, особено во Хонгконг („Manhua“). Во Франција, „la nouvelle manga“ развиле свој сопствен стил на цртање стрипови кој е под големо влијаније на јапонската манга. Во САД, стриповите кои се под влијание на мангата, луѓето ги нарекуваат „Америманга“, „светска манга“, или „оригинална манга на англиски јазик“ (ОАЛ-Манга).

Потекло на поимот

Манга 
Зборот манга на писмото Канџи

Јапонскиот збор манга, буквално преведен, значи „оригинални слики“. Овој збор за првпат дошол во секојдневна употреба при крајот на 18тиот и почетокот на 19 век со објавувањето на делата како сликовницата Shiji no yukikai на Санто Кијоден во 1798, Manga hyakujo на Аикава Минва во 1814, и прочуената „Хокусаева манга“ во која се содржат цртежи од скицникот на познатиот дрворезен (укијо-е) уметник Хокусај. Ракутен Китазава (1876–1955) прв го искористил зборот „манга“ во модерната смисла.

Наводи

Tags:

XIX векЈапонијаВтора светска војнаКанџиКатаканаХирагана

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Амди БајрамСкопски земјотрес (1963)ФлебитисЛесновски манастирОпштина Тетово24 априлВлада на Македонија од 1992Правопис и правоговор на македонскиот јазикА1-телевизијаХипертензијаСДСМВласите во АлбанијаПравоаголен триаголникПетар ГошевПрекршување (физика)Природни ресурсиМакедонски претседателски избори (2004)Македонски парламентарни избори, 1994Данела АрсовскаМакедонски парламентарни избори (2024)СтомакПрва светска војнаМочуриштеСтарословенска азбукаБременостКрвМасакр кај ВејцеЗијадин СелаОпштина ДолнениЖичени инструментиБлерим РекаСтојанче АнгеловДемократи (политичка партија)Љупчо ЈордановскиСлуз-цедење во грлотоСвети НиколеБегалкаАвстралијаОпштина ГостиварБубрежна инфекцијаБроеви во македонскиот јазикСадула ДуракуНационален парк ГаличицаГлаголи во македонскиот јазикЛила СтојановскаВлада на Никола КљусевДождИнтеграИсламВтора влада на Зоран ЗаевДесет Божји заповедиСписок на македонски филмовиХороскопски знациСписок на политички партии во МакедонијаПсоријазаСписок на Влади на МакедонијаОпштина ВелесМакедонски парламентарни избори (2006)Никола Димитров (дипломат)Васко НаумовскиКочо РацинЛазар Поп-ТрајковЦрнила (драма)Карлес ПуџдемонАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаХајди (роман)Дедо Иљо МалешевскиСтево ПендаровскиЛозје (книга)МоликаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеПропорционална застапеностСиријаВМРО-ДПМНЕАвантурите на Хаклбери ФинИзраел🡆 More