Прага

Прага (чешки: Praha) — главен и најголем град на Чешката Република и 14 по големина во Европската Унија.

Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Градот е воедни и главен град на Средночешкиот крај. Toj е културен и економски центар на Чешка повеќе од 1000 години. Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции и голем број други организации и компании. Во Прага се наоѓаат претседателот, владата, централната власт и органите на Врховниот суд. Покрај тоа, во Прага се сместени голем број на други канцеларии и е централно место на единиците на локалната самоуправа. Исто така, таму се наоѓаат и седиштата на повеќето политички партии, седиштето на речиси сите цркви, верски и други здруженија на национално ниво во Чешка.

Прага
Praha
Главен град Прага
Hlavní město Praha
Од горе надесно: Прашки замок (Град) и Карловиот мост, Разиграна куќа, летниковецот „Ѕвезда“, Староградски плоштад, Вацлавски плоштад, Валенштајнски дворец, Кралска градина, Катедрала „Св. Вид“ и Градска куќа.
Од горе надесно: Прашки замок (Град) и Карловиот мост, Разиграна куќа, летниковецот „Ѕвезда“, Староградски плоштад, Вацлавски плоштад, Валенштајнски дворец, Кралска градина, Катедрала „Св. Вид“ и Градска куќа.
Знаме на ПрагаГрб на Прага
Прага is located in Чешка
Прага
Прага
Координати: 50°5′N 14°25′E / 50.083° СГШ; 14.417° ИГД / 50.083; 14.417
ЗемјаПрага Чешка
Основан~ 885
Управа
 • ГрадоначалникЗденек Хржиб (Чешка пиратска партија)
Површина
 • Градска496 км2 (192 ми2)
Најг. вис.&10000000000000399000000399 м
Најм. вис.&10000000000000177000000177 м
Население (2015-01-01)
 • Градско1.259.079
 • Метро2.156.097
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.100 00 – 199 00
Рег. таб.A
NUTSCZ01
БДП/жит. (ПКМ)43.950 € (EY) (2014)
Мреж. местоpraha.eu
Статистика: statnisprava.cz

За да ја достигне сегашната форма, Прага се развивала 11 векови. Како историски град, некогаш беше место на чешки кралеви и цареви, на германски и римски цареви. Исто така Прага беше и главен град на Чехословачка. Во моментов има површина од 496 км2 на која има 1,3 милиони жители. Во 2004 година (влезот во Европската Унија) биле одбројани приближно 2 милиони жители. Прага е економски развиена и богата област со исклучително висок стандард на живеење, и со тоа се издвојува не само надвор од чешките туку и од европските стандарди. Според статичките податоци на Евростат е шестиот најбогат регион во Европа. ХДП по жител изнесува 172% додека во просекот на ЕУ, ХДП по жител изнесува 80%.

Прага се смета за еден од најубавите градови во Европа. Историскиот центар на градот со уникатна панорама на Прашкиот замок (Прашки град), најголемиот замочен комплекс во светот, кој е наследство од УНЕСКО. Историскиот центар на градот како и многуте атракции го прават привлечен градот за многу туристи. Од сите земји на светот, во 2007 година, Прага ја посетиле 4.009.000 туристи, што го прави еден од најпосетените градови во Европа. Во 2006 година се наоѓа на 8-то место на најпосетените градови во Европа. Потоа во 2007 година на 7 место. И во истата година се наоѓа на 19 ранг на најпосетени градови во светот.

Име и атрибути

Официјалното име на Прага е дадено во 1920 г., а потекнува уште од 1784 г. Традициално е изведено од зборот „праг“. Историчарите велат дека тука реката имала праг, кој се наоѓа некаде на местото кај што се наоѓа Карловиот мост денес. Според преданието, принцезата Либуша се доселила во град каде што доселениците во овој град чекале на прагот на нејзината колиба.

Историја

Потекло

На територијата на денешна Прага, во праисторијата се сместени многу различни племиња од кои поседните беа Крешлице ( беа пред 7 години). Во 6-от век на територијата на Прага се доселиле Словените. Важно културно место е реката В’лтава како и градбите што биле изградени од принцот Боривој кон крајот на втората половина од 9-от век, христијанската црква во Чешка посветена на Дева Марија. Синот на кралот Боривој, Спитихнев во почетокот на 10-от век израдил кружна платформа околу палатата и и придонело заштита. Така биле поставеени темелите на денешниот Прашки замок. Прага стана центар на државата. Од Прашкиот замок и другите градини во Средночешкиот крај, владителите почнувале да се занимаваат со околината, којашто постепено била поделена на месни жители со свои бенефиции. За време на постоењето во замокот биле донесени многу занаетчии и трговци. Замокот почнува да се прероди во средниот век.

Среден век

Прага 
Катедралата „Св. Вид“ во Прага била изградена во 1344

Во почетокот од 12 век, Прага е просперитет на градот од замоците на благородниот тогашен принц. „Има Евреи кои таму живееат, има многу сребро и злато, таму живеат најбогатите луѓе, постои и развиен пазар...“ – напишал еден жител од Прага. Трговецот Ибрахим Ибн Јаков напишал во 10-от век во Прага, тоа е „градот на камен“. Во тоа време, срцето на Прага било сместена во она што е сега Старата Чаршија.

Приливот на занаетчии и трговци во двата града беше силна, особено за владеењето на Шарл IV. Прага стана импетијална резиденција на царот и и се наменети да се направи тоа, главниот град на Светска Римското Царство. Просторот што ги зафаќа ѕидините на градот Прага е исполнет со убави куќи, голем пазар, убави градби на цркви и манастири. Големината и раскошот на Прага е соперник на најпознатите градови Рим, Фиренца, Париз и др.

Обединување на градот

Првиот обид за обединување на Стариот и Новиот град беше во 1518 со поттикнувањето на Џон Гејтс. Во 1523 кралот Луј го потврди унифицираниот градски совет, а обединувањето на градот беше легализирано. Конечното обединување на градот Прага успеало во 1784г. За време на владеењето на Јозеф II. Потоа биле формирани Стариот и Новиот град како и прашкиот замок. На крајот од 19 век. Прага беше брзо индустријализирана, т.е во градот брзо се развиваат железнички и фабрики кои се значајни за целата држава воопшто.

Голема Прага

На крајот од Втората светска војна, беше прогласена независноста на дрѓавата. Во неа уште има симболи од Австриската Империја. Како новоформираниот град на Чехословачка таа беше модернизирана и уште се проширила. Во 1922г била основана Голема Прага, во која биле вклучени сите населби. Прага станала културен центар. Десетгодишниот период на Арт Нуво бил прекинат од Втората светска војна. На крајот од 20те години од 20 век почна да се манифестира во функционизам архитектурата. Исто така во овој петиод се појавува кубизмот.

Прага во Втората светска војна

Од 15 март 1939 г Прага е главен град на протекторатот Чешка и Моравија. Културниот живот е осакатен а универзитетите се затворени. За време на Втората светска војна во прага биле смесени неколку концентрациони логори на т.н „нижи раси“ имено, Евреи. Режимот зајакнал за време на успешниот атентат на Рајх Заштитник мај 1942. На 5 мај 1945г избувнува востание. Воените штети биле мали, уништувањето на градот во тоа време е речиси невозможно, малу посериозна е штетата што е направена од страна на американското бомбандирање.

Прага после војната

По крајот на Првата светска војна и поразот на Австрија, на овие простори била формирана Чехословачка, а за нејзина престолнина била избрана Прага. За време на Втората светска војна, Прага била под управата на Нацистичка Германија, време во кое биле убиени голем број на евреи. Во 1945 година, со помош на Црвената армија, Прага била ослободена и таа станала повторно престолнина на Чехословачка, но овој пат таа била комунистички организирана, под дејство на Советскиот Сојуз. Во 1967 година настапила т.н. Прашка пролет, која се страмила да воведе повеќе демократија и права за граѓаните и делумна децентрализација на економијата. Меѓу реформите кои биле спроведени биле: поголемата слобода на медиумите, слобода на говорот, и слободно движење и патување. Следната година, државата била окупирана од страна на СССР и нејзините сојузници, кои го задушиле тоа движење. По паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Чехословачка била демократизирана. По распаѓањето на Чехолсовачка во 1993 година, Прага останала престолнина на Чешка република.

Демографија

Прага е 14 по големина во ЕУ. На секои 10г населението се зголеми во просек од 57 200 жители. За неа менуваат во работата околу 300 000 луѓе, главно од централниот регион. Од средината на 90-те години значително се зајакнува етничките малцинства. Се проценува дека живеат привремено околу 50 000 Словаци, Украинци 50 000, 20 000 од поранешниот СССР, 10 000 од поранешна Југославија и 15 000 виетнамски. Во градот има неколку ромски заедници, особено во Либен. Процентот на ромската популација е помал од националниот просек. Повеќето Украинци се луѓето кои дојдоја да работаат и трајно се населиле тука. Прага има голем број емигранти и имигранти. Има значително голем број на имигранти. Според пописот од 2007 г градот се движи со околу 2 000 бездомни.

Географија

Поголемиот дел од градот лежи по долината на реката В’лтава, додека останатиот дел на други девет нејзини притоки. Од нејзината лева страна се влеваат пет а од нејзината десна четири притоки. Делот на реката В’лтава, кој минува низ Прага е долг 30 километри.

Најниска точка е кај В’лтава Сухдол 177м. Највисокиот рид е на Телечек Собин.

Клима

Климатски податоци за Prague
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 1.0
(33.8)
3.2
(37.8)
8.5
(47.3)
14.2
(57.6)
18.7
(65.7)
22.0
(71.6)
24.7
(76.5)
24.5
(76.1)
20.0
(68)
13.6
(56.5)
6.9
(44.4)
2.6
(36.7)
13.33
(56)
Прос. ниска °C (°F) −4.6
(23.7)
−3.8
(25.2)
−0.5
(31.1)
3.1
(37.6)
8.4
(47.1)
11.2
(52.2)
13.5
(56.3)
13.3
(55.9)
9.5
(49.1)
5.1
(41.2)
0.9
(33.6)
−2.1
(28.2)
4.5
(40.1)
Прос. врнежи мм (ин) 23.5
(0.925)
22.6
(0.89)
28.1
(1.106)
38.2
(1.504)
77.2
(3.039)
72.7
(2.862)
66.2
(2.606)
69.6
(2.74)
40.0
(1.575)
30.5
(1.201)
31.9
(1.256)
25.3
(0.996)
525.8
(20.7)
Прос. бр. врнежливи денови 7 6 6 7 10 10 9 9 7 6 7 7 91
Сред. бр. сончеви часови месечно 49.6 73.5 124.0 168.0 213.9 219.0 226.3 210.8 162.0 120.9 54.0 46.5 1.668,5
Извор бр. 1: World Meteorological Organisation (UN)
Извор бр. 2: Hong Kong Observatory (sun only).

Климата во прага е топла дури и на некои места достига до 50С. Просечни врнежи во 1961-1990диле 526.6мм од кои највеќе врнело во мај 78мм а најмалку во јануари 23мм. За годините меѓу 2000-2007 имаше годишно 160 дена врнежливи. Годишно има околку 60 дена со снег, најголем во јануари, каде што просечна висина од 5цм снег. Во просек годишно има 1600 часа сонце. Повеќето се во јуни 230 а минимум во декември 38.

Просечна годишна температура изнесува околу 8,5С. Најстуден месец е јануари со просечна дневна температура од 1С-3С, а најтопол е јули со просечна дневна температура од 24С. Релативна влажност на воздухот е помеѓу 65-90%.

Население

Година 1378 1500 1610 1798 1880 1930 1961 1980 1995 2005 2019
Население 40,000 30,000 60,000 79,000 350,000 950,000 1,130,000 1,190,000 1,210,000 1,180,000 1,309,182
Foreign residents in the city (2018)
Националност Население
Прага  Украина 56,984
Прага  Словачка 37,549
Прага  Русија 26,005
Прага  Виетнам 14,154
Прага  САД 6,648
Останати држави/територии
Прага  Бугарија 5,571
Прага  Кина без Хонгконг и Макао 5,460
Прага  Обединетото Кралство 4,559
Прага  Германија 4,472
Прага  Романија 4,460
Прага  Казахстан 4,082
Прага  Полска 3,909
Прага  Италија 3,036
Прага  Франција 3,098
Прага  Унгарија 2,771
Прага  Белорусија 2,710
Прага  Индија 2,358
Прага  Молдавија 1,856
Прага  Србија 1,844
Прага  Узбекистан 1,773
Прага  Турција 1,466
Прага  Јужна Кореја 1,357
Прага  Босна и Херцеговина 1,146
Прага  Јапонија 1,094
Прага  Македонија 1,021

Стопанство

Брутниот приход по жител во Прага е дупло повисок отколку оној на цела држава, и изнесува 32,358 € (2002). Стапката на невработеност во Прага е 3,4% или околу 20.000 жители.

Култура

Прага е култура престолнина на Чешка, европски град од 2000г. Има десетици музеи, галерии, театри, кина и разни културни институции. Градкото собрание троши повеќе од стотици милиони годишно само за културата. Благодарение на својата богата културна историја е еден од најпосатените градови во светот. За време на Втората светска војана претрпела низа оштетувања. Во Прага има вкупно 37 национални споменици.

Објекти

Објекти за образование и култура

  • Каролинум
  • Народен театар
  • Национален музеј
  • Квартал
  • Рудолфинум

Цркви и параклиси

  • Во Прашкиот замок
  • Катедрала „Св. Вид“
  • Базилика „Св. Ѓорѓи“
  • Параклис Св. Крст
  • Црквата на Сите Светии
  • Црвата на Пресвета Богородица
  • Црквата Св. Никола
  • Витлеем капела
  • Црквата Св. Петар и Павле
  • На ротонда на Св. Мартин

Манастири

  • Страхов
  • Емаус
  • Св. Агнес
  • Манастирот на Аугустин канони

Дворци

  • Кински
  • Черинин
  • Валенштејнов

Други структури

  • Карловиот мост
  • Таун Хел
  • Општинска куќа

Спорт

Збратимени градови

Прага како тема во уметноста и во популарната култура

Прага се јавува како инспирација или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура, како на пример:

Галерија

Наводи

Tags:

Прага Име и атрибутиПрага ИсторијаПрага ДемографијаПрага ГеографијаПрага КлимаПрага НаселениеПрага СтопанствоПрага КултураПрага ОбјектиПрага СпортПрага Збратимени градовиПрага како тема во уметноста и во популарната култураПрага ГалеријаПрага НаводиПрагаВ’лтаваЕУСредночешки крајЧешка РепубликаЧешки јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РеченицаДржаваСредоземно МореМакедонски парламентарни избори (1998)Атентат врз Киро ГлигоровМарокоТурцијаОпштина Маврово и РостушеОпштина ЖелиноШизофренијаМуса ЏафериИстанбулНилБели мугриБраќа МиладиновциСписок на држави во светотКалеш АнѓаГрад СкопјеОпштина ЦентарТимчо МуцунскиРеферендум во Македонија (2004)Оливера НиколоваХороскопски знациОпштина КарпошКинески прстенСтругаПоделба на властаПодржи КоњМухамед ХалилиПетре М. АндреевскиОбединето КралствоКирилицаВласиЦрни и жолтиСвети Наум Охридски ЧудотворецБеровоОхридЗаздравување на ранаВооружена престрелка во Куманово (2015)НовациСтрумицаСтојан ТарапузаЕпилепсијаОтоманска МакедонијаПиперБалкански рисБугарски возГерманијаОпштина ВелесСписок на македонски филмовиПретприемништвоГлаголи во македонскиот јазикСоцијалдемократијаВласите во АлбанијаИзборна единица 2ПопулизамТрајно македонско радикално обединувањеПутурусЈован МитрескиВелигденски јајцаЗоран ДамјановскиВиолинаМаја ИвановаОпштина ОхридМакедонски парламентарни избори, 2002Големи и мали (роман)Оливер СпасовскиКомунизамДеменцијаПреспанско ЕзероЧенто (населба)РимПрва влада на Бранко ЦрвенковскиВрапчиштеЈован СтојаноскиСвети ГеоргиВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаАндреј Петров🡆 More