Евростат

Евростат е генерален Директорат на Европската Комисија сместен во Луксембург.

Неговите главни одговорности се да ја обезбеди Европската Унија со статистички информации на европско ниво и да ја промовира хармонизацијата на статистичките методи низ земјите-членки на Европската Унија, кандидатските земји и ЕФТА-државите. Организациите во различни држави, кои активно соработуваат со Евростат се сумирани под концептот на Европскиот статистички систем.

Евростат

Организација

Како генерален Директорат на Комисијата, Евростат е дел од областа на комесарот за економски и финансиски прашања, Оли Рен.

Моменталниот генерален директор на Евростат е Валтер Радермахер од 2008, поранешен претседател на Сојузниот завод за статистика на Германија. Моментален заменик генерален директор е Марие Бохата од 2004, поранешен претседател на чешкиот завод за статистика.

Историја

1953 - Основан статистички оддел на Европската заедница за јаглен и челик.

1958 - Европската заедница беше создадена, заедно со предвесникот на Евростат.

1959 - Сегашното име на Евростат како Статистичко биро на Европската заедница беше донесено. Првата публикација издадена - за земјоделската статистика.

1960 - Прва анкета за работната сила во Заедницата.

1970 - Европскиот систем за интегрирани економски сметки (Европски систем за сметки, ЕСС) беше објавен и и генералната Статистичка класификација за економските активности во Европската заедница (NACE) беше основана.

1974 - Првиот домен во статистичката база на податоци (Cronos) беше инсталиран.

1988 - Европската Комисија усвои документ со кој се дефинираат првите политики околу статистичките информации.

1989 - Статистичкиот програмски комитет бил основан и првата програма (1989-1992) била усвоена од Советот како инструмент за спроведување на статистичката информациона политика.

1990 - Советот усвои директива за пренос на доверливите податоци на Евростат, претходно пречка за статистичката работа на Заедницата.

1991 - Улогата на Евростат е проширена како резултат на договорот за основање на Европската економска област и усвојувањето на Мастришкиот договор.

1993 - Единствениот пазар ги проширува активностите на Евростат, на пример, се основа Интрастат за статистики во внатрешната ЕУ-трговија. Евростат започнува со издавање на редовни вести.

1994 - Првиот европски панел за домаќинствата беше одржан, анализирајќи ги приходите, вработеноста, сиромаштијата, социјалната исклученост, домаќинствата, здравството, итн.

1997 - Статистиката беше додадена за првпат во Договорот од Амстердам и Законот за статистика беше одобрен од страна на Советот. Хармонизираниот индекс за потрошувачките цени HICP беше објавен за првпат - наменет за конвергенционите критериуми на Економскиот и монетарен сојуз на Европската Унија (ЕМУ).

1998 - Единаесет држави на почетокот во ЕМУ (ЕВР-11) ги објавија, а Евростат ги издаде првите индикатори специфични за ЕМУ-областа.

1999 - Почеток на ЕМУ, 1 јануари 2001.

2002 - Почеток на еврото на 1 јануари, Евростат ги имаше клучните статистики за монетарната политика.

2003 - Беа воочени неправилности во Евростат, видете Скандал во Евростат.

2004 - Почеток на бесплатната дистрибуација на сите статистички податоци, освен микроподатоците за истражувачки цели.

2005 - Препорака на Комисијата за независност, интегритет и одговорност на националните и статистичките власти на Унијата (Европски статистички кодекс за работа).

2005 - Почеток на тригодишната ревизија низ Европскиот статистички систем за проверка на усогласеноста со Кодексот за работа.

2007 - Моменталната петгодишна Статистичка програма 2008-2012 беше усвоена.

2009 - Нова европска регулатица, која ја регулира статистичката соработка во Европската Унија беше усвоена.

2010 - По силни критики од внатре и надвор од ЕУ за тоа како не се справува со фалсификуваните грчки податоци, Евростат издаде извештај со цел да ги оправда своите постапки.

Генерални директори

Име Држава Мандат
Ролф Вагенфир Евростат  Германија 1952–1966
Рајмонд Думас Евростат  Франција 1966–1973
Жак Мајер Евростат  Франција 1973–1977
Аге Дорнонвил де ла Кур Евростат  Данска 1977–1982
Питер де Гојс Евростат  Холандија 1982–1984
Силвио Рончети Евростат  Италија 1984–1987
Ив Франше Евростат  Франција 1987–2003
Мишел Ванден Абеле Евростат  Белгија 2003–2004
Гинтер Ханрајх Евростат  Австрија 2004–2006
Ерве Каре Евростат  Франција 2006–2008
Валтер Радермахер Евростат  Германија 2008–до денес

Главни области на статистичките активности

Статистичката работа на Евростат е структуриран во теми и подтеми.

Политика на показатели на ЕУ
    • Структурни показатели
    • Евро-показатели/Начелни европски економски показатели (PEEI)
    • Показатели за одржлив развој
Општа и регионална статистика
    • Региони и градови
    • Меѓународна соработка
    • Соработка со средоземните земји - МЕДСТАТ-програма
    • Земји-кандидати и потенцијални кандидати
Економија и финансии
    • Национални сметки (вклучувајќи и БДП)
    • ESA 95 инпут-аутпут табели
    • Сметки за европскиот сектор
    • Владини финансиски статистики
    • Финансиски сметки
    • Курсни листи
    • Каматни стапки
    • Монетарна и други финансиски статистики
    • Хармонизиран индекс на потрошувачки цени (HICP)
    • Биланс на плаќања
Население и социјални услови
    • Население
    • Здравство (Јавно здравтсво/Здравје и безбедност при работа)
    • Образование и обука
    • Пазар на труд (вклучувајќи LFS - Анкета за пазарот на труд)
    • Услови за живеење и социјална заштита
    • Криминал и кривична правда
    • Култура
Индустрија, трговија и услуги
    • Структурна бизнис-статистика
    • Краткорочна бизнис-статистика
    • Туризам
    • Произведени добра
    • Информатичко општество
Зејоделство и рибарство
    • Земјоделство
    • Шумарство
    • Рибарство
    • Храна: од нива до трпеза
Надворешна трговија Сообраќај
Животна средина и енергија
    • Животна средина
    • Енергија
Наука и технологија

Општи статистички активности поврзани со Европскиот статистички систем се:

  • Координација и управувања со Европскиот статистички систем
  • Статистичка методолошка координација и истражување
  • Статистички квалитет и известување

Пристап до статистиките на Евростат

Најважните статистики се достапни преку печатот. Тие се поставуваат на интернет во 11.00 наутро. Исто така, ова е време кога содржината на соопштенијата се дистрибуираат до јавноста преку новинските агенции.

Евростат ја дистрибуира својата статистика бесплатно преку интернет и нејзините статистички бази на податоци се достапни, исто така преку интернет. Статистиките се хиерархиски подредени во навигациски дрва. Табелите се разликуваат од повеќедимензионалните бази на податоци од кои статистиките се извадени преку интерактивни алатки.

Исто така, разни печатени публикации се на располагање или во електронска форма бесплатни на интернет или печатени изданија преку книжарницата на ЕУ. Само поголемите публикации се наплаќаат како печатени копии

Статистички податоци за истражувачки цели

Микроподатоците, кој во основа дозволуваат идентификација на статистичката единица (на пр. човек во анкетата за работна сила или компанија во статистиката за иновации), се третира како строго доверливи. Под силно обезбедување, различните анонимизирани бази на податоци се обезбедуваат на истражувачките институции за потврдени истражувачки проекти.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Евростат ОрганизацијаЕвростат ИсторијаЕвростат Генерални директориЕвростат Главни области на статистичките активностиЕвростат Пристап до статистиките на Евростат Статистички податоци за истражувачки целиЕвростат ПоврзаноЕвростат НаводиЕвростат Надворешни врскиЕвростатЕвропска асоцијација за слободна трговијаЕвропската УнијаЗемји членки на Европската УнијаИдно проширување на Европската УнијаЛуксембург

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МитКоле ЧашулеЦветнициАлександар КирацовскиДвижење БесаК-15ГаличицаЉупчо ГеоргиевскиДржавна изборна комисијаКичевоВлада на Талат ЏафериМакедонски парламентарни избори, 1998Мехмед-паша СоколовиќДржавни празници во МакедонијаГоран СтефановскиВтора влада на Зоран ЗаевНова алтернативаКостадин КостадиновУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Српска пропаганда во МакедонијаАлопецијаГликемијаШишман АнгеловскиДимитар МиладиновДемократски сили на РомитеРоманијаТамбура (македонска)МитозаПанонска НизинаВидови аглиИнтеграГостиварКошаркаНационални паркови во МакедонијаНАТОИсламизацијата во МакедонијаКриптовалутаУстав на МакедонијаВтора влада на Бранко ЦрвенковскиОпштина ДојранМакедонски пасошИзборна единица 2Македонски парламентарни избори (2014)Сојузни држави на САДЖирафаБугарска пропаганда во МакедонијаСписок на главни градови во светотВртоглавицаОпштина ДолнениОпштина СтрумицаОзонска обвивкаПанкреасСвети Наум (манастир)НационализамБлерим РекаВлада на МакедонијаТумор на мозокКирилицаПетар ГошевОксидационо-редукциона реакцијаВиртуелна машинаБосна и ХерцеговинаЈулијански календарЛокални избори во Македонија (2017)Српска напредна странка во МакедонијаПолитика на МакедонијаМакедонски КонцептКрпен животБела мечкаДПААвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаМојот звукИзборна единица 4Дојранско ЕзероТрансверзала (геометрија)Индонезија🡆 More