Бела Мечка

Белата мечка (Ursus maritimus), позната и како поларна мечка е мечка која живее во областа на Северниот Пол.

Бела мечка
Бела Мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Месојадци
Семејство: Мечки
Род: Мечки
Вид: U. maritimus
Научен назив
Ursus maritimus
Phipps, 1774
Бела Мечка
Распространетост на белата мечка

Таа е најголемиот сувоземен месојад на светот, бидејќи мажјаците најчесто тежат 300 - 600 кг, а женките пола од тоа. Крзното ѝ е прозрачно, но изгледа како бело или кремасто, со што му обезбедува на животното добра камуфлажа. Кожата ѝ е всушност црна. Дебелото сало и крзно ја изолираат од студот. Има кус опаш и мали уши, што ја намалува загубата на топлина. Има и релативно мала глава и долгнавесто тело, што ѝ дава брзина при пливањето. Белата мечка е полуводен цицач, прилагоден на живот на копно, море и мраз, и е врвен месојад во нејзиниот животен простор. Се храни главно со фоки, млади моржови и китови, но всушност, ќе изеде сè што може да улови.

Белите мечки се ранлив вид со висок ризик за исчезнување поради прекумерниот лов и поради исчезнувањето на нивниот животен простор, што доаѓа како резултат на топењето на мразот на Северниот Пол. Зоолозите и климатолозите веруваат дека популацијата на белите мечки ќе се намали на една третина од сегашната до 2050 г. Во речиси сите земји од регионот на Северниот Пол белата мечка е прогласена за загрозен вид и е заштитена со закон.

Изглед, мерки, еволуција

Големина и тежина

Diving polar bear

Белите мечки се меѓу најголемите сувоземни месојади. Мажјаците може да тежат и до двапати повеќе од вториот по големина месојад - сибирскиот тигар. Мажјаците се 25-45% потешки од женките, тежат 350-650 кг, и се долги 2,5-3 м (видете: полов диморфизам). Возрасните женки тежат 150–250 кг и се долги 2-2,5 м, но тежината им се удвојува за време на бременоста.. Опашката им е долга 8-12 см. При раѓање мечињата тежат 600-700 гр.

Најголемата регистрирана бела мечка бил мажјак, наводно тежок околу 1000 кг, застрелан во северозападна Алјаска во 1960 година.

Крзно и кожа

Бела Мечка 
Инфрацрвена снимка на бела мечка. Крзното речиси целосно ја изолира од надворешната средина.

Крзното на белата мечка ѝ обезбедува камуфлажа и изолација. Иако изгледа бело, крзното е прозрачно, налик на водените капки што го сочинуваат облакот. Со староста крзното може да пожолти. Тврдите влакна на стапалата на мечката ѝ даваат изолација и кочење на мразот. Белите мечки се митарат од мај до август, но за разлика од други арктички цицачи, бојата на летното и зимското крзно не се разликува.

Густото поткрзно одлично ја загрева мечката: тие се прегреваат на температури над 10 °C, а и речиси невидливи се на инфрацрвена камера, што значи дека не испуштаат топлина.

Надворешното крзно е долго 5-15 см, освен на предните нозе на мажјаците, кај што расте и подолго. Се смета дека тоа има намена да ги привлекува женките, слично како гривата кај лавот.

Еволуција

Се верува дека семејството мечки се издиференцирало од месојадите пред околу 38 милиони години. Според ДНК анализите и најдените фосили, белата мечка се издвоила како вид од кафеавата мечка пред само околу 200.000 години. Најстариот најден фосил на бела мечка е стар околу 100.000 години. Најдените фосили покажуваат и дека пред само 10-20.000 години катниците на белата мечка почнале да се разликуваат од оние на кафеавата.

Генетски најблизок сродник на белата мечка е една популација на алјаските кафеави мечки (кодијак). Белите мечки можат и да се парат со нив и да родат здрави и плодни младенчиња.

Сето ова покажува дека белата мечка е релативно нов вид.

Однесување

Бела Мечка 
Три бели мечки љубопитно ја разгледуваат подморницата УСС Хонолулу 450 км од Северниот Пол. Фотографија на морнарицата на САД.

Белите мечки се огромни, агресивни, љубопитни, и потенцијално опасни за луѓето. Дивите бели мечки, за разлика од другите видови на мечки, се речиси сосема ненавикнати на луѓе, и лесно може да ги нападнат како потенцијален плен. Мажјаците се самотници, се здружуваат со женките само во сезоната на парење, а женките се обично дружељубиви меѓусебе. Иако го имаат истиот хормон за хибернација како и останатите мечки, белите мечки не ја преспиваат зимата, освен бремените женки.

Живеалиште

Бела Мечка 
Карта на распространетост на белите мечки.

Белите мечки живеат во деветнаесет различни популации во пет земји:

Се проценува дека постојат 20-25.000 бели мечки, од кои околу 60% живеат во Канада. Деветнаесетте популации се движат во рамки на засебни географски региони, но студиите на ДНК покажуваат дека тие меѓусебно се мешаат.

Иако минува многу време на копно и на мраз, белата мечка се смета за морски цицач поради тесната врска со морето. Јужните граници на нејзиното живеалиште се ограничени од простирањето на мразот.

Топењето на мразот, предизвикано од глобалното затоплување, практично значи уништување на животната средина на белите мечки, и го загрозува нивното преживување како вид.

Лов и исхрана

Бела Мечка 
Бела мечка на труп од кит

Белите мечки се најкрвожедните членови на семејството на мечките. За разлика од останатите мечки, белата мечка се храни речиси исклучиво со месо. Се хранат со фоки, особено со прстенестата фока, која отвора дупки во мразот за да дише, но всушнот јадат сè што можат да фатат: птици, јајца, глодачи, ракови, шкампи, белуга китови, млади од моржови, лосови и др. Забележано е во ретки случаи дека јадат и растенија како бобинки, корења и морски треви, но тоа не е значаен дел од нивната исхрана.

Метаболизмот на белата мечка е прилагоден на исхрана со сало од морски цицачи.

Повеќето животни се побрзи од белата мечка на отворено или во вода, а и брзо се прегрева, затоа мечките ловат на работ меѓу мразот и морето, или се хранат со трупови од умрени моржови или китови. Кога мразот е повлечен во текот на летото, живеат од своите мrсни резерви и ретко ловат. Иако се мошне силни, ретко напаѓаат возрасни моржови, бидејќи тие се двојно потешки, но и таков случај е забележан на камера.

Како месојад кој се храни со месојади што јадат риба, белата мечка внесува големи количества ретинол - витамин А, кој се складира во црниот дроб. Поради тоа, црниот дроб им е отровен за луѓето, бидејќи предизвикува хипервитаминоза на витаминот А.

Белите мечки се одлични пливачи и биле видени во арктичките води и на 100 км од брегот. Во некои случаи поминуваат доста време и на сантите мраз. Нивното сало, што достигнува дебелина до 12 см, им дава дополнителна пловност, а и ги изолира од студената вода. Во последно време, регистрирани се 4 давења на бели мечки, веројатно поради тоа што отишле предалеку барајќи храна поради топењето на мразот.

Бидејќи се љубопитни и јадат сѐ што ќе стигнат, белите мечки го истражуваат и го јадат и ѓубрето што го оставаат луѓето. Забележано е дека јадат пластика, акумулатори, етлен гликол, хидраулично масло, моторно масло, стиропор и др.

Поради тоа што се наоѓаат на врвот на ланецот на исхраната, белите мечки страдаат од прекумерно внесување на разни токсични материи кои влијаат врз имунитетот, вродените мани, наталитетот, однесувањето, бројноста, и др.

Размножување

Бела Мечка 
Мајка и две мечиња на островот Гиљамо во Националниот Парк Укусиксалик - Канада.

Белите мечки се парат во април и мај во период од една недела, колку што е потребно за да се индуцира овулација. Оплоденото јајце останува во мирување во мајката до август или септември. Во овој период од 4 месеци, женките јадат огромни количества храна подготвувајќи се за бременоста, и често ја зголемуваат тежината и повеќе од двојно. Кога храната станува недостапна во август поради топењето на мразот, мечката копа дувло во снегот и влегува во заспана состојба слична на хибернација. Во области каде што преку целата година имаат храна, остануваат активни до октомври. Мечињата се раѓаат во декември без да се разбуди мајката. Таа останува заспана додека ги дои, сѐ до март, кога семејството излегува од дувлото. Најголемата закана за младенчињата се други возразни мажјаци, кои би ги убиле младите за да се парат со мајката.

Мајката ги одгледува мечињата до втората или третата години, после што тие се одвојуваат. Помалку од половина од новородените мечиња ја преживуваат првата година од животот.

Полната зрелост настапува на возраст од околу 4 години, но може да задоцни и до 6.

Заштита

Од 1973 година, земјите во кои живеат бели мечки имаат потпишано меѓународен договор за нивна заштита. Заштитата главно се однесува на ограничувањето на ловот, кој е ограничен само на лов за домородната популација до извесни квоти. Ловот на белите мечки целосно е забранет во Норвешка уште од 1975 година.

На 14 мај 2008 година, САД ја впишаа белата мечка како загрозен вид.

Занимливости

Бела Мечка 
  • Белите мечки се познати по своето бело крзно и необично место на живеење. Компании како Кока-Кола и други, употребуваат слика на белата мечка за свое лого, реклама или на пакувањето на производите.
  • Канадската монета од 2 долари е со слика на бела мечка.
  • ТВ серијата „Изгубени“ прикажува бели мечки на непознат тропски остров.
  • Белата мечка беше маскота на Зимските Олимписки игри во Калгари - Канада, 1988.
  • Северозападните Територии и Нунавут во Канада имаат регистарска табличка на возилата во форма на бела мечка.

Белата мечка како мотив во популарната култура

  • „Бела мечка“ (англиски: Polar Bear) — песна на британската рок-група Рајд (Ride) од 1990 година.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Бела Мечка Изглед, мерки, еволуцијаБела Мечка ОднесувањеБела Мечка ЗаштитаБела Мечка ЗанимливостиБела Мечка Белата мечка како мотив во популарната култураБела Мечка НаводиБела Мечка Надворешни врскиБела МечкаКитМечкаМоржПолов диморфизамСеверен ПолФока

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Пиринска МакедонијаПравоаголен триаголникПутурусОпштина КарпошВелики петокИнтеграЃорѓија СајкоскиМултипла склерозаЗемја (планета)Избирачко местоКрешник БектешиХартијаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиВесна БендевскаВодаСтрујно колоСтале ПоповСрцева слабостДиво месо (драма)Нина Атанасова-ШкрињариќКрушевска РепубликаДемократска партија на Турците на МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 1994Стојанче АнгеловКочо РацинДимитар АпасиевАртан ГрубиСлуз-цедење во грлотоСоцијализамРак на желудникСашко КедевКоле НеделковскиАндреј ПетровСкржавецот (Плавт)Велигденски јајцаЕнциклопедијаЏек ЛондонНезависен политичарГерманијаМојот звукБубрежна инфекцијаОпштина СарајАнтон ПановЗнаме на МакедонијаДебрцаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)НационализамОзонска обвивкаДемократски сојузНова социјалдемократска партијаЛокални избори во Македонија (2005)Каролина Ристова - АстерудРесенЛокални избори во Македонија (2021)ПолжавиМасакр во СребреницаВлада на Љубчо ГеоргиевскиТеатарска претставаОпштина ОхридДонтов методОпштина Маврово и РостушеЧорбаџи ТеодосБугаријаПоделба на властаСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Јосип Броз-ТитоТито ПетковскиУпад во Собранието на Македонија (2017)Список на Влади на МакедонијаДаме ГруевСрпска пропаганда во МакедонијаОпштина РанковцеСрбијаЕдинствена МакедонијаК-15Блаже Конески🡆 More