Ебола

Ебола — заболување кај човекот предизвикано од вирусот ебола.

Симптомите на оваа болест вообичаено се појавуваат два дена до три седмици по заразувањето со вирусот, со треска, воспаление на грлото, мускулни болки, и главоболки. Потоа, вообичаено следуваат мачнина, повраќање и дијареја, проследено со намалена функција на црниот дроб и бубрезите. Во тој период, кај некои лица почнуваат да се јавуваат проблеми со крварење.

Ебола
Ебола
Слика од 1976 година на која се прикажани две медицински сестри пред Маинга Н., личност заболена од вирусот ебола. Таа починала неколку дена подоцна поради тешки внатрешни крварења.
СпецијалностЗаразна болест Уреди на Википодатоците
Ебола    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Причина и дијагноза

Ебола 
Изолација на заболени во Гулу, Уганда, за време на епидемијата од октомври 2000 година.

Кај луѓето, ебола ја предизвикуваат четири или пет вируси од генот ебола. Четири од нив се Бундибуџо вирус (BDBV), Судански вирус (SUDV), Таи Форест вирус (TAFV) и еден едноставно наречен ебола (EBOV, поранешно име - заирски ебола вирус). Заирскиот ебола вирус е најопасен од сите познати вируси на ебола, и е одговорен за најголемиот број на епидемии. За петтиот вирус, Рестон вирус (RESTV), се смета дека не предизвикува болест кај луѓето, туку само кај другите примати. Сите пет вида на вирус се тесно поврзани со вирусите наречени марбург вируси.

Вирусот може да се добие преку контакт со крв или телесни течности од инфицирано животно (вообичаено мајмуни или големи лилјаци). Не е документирано ширење преку воздух во природната средина. Големите лилјаци се верува дека го носат и го шират вирусот без при тоа самите да заболат. Штом инфекција се појави кај човек, болеста може да се шири помеѓу луѓето исто така. Машките лица што ја преживеале болеста може да ја пренесуваат преку полов пат уште приближно два месеци. За да се дијагностицира, прво треба да се исклучат други болести со слични симптоми како што се маларија, колера и други вирусни хеморагични трески. За да се потврди дијагнозата, се тестираат примероци од крв за присуство на вирусни антитела, вирусна РНК, или на самиот вирус.

Превенција

Превенцијата вклучува намалување на ширењето на болеста од инфицирани мајмуни и свињи на луѓе. Ова се прави со прегледи на тие животни за да се утврди дали се инфицирани и нивно убивање и соодветно отстранување на телата ако се открие болеста. Соодветно варење на месото и носење на заштитна облека кога се ракува со месото исто така може да биде корисно, како што е и носење на заштитна облека и миење на раце кога се наоѓате во близина на заболено лице. Особено претпазливо треба да се ракува со примероци од телесни течности и ткива од лица заболени од оваа болест.

Симптоми

Должината на времето помеѓу изложеноста на вирусот и развојот на симптомите (период на инкубација) е меѓу 2 дена и 21 ден, а најчесто меѓу 4 и 10 дена. Сепак, неодамнешните проценки засновани врз основа на математички модели предвидуваат дека кај околу 5% од случаите инкубацијата може да потрае повеќе од 21 ден.

Симптомите обично започнуваат со ненадејни симптоми на грип: замор, треска, слабост, намален апетит, мускулна болка, болка во зглобовите, главоболка и болки во грлото. Покачената температура е најчесто над 38,3 °C. Ова честопати е проследено со гадење, повраќање, дијареја, болки во стомакот, а понекогаш и икање. Комбинацијата на повраќање и дијареја води до тешка дехидратација. Потоа се појавува кусо дишење и болка во градите, проследено со оток, главоболка и збунетост. При половина од случаите, на кожата се појавува осип, пет до седум дена по појава на првите симптоми.

Крварење

Во неко ислучаи, може да се појави внатрешно и надворешно крварење, пет до седум дена по првите симптоми. Кај сите болни се појавува некој вид на крварење: Bleeding from mucous membranes or from sites of needle punctures has been reported in 40–50% of cases. повраќање крв, искашлување крв или крвава столица. Тешко крварење ретко се случува, а ако се случи се појавува во цревата.

Опоравување и смртност

Опоравувањето се случува по 7 до 14 дена по појава на првите симптоми. Смрт се случува по 6 до 16 дена по појава на првите симптоми и најчесто како последица на хиповолемија, односно недововлно телесни течности во организмот. Во случај на смрт, заболениот паѓа во кома пред да умре.

Преживеаните често имаат постојана болка во мускулите и зглобовите, хепатит, намален слух, постојан замор, намален апетит и тешкотии да ја повратат тежината што ја имале пред да настапи болеста. Во некои случаи се појавуваат проблеми со видот.

Преживеаните развиваат антитела против ебола кои траат 10 години, но не е познато дали се навистина имуни на болеста, односно на повторна инфекција.

Лекување и епидемиологија

Ебола 
Британка која носи заштитна опрема

Нема одреден лек за болеста; напорите да им се помогне на инфицираните лица вклучуваат или давање на орална терапија за рехидратација (делумно слатка и солена вода за пиење), или интравенозни течности. Болеста има висока стапка на смртност: често умираат помеѓу 50% и 90% од инфицираните со вирусот. ЕВЗ е првпат откриена во Судан и Демократска Република Конго. Болеста вообичаено се појавува со епидемија која започнува во тропските региони на Потсахарска Африка. Од 1976 (кога е евидентирана за првпат) до 2013, Светската здравствена организација известила за 2.387 потврдени случаи од кои 1.590 завршиле со смрт. Најголемата епидемија до сега е Епидемија на ебола во Западна Африка во 2014 година, при која најголемиот број на смртни случаи биле забележани во Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија. Биле регистрирани 28.616 заболени, од кои умреле 11.310 луѓе.

Вакцина

Пред 2014 година биле правени напори да се направи вакцина против ебола, но безуспешно. Во декември 2016 година, создадена е вакцината rVSV-ZEBOV која 70–100% спречува заболување од ебола, и е првата докажана вакцина против оваа болест. Повеќе од 100.000 луѓе се вакцинирани против ебола до 2019 година.

Оние кои ги лекуваат болните од ебола треба да носат заштитна опрема: маски, ракавици, очила и наметки, со кои кожата е заштитена. Истата заштита се препорачува за оние кои се во допир со заразени предмети. Во случај на смрт на заболено лице од ебола, треба да се избегнува директен контакт со телото.

Прв случај

Ебола 
Фабриката за памук во Нзара, Јужен Судан, каде се сучила првата епидемија
Ебола 
Уловено животно подготвено за готвење во Гана. Во Африка дури и лилјаците се ловат за храна. Во екваторска Африка преку јадење на уловени диви животни се врши пренос на болести од животни на луѓе, вклучувајќи ја еболата.

Иако не се знае со сигурност како се пренесла еболата од животните на луѓето, преносот бил направен преку контакт со заболено диво животно (шимпанзи, горили, бабуни) или големите лилјаци кои јадат овошје.

Животните може да се инфицираат јадејќи овошје што го гризнал голем лилјак кој го носи вирусот. Појава на епидемија меѓу животните може да се случи поради бројни фактори.

Доказите укажуваат дека домашните кучиња и свињи може да се инфицираат од ебола. Кучињата не покажуваат симптоми кога се преносители на вирусот, а свињите може да заразат некои примати. Иако некои кучиња кои живееле во област каде имало епидемија имаат антитела на ебола, не е познато дали имале улога во ширењето на заразата.

Како природни пренесувачи на ебола, иако не е потврдено, се сметаат лилјаците. Три вида на големи лилјаци (Hypsignathus monstrosus, Epomops franqueti и Myonycteris torquata) го носат вирусот без да се разболат.

Лилјаците живеат во фабриката каде се појавиле првите случаи на ебола во 1976 и 1979 година, а исто така биле поврзани и со заболувањата со вирусот марбург во 1975 и 1980 година. Лилјаците не покажале никакви симптоми на болеста, поради што се сметаат дека се носители на вирусот. Во истражување спроведено во 2002 и 2003 година на 1.030 животни, меѓу кои 679 лилјаци од Габон и Република Конго, 13 големи лилјаци имале РНК на ебола. Антитела на заирски и рестон вирус биле најдени кај големи лилјаци во Бангладеш, што е показател дека овие лилјаци се потенцијални носители на вирусот, како и дека има филовируси во Азија.

Уништувањето на шумите во Демократска Република Конго се смета дека е една од причините за епидемиите, бидејќи започнале блиску до скоро уништено земјиште.

1976

Првата позната епидемија на ебола се случила меѓу јуни и ноември 1976 година, во Нзара, Јужен Судан (тогаш дел од Судан), и била предизвикана од суданскиот вирус (SUDV). Оваа епидемија опфатила 284 лица, од кои 151 заболен завршиле со смрт. Првиот заболен бил регистриран на 27 јуни во продавница на фабриката за памук во Нзара, кој бил однесен во болница на 30 јуни, и починал на 6 јули. Медицинскиот персонал на Светската здравствена органзиација вклучен во лекување на епидемијата знаел дека се работи за дотогаш непозната болест, именувањето на вирусот и неговото идентификување се случило по неколку месеци во Заир.

На 26 август 1976 година, избила втора епидемија на ебола во Јамбуку, мало село во северен Заир (денес во состав на Демократска Република Конго), предизвикана од заирскиот вирус, различен од оној во Судан. Како прв заболен бил регистриран директорот на селското училиште, Мабло Локела, кој покажал симптоми на 26 август 1976 година. Локела се вратил од патувањето во северен Заир, при што престојувал кај реката Ебола меѓу 12 и 22 август. Првата дијагноза која му ја поставиле била маларија, па му дале кинин. Но, симптомите се влошиле, и бил однесен во мисионерската болница во Јамбуку на 5 септември, каде починал на 8 септември 14 дена по првите симптоми.

По смртта на Локела, починале и оние кои биле во контакт со него, а жителите на Јамбуку ги фатило паника. Министерот за здравство и претседателот на Заир Мобуту Сесе Секо прогласил карантин на целиот регион, вклучувајќи ги Јамбуку и главниот град Киншаса. никој не смеел да влезе или да излезе од таа област. Училиштата и фирмите биле затворени. Истражувачи од Центарот за контрола и превензија од болести, меѓу кои пронаоѓачот на еболата Питер Пиот, пристигнале за да ги видат последиците од епидемијата

Пиот забележал дека белгиските сестри ненамерно ја започнале епидемијата со тоа што на бремените жени им давале непотребни витамински инекции со нестерилизирани игли. Епидемијата траела 26 дена, а карантинот 14 дена. Истражувачите претпоставиле дека ширењето на болеста запрело поради мерките што ги презеле месните жители, карантинот и престанувањето со давање инекции.

1995–2014

Наредната голема епидемија во Заир (денес во состав на Демократска Република конго) избила во 1995 година, со 315 заболени и 254 мртви.

Во 2000 година, во Уганда избила епидемија со 425 заболени и 224 мртви.

Во 2003 година, епидемија во Конго зафатила 143 заболени, од кои 128 починале, со 90% смртни случаи..

Во 2004 година, руска научничка починала од ебола откако случајно се боцнала со заразена игла.

Меѓу април и август 2007 година избила епидемија во Конго, in a four-village region за која било во септември утврдено дека била предизвикана од ебола.

На 30 ноември 2007 година, во западна Уганда избила епидемија на ебола.

Во 2012 година неколку случаи на ебола биле забележани од Светската здравствена организација во Уганда, од 7 заболени починале 4, и во вториот случај од 24 заболени починале 17.

Во 2014 година, во Конго избила епидемија на ебола што не била поврзана со епидемијата на ебола во Западна Африка.

2013–2016 Западна Африка

Ебола 
Епидемија на ебола во Западна Африка од 2014 година

Во март 2014 година, Светската здравствена организација објавила за голема епидемија на ебола во Гвинеја. Како прв случај на оваа епидемија било едногодишно дете кое починало во декември 2013 година. Болеста брзо се проширила во соседните држави Либерија и Сиера Леоне, и се смета за најголема епидемија на ебола забележана досега.

2014 надвор од Западна Африка

На 19 септември, Ерик Данкан од Либерија со авион стигнал во Тексас, каде по 5 дена ги добил првите симптоми и отишол во болница, од каде го вратиле дома. На 28 септември му се влоѓиле симптомите, и повторно отишол во болница, каде починал на 8 октомври. На 30 септември била потврдена ебола како дијагноза, со што се смета за прв случај на ебола во САД . На медицинската сестра која го лечела Данкан ѝ била дијагностицирана ебола на 12 октомври, што е прв случај на заболување после пренос на ебола вирусот од друго лице во САД.

2017 - 2019

На 11 мај 2017 година, во Демократска Република Конго избила епидемија на ебола, при што починале 4 лица, а 4 преживеале. Од вкупно 8 случаи, само 5 биле лабораториски потврдени дека биле заболени од ебола. Повторно избила меѓу 4 април и 13 мај, при што починале 19 лица. На 1 август 2018 година повторно во Конго избила епидемија на ебола, и до ноември 2018 година починале околу 200 лица, половина од нив биле жители на градот Бени.

Во март и јули 2019 година повторно избиле епидемии во Конго, и се смета дека речиси половина од заболените сè уште не се идентификувани.

Еболата како биолошко оружје

Вирусот ебола е класифициран како ниво 4, највисокото ниво на мерките на претпазливост за биосигурност, како и биотероризам од највисока категорија, од страна на Центарот за контрола и превенција на болести. Вирусот бил проучуван како потенцијално биолошко оружје но се смета дека тешко може да се употреби како оружје, бидејќи вирусот брзо станува неефективен на воздух. Лажни мејлови со компјутерски вируси биле испраќани во 2014 година во име на СЗО и мексиканската влада, во кои содржината требало да биде поврзана со информации за ебола.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


Tags:

Ебола Причина и дијагнозаЕбола ПревенцијаЕбола СимптомиЕбола Лекување и епидемиологијаЕбола Прв случајЕбола та како биолошко оружјеЕбола НаводиЕбола ЛитератураЕбола Надворешни врскиЕболаБубрезиГлавоболкаДијарејаКрварењеТрескаЦрн дроб

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПадежЕп за ГилгамешШугаГрузијаАзербејџанПсоријазаДУИРоми обединети од МакедонијаШизофренијаДемократски сојузУбиства кај СмилковциАлергиски дерматозиИнфективна мононуклеозаСДСМУнгаријаЦелијакијаГлавна страницаЧорбаџи ТеодосГрупа МаестроСтојан ТарапузаМакедонски претседателски избори (2004)Меѓународен ден на трудотВанчо ШехтанскиДеменцијаБојаОбласти во КазахстанЕмре БејОпштина Ѓорче ПетровМускулСобрание на Република МакедонијаХоландијаКирилицаСоцијалистичка партија на МакедонијаЛокални избори во Македонија (1996)МакедонциПанонски легендиСојуз на комунистите на МакедонијаМакедонски претседателски избори, 2004Министер за одбрана на МакедонијаВјекослава ХуљиќОпштина БрвеницаАлександар ПротогеровСписок на тегоби и болки на стапалатаВиолета ТомовскаКлеопатраОпштина КончеБалкански војниМакедонски претседателски избори (2019)Роднински односиТегавецСлезинаКалиопиЛатвијаСрбијаПаркинсонова болестСистем за варењеАкутен бронхитисОпштина ЦентарДвижење БесаСписок на градови во МакедонијаРелјеф (вајарство)Изборна единица 4Средоземно МореБактерииОНАФросина РеменскиБороецМагнетна резонанцијаНародна Република КинаМаракујаОпштина АеродромЈаглехидратГрад СкопјеМарс (планета)Знаме на МакедонијаАнета Мицевска🡆 More