Акутен Бронхитис

Акутен бронхитис (Bronchitis acuta) претставува краткотрајно (акутно) воспаление на слузницата на бронхиалното стебло.

Најчесто се јавува во есен и зима т.е во студена и влажна сезона. Се развива во три етапи: - на почетокот како ринофарингетис, што значи кијавица и ангина, во траење од еден до три дена; - потоа сув бронхитис со кашлица, оскудна слузава плунка и покачена температура до 38 степени; - и најпосле како катарален бронхитис со кашлица и течна обилна плунка. Акутниот бронхитис може да се јави како самостојна болест или во склоп на друго заболување, на пример мали сипаници. Кај возрасните поминува лесно за неколку денови, а кај децата може да се комплицира со бронхопнеуномија.

Акутен бронхитис
Акутен Бронхитис
СпецијалностПулмологија
СимптомиКашлица со спутум, свирење во градите, недостиг на здив, треска, чувство на стегање во градите
ВреметраењеДо 6 недели
ПричинителиВообичаено вирусна инфекција
Ризик-факториПушење, прашина, загаден воздух
Дијагностички методВрз основа на симптомите
Диференцијална дијагнозаАстма, пневмонија, бронхиолит, бронхиектазија, ХОББ
ПревенцијаИзбегнување на загаден воздух, миење на рацете
ТретманОдмор, парацетамол (ацетаминофен), НСАИЛ
Честота~5% една или повеќе епизоди годишно

Етиологија и патогенеза

Најчеста примена за настанување на акутниот бронхитис е вирусна инфекција при настинка особено во зимскиот период. Друга причина се бактерии како: хемофилус инфлуенце, стрептококи и др. коишто најчесто од горните дишни патишта се спуштаат према долу. Поретка причина може да биде алергиска реакција, габични инфекции и физички фактори. Основни промени во бронхиите се едем, зголемена секреција, а понекогаш и бронхоспазам.

Клиничка слика

Кашлицата е основен знак и секогаш е присутна при акутен бронхитис. Во почетокот е сува и непродуктивна, а подоцна станува продуктивна, со искашлубање на мукоидна, мукопурулентна содржина. Кашлицата понекогаш е пратена со препотување. Болниот може да чувствува лесна омалаксаност, субфебрилност, секреција од носот. Кашлицата понекогаш може да се јави во пароксизби – напади предизвикани со вдишување на ладен воздух, пушење, физички напор, зборување или смеење. Ако има гушење и свирење во градите значи има присуство на бронхоспазам.

Тек на болест

Трае 5- 7 дена, но кашлицата и искашлувањето можат да траат 3- 4 недели.

Лекување

Лекувањето е етиолошко и симптоматско. Кај повеќето болни тоа е симптоматско и се состои од одмор во постела, примање на течности (2- 4 литри дневно, во облик на чаеви, сокови, лимонада), витамини, андол. Кај упорна сува кашлица може да се даде и антитусик и се забранува пушењето. Кога има зголемена слузаво- гнојна секреција болеста се третира и етиолошки со антибиотици со широк спектар како пеницилин.

Терапија:

1. Течности
2. Витамини (Vitamin C 500 гр. 2- 3 пати по една таблета)
3. Антипиретици (paracetamol, analgin, upsarin, andol)
4. Антитусици (сируп herbion- сируп од тегавец, prospan, бел слез)
5. Муколитици (сируп herbion – јаглика, prospan, tusidil, medoprim)


Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



Tags:

Акутен Бронхитис Етиологија и патогенезаАкутен Бронхитис НаводиАкутен Бронхитис Надворешни врскиАкутен БронхитисАнгинаЕсенЗимаКашлицаМали сипанициПлунка

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Обединети за МакедонијаРастенијаПаркинсонова болестМакедонски ораМонакоЛокални избори во Македонија (2017)ПросветителствоНикола КаревДржавни празници во МакедонијаАрбен ЏафериЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарВодочки манастирКрпен животНационализамПанонски легендиГарванот (поема)Кирил ПејчиновиќСтрујно колоСобрание на МакедонијаГ’зим ОстрениОливера НиколоваДемографија на МакедонијаДоктор ОфболиФилиз АхметГрб на МакедонијаНафтен танкерМакедонски претседателски избори (1994)ШтипБалкански рисТарабукаМарко ЦепенковБитка кај Мечкин КаменБубрежен каменStaphylococcus aureusАтрибут во македонскиот јазикЅвезда од КутлешМонокотиледониВелики петокСтобиРомиСтароегипетска митологијаКарлес ПуџдемонРодина МакедонијаОдбивање (физика)Левица (политичка партија)Муса ЏафериМакедонциДелчевоОпштина АеродромСписок на птици во МакедонијаЕнциклопедијаМакедонски парламентарни избори (1990)Десница (политика)Адаптација (биологија)Партија за демократски просперитетКонтинент‘Рбетен столбДомашно говедоЛокални избори во Македонија (2000)Стале ПоповОрелОпштина БрвеницаГордана СилјановскаЛасерСписок на главни градови во ЕвропаБиљал КасамиДостоинство (политичка партија)ХемороидМакедонски парламентарни избори (2014)Цар Едип (драма од Софокле)Партија за целосна еманципација на РомитеБосна и ХерцеговинаБелото ЦиганчеАлцхајмерова болестМакедонски претседателски избори (2024)Свети Наум Охридски ЧудотворецМинистерство за животна средина и просторно планирањеВелигден🡆 More