Парацетамолот, исто така познат како ацетаминофен, претставува на широко употребуван аналгетик (против болки) и антипиретик (за намалување на температурата).
Систематско (IUPAC) | |
---|---|
N-(4-хидроксифенил)етанамид N-(4-хидроксифенил)ацетамид | |
Клинички податоци | |
Licence data | US FDA:врска |
Бременосна категорија |
|
Начин на издавање |
|
Начин на примена | Oral, rectal, intravenous |
Фармакокинетички податоци | |
Биорасположливост | скоро 100% |
Метаболизам | 90 до 95% црнодробен |
Полувреме на елиминација | 1–4 h |
Екскреција | Renal |
Назнака | |
CAS-број | 103-90-2 |
ATC код | N02BE01 |
DrugBank | APRD00252 |
ChemSpider | 1906 |
Хемиски податоци | |
Формула | C8H9NO2 |
Моларна маса | 151,17 g/mol |
SMILES
|
Се смета дека е сигурен за употреба во препорачани количества. За акутно предозирање се смета земањето на повеќе од 1000 mg од еднаш и повеќе од 4000 mg во текот на еден ден за возрасни.
Од Светската здравствена организација се смета како едно од основните лекарства за најголемиот дел од популацијата.
После перорална администрација, парацетамолот брзо се апсорбира во тенкото црево, додека апсорпцијата во желудникот е занемарлива. Поради тоа брзината на апсорпција зависи од празнењето на желудникот, но степенот на апсорпција останува ист. Кај исти испитаници, максималната плазматска концентрација на парацетамол се постигнала за 20 минути кога се зема на празен желудник, наспроти 90 минути кога се зема со храна. Храна богата со јаглехидрати, но не и со белковини и масти, ја намалува максималната плазматска концентрација на парацетамолот за четири пати. Дури и при празен желудник, брзината на апсорпција на парацетамол е варијабилна и зависи од формулацијата, при што максимална плазматска концентрација се постигнува за 20 минути до 1.5 час.
Биорасположливоста на парацетамолот е дозно-зависна: се зголемува од 63% за доза од 500 mg до 89% за доза од 1000 mg. Полуживотот на елиминација изнесува 1.9–2.5 часа, а волуменот на дистрибуција е околу 50 L. Врзувањето за плазматските белковини е занемарливо, освен при предозирање, кога може да достигне 15–21%. Максималната плазматска концентрација после вообичаена доза на парацетамол достигнува 30 μg/mL (200 μmol/L). После 4 часа, концентрацијата вообичаено е помала од 10 μg/mL (66 μmol/L).
Парацетамолот се метаболизира главно во црниот дроб, преку гликуронидација и сулфатација, а добиените производи се елиминираат преку урината (види на сликата). Само 2–5% од лекот се екскретира непроменет преку урината. Гликуронидацијата под дејство на ензимите UGT1A1 и UGT1A6 сочинува 50–70% од метаболизмот на лекот. Дополнителни 25–35% од лекот се претвора во сулфат под дејство на ензимите SULT1A1, SULT1A3, и SULT1E1.
Помала количина на лекот (5-15%) се оксидира под дејство на ензимите цитохром P450, воглавно од CYP2E1, при што се формира токсичен метаболит познат како NAPQI (N-ацетил-p-бензохинон имин). NAPQI е одговорен за хепаталната токсичност на парацетамолот. При вообичаените дози на парацетамол, NAPQI се конјугира со глутатион и преминува во нетоксичен метаболит. Нетоксичниот конјугат APAP-GSH се презема од страна на жолчката и понатаму се деградира до конјугати на меркаптурна киселина и цистеин кои се екскретираат преку урината. При предозирање, доаѓа до исцрпување на количината на глутатион, поради големата количина на формиран NAPQI, при што тој се врзува за митохондриските белковини во црниот дроб предизвикувајќи оксидативен стрес и токсичност.
Друг минорен, но важен метаболички пат е деацетилација на околу 1–2% на парацетамол при што се формира p-аминофенол. p-Аминофенолот во мозокот се претвора во AM404 под дејство на хидролаза, соединение кое делумно може да е одговорно за аналгетското дејство на парацетамолот.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Парацетамол, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.