Cas-Број

CAS-број (англ.

Употреба

Региастарот на CAS претставува меродавна и сеопфатна збирка на сите објавени информации за хемиските супстанции. Моментално содржи 56 милиони органски и неоргански супстанции и 62 милиони низи, како и дополнителни информации за секоја супстанција; секој ден во регистарот се додаваат 12.000 нови супстанции.

Историски, хемикалиите имаат најразлични синоними. Честопати имињата се езотерични и се составуваат во склад со регионални обичаи на именување, нивните формули, состав или потекло. Позастапените хемикалии имаат и повеќе општи, историски, пазарни и/или улични имиња.

На пример, Хофмановата супстанција „∂-Lysergsäure-Diethylamid“ во CAS е заведена под името „Ergoline-8-carboxamide, 9,10-didehydro-N,N-diethyl-6-methyl-, (8β)“-
а во Мерковиот прирачник позната како „9,10-Didehydro-N,N-diethyl-6-methylergoline-8β-carboxamide“- -
а во текот на првичните фармацевтски иследувања го добила згодното дискретното име „ЛСД-25“.

Но подоцна, претпријатието Sandoz ја промовирал супстанцијата како лекарство, нарекувајќи ја „Делизид“ (во западниот свет). По 1963, Делизидот добил други пошарени маркетиншки имиња, првовремено збунувајќи ја полицијата и неупатените. Од 1989 наваму, ЛСД се користи за научни истражувања под едно од неговите историски имиња, „Лизергид“.

Од друга страна, CAS-броевите не се поврзани со хемијата, претходни системи, и немат воочливи фонетски аналогии и синоними. Бројките се прости и доследни, предвидени за лесно пребарување по базата на податоци.
Броевите им даваат доверлива, широко застапена и меѓународно признаена препознатливост на сите супстанции без оглед на разните номенклатури и дисциплини во употреба кај научнитете гранки, стопанските дејности и регулативните органи. Речиси сите денешни бази на молекули овозможуваат пребарување по CAS-број.

Формат

CAS-броевите немаат сопствено значење, туку се доделуваат во последователен нагорен редослед. Бројот има три дела, одделени со цртички: првиот содржи до 7 цифри, вториот има две, а третиот има само една, која служи како контролна цифра. Контролнат цифра се добива со помножување на последната цифра со 1, претходната со 2, таа пред неа со 3 итн, по што сите се собираат и се пресметува збирот модуло 10. На пример, CAS-бројот на водата е 7732-18-5: контролниот збир е 5, а се добива со (8·1 + 1·2 + 2·3 + 3·4 + 7·5 + 7·6) = 105; 105 mod 10 = 5.

Стандардизација и сложеност

• Изомери на една молекула добиваат дискретни CAS-броеви: D-гликозата е 50-99-7, L-гликозата е 921-60-8, α-D-гликозата е 26655-34-5 итн.
• Повремено, цели класи на молекули добиваат еден CAS-број: групата ензими наречена алкохолдехидрогенази има број 9031-72-5.
• Стандардна мешавина од поинаку означени соединенија може да добие групен CAS-број; на пр. синапово масло (8007-40-7).

Сопственост

Органот кој е надлежен за доделување на броевите е Службата за хемиски изводи (CAS), оддел на Американското хемиско друштво (ACS). Информациите се заштитени со авторски права, во сопственост на друштвото. Секој што сака да ги користи CAS-броевите во своја база треба да го следи правилото:

Корисник или организација може да постави, без лиценца и без наплата, до 10.000 CAS-броја (CASRN) во каталог, мрежно место или друг производ кој не се наплаќа. Треба да се наведе следново: CAS-бројот е заштитен знак на Американското хемиско друштво.

Пребарување на CAS-броеви

  • Пребарување со CHEMINDEX преку Канадскиот центар за здравје и безбедност при работа
  • ChemIDplus - Напредно преку Националната медицинска библиотека на САД
  • Секојдневна хемија TM преку Австралискиот инвентар на хемиски супстанции
  • Европски информативен систем за хемиски супстанции преку мреж. место на Кралското хемичарско друштво
  • HSNO - Хемиска класификациска информативна база преку Управата за раководство со ризици по животната средина
  • Алатка за пребарување на Австралискиот инвентар на хемиски супстанции

Занимливости

Најмал CAS-број има формалдехидот: 50-00-0. Ова значи дека формалдехидот е веројатно првата супстанција што добила CAS-број.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

CAS-бројот на соединенија со познато име, формула или состав ќе го добиете бесплатно на следниве места:

Tags:

Cas-Број УпотребаCas-Број ФорматCas-Број Стандардизација и сложеностCas-Број СопственостCas-Број Пребарување на CAS-броевиCas-Број ЗанимливостиCas-Број ПоврзаноCas-Број НаводиCas-Број Надворешни врскиCas-БројЈонАнглиски јазикИзотопМеталНеорганско соединениеОрганометална хемијаОрганско соединениеХемиски елемент

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КалиопиДебрцаПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаБиполарно растројствоКатастарски општини во МакедонијаИлијадаРечник на стари македонски зборовиЗоран ЗаевМакедонски претседателски избори, 1999Пипи Долгиот ЧорапРеферендум во Македонија (2004)Римско ЦарствоГордана Силјановска-ДавковаМала РечицаРомски јазикМитНародна Република КинаБроеви во македонскиот јазикЗа наша МакедонијаБорис ТрајковскиГлаголицаМомче во пижами со риги (филм)Синдром на стекнат имунолошки дефицитЃорѓија ПулевскиАрбен ЏафериХазби ЛикаАлбанијаСписок на градови во МакедонијаБигорски манастирАдаптација (биологија)Фјодор Михајлович ДостоевскиБајрамМакедонски месециХрватскаГордана СилјановскаХолокаустЌемане (македонско)Бубрежен каменМакедонски претседателски избори (1994)Ослободителна Народна АрмијаДУИДанела АрсовскаСписок на острови во Средоземното МореВиолинаАнтибиотикСеверна АмерикаОпштина Чучер-СандевоСкопски аквадуктСвети Климент ОхридскиПолжавиНаполеон БонапартДудукЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеТеута АрифиКубаГустав ШвабПовикувачки броеви во МакедонијаРистиќева палатаЈохан ТарчуловскиПенис (човек)ПопулизамГоран СтефановскиЗвукСкратеници во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори, 2008МамутчевоШизофренијаМакедонија во Втората светска војнаДесница (политика)ЛасерЅвезда од КутлешМакедонски претседателски избори (2024)Павле АрсоскиМарокоМакедонски парламентарни избори, 2016КипарКафеЉубомир Фрчкоски🡆 More