Делхи

Делхи ( хинди: दिल्ली ) — град во Индија, кој се наоѓа на специјална територија под контрола на централната влада на Индија.

Њу Делхи е седиште на индиската влада и се наоѓа во метрополитенската област на Делхи. Делхи бил главен град на неколку империи и има околу 60.000 споменици. Делхи имал стратешка позиција во северна Индија и доминирал но старите трговски патишта што се движеле од северозападна Индија до долината на Ганг. Поради тоа, Делхи долго бил значаен културен, политички и интелектуален центар. Поради големата имиграција, Делхи е еден од најбрзорастечките градови. Светската банка го прогласила Делхи за најзагаден во светот а истото било потврдено и во 2018 година, со истражувањето спроведено од две мониторинг организации во 61 град.

Делхи
Сојузни територии на Индија / Мегаполис
Национална престолнинска територија на Делхи
Лого на Делхи
Грб
Местоположба на Делхи во Индија
Местоположба на Делхи во Индија
ДржаваДелхи Индија
Основан6 век п.н.е
Основање на престолнина1911
Основање на сојузна територија1956
Основање на NCT1 февруари 1992
ПрестолнинаЊу Делхи
Окрузи11
Управа
 • ОрганВлада на Делхи
 • ГувернерАнил Баиџал
 • Главен министерАвринд Кеџривал (AAP)
Површина
 • Сојузни територии на Индија1 E+9_m²
 • Вода180 км2 (6,9 ми2)
Ранг31
Надм. вис.{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“ 
}}
200–250 м
Население (2011)
 • Сојузни територии на Индија16,787,941
 • Густина11,312/км2 (29,298/ми2)
 • Градскo16,349,831 (2nd)
 • Мегаполис11,034,555 (2nd)
 • Метро (2016)26,454,000 (1st)
ДемонимДелхијци
Јазици
 • Официјален
 • Дополнителен официјален
GDP (2018–19)
 • NominalПредлошка:INRConvert
 • Nominal Per CapitaПредлошка:INRConvert
 • Metro GDP/PPP$370 billion
Часовен појасIST (UTC+5.30)
PINs110000–110099
Повик. бр.+91 11
ISO 3166IN-DL
Рег. таб.DL
HDI (2018) 0.746 (High) · 5th
Писменост (2011)86.21%
Полов сооднос (2011)868 ♀/1000 ♂
Мреж. местоdelhi.gov.in

Топонимија

Постојат голем број митови и легенди поврзани со потеклото на името Делхи. Еден од нив потекнува од Дилу, крал кој изградил град на оваа локација во 50 пр.н.е. и го именувал по самиот себе. Друга легенда тврди дека името на градот се заснова на хинди зборот, дили (лабаво) и дека така го нарекувале Томарците бидејќи железниот столб на Делхи имал слаба основа и морал да се преместува. Според белешките на Панџаб, името на градот во времето на кралот Притвираџ било дили најверојатно изведено од стариот хиндиски збор „дил“ што значи еминентност. Дили подоцна станало дихли/дехли. Некои историчари веруваат дека Дили или Дилика било оригиналното име на градот, додека други веруваат дека името би можело да потекнува од хундистанските зборови, дехлез или дехали. Двата поима значат „праг“ или „порта“ и симболични се за градот како порта до Гангетската рамнина. Жителите се нарекуваат Делхијци.

Историја

Ран средовековен период

Областа околу Делхи веројатно била населена пред вториот милениум п.н.е. и има докази за континуирано населување уште од 6 век п.н.е. За градот се верува дека е на локацијата на Индрапрастха, легендарната престолнина на Пандавите во индискиот еп Махабхарата. Според Махабхарата, оваа земја првично била огромно пространство на шуми наречена „Кандавапраста“, која била запалена за да се изгради градот Индрапрастха. Најстарите архитектонски наоди датираат од времето на Маурија (околу 300 п.н.е.); во 1966 година, во близина на Сриниваспори е откриен натпис на маурискиот император Ашока (273–235 п.н.е.). Во Делхи, можат да се најдат остатоци од неколку големи градови. Првиот од овие бил во јужниот дел на денешниот Делхи. Кралот Ананг Пал од династијата Томара го основал градот Лал Кот во 736 година. Притхвираџ Чауан го освоил Лал Кот во 1178 година и го преименувал во Кила Раи Питора.

Средновековен период

Кралот Притхвираџ Чауан бил поразен во 1192 од Мухамед Гури, муслимански освојувач од Авганистан кој се потрудил да го освои северниот дел на Индија. До 1200, отпорот на Хиндусите започнал да пропаѓа, па муслиманските напаѓачи биле победници. Новата доминација на турските муслимански династии во северна Индија ќе трае наредните пет века. На генералот на Гури, Кутб-уд-дин Ајбак, му била дадена одговорноста да управува со освоените територии на Индија. По смртта на Гури во 1206 г., неговите територии се распаднале, при што разни генерали преземале суверенитет над различни области. Кутб-уд-дин ја преземал контролата врз индиските поседи на Гори и ги поставил темелите на султанатот во Делхи и Мамелучката династија. Тој ја започнал изградбата на џамијата Кутаб Минар, најстарата џамија во Индија. Неговиот наследник, Илтутмиш (1211–1236), го утврдлил турското освојување на северниот дел на Индија. Разија Султан, ќерката на Илтутмиш, го наследила како Султан на Делхи. Таа била првата и единствената жена која владеела со Делхи.

Во следните триста години, во Делхи владеела едноподруго турско-авганистанската династија Лоди. Тие изградиле неколку тврдини и градови кои се дел од седумте градови на Делхи. Делхи бил главен центар на суфизмот во тек на овој период Мамелучкиот Султанат (Делхи) бил соборен во 1290 година од Џалалудин Фируз Калџи (1290-1320). Султанатот во Делхи го достигнал својот врв за време на владеењето на Мухамед бин Туглук (1325–1351). Во годините по владеењето на Фироз Шах Тауглаг (1351–1388), Делхискиот султанат брзо почнал да ја губи својата позиција над северните провинции. Делхи бил освоен од Тамерлан во 1398 година, кој масакрирал 100,000 заробеници. Падот на Делхи продолжил под Саидската династија (1414–1451). Под авганистанската династија Лоди (1451-1526), ​​султанатот во Делхи ја вратил контролата врз Пенџаб и Гангетската рамнина за повторно да постигне доминација над Северна Индија. Сепак, закрепнувањето било краткотрајно и султанатот бил уништен во 1526 година од Бабур, основач на династијата Мугал.

Модерен период

Делхи 
Црвената тврдина, светско наследство на УНЕСКО, била главната резиденција на Мугалските императори скоро 200 години. Локацијата моментно ја користи премиерот на Индија за да се обрати на нацијата на Денот на независноста на Индија.

Бабур бил потомок на Џингис Кан и Тамерлан, од долината Фергана во денешен Узбекистан. Во 1526 година, тој ја нападнал Индија, го победил последниот султан на Лоди во Првата битка кај Панипат и го основал Мугалското царство кое владеело од Делхи и Агра Мугалската династија владеела со Делхи повеќе од три века со пауза од шеесет години за време на владеењето на Шер Шах Сури и Хему од 1540 до 1556. Во 1553, хиндуистичкиот крал Хему дошол на престолот на Делхи поразувајќи ги силите на мугалскиот цар Хумајун кај Агра и Делхи. Сепак Мугалците се вратиле на власт кога војската на Акбар го поразила Хему во тек на Втората битка кај Панипат во 1556. Шахот Џахан го изградил седмиот град на Делхи кој го носи името Шахџаханбад, кој бил престолнина на Мугалското царство од 1638 и денес се нарекува Стариот град на Старо Делхи.

По смртта на Ауранџеб во 1707 година, влијанието на Мугалското Царство брзо се намалило а хиндуистичкото царство Марата од Деканската висорамнина добило на сила. Во 1739, Мугалското царство ја загубило огромната битка кај Карнал од воено посупериорната персиска војска предводена од Надер Шах од Персија. По инвазијата, тој целосно го ограбил Делхи. Мугалското царство, сериозно ослабнато никогаш не можело да го надмине овој пораз и понижување, со што бил отворен патот за доаѓање на други напаѓачи, вклучително и на крајот Британците.

Во 1757 година, авганистанскиот владетел, Ахмад Шах Дурани, го освоил Делхи. Тој се вратил во Авганистан, оставајќи го мугалскиот владетел Аламгир Втори во номинална контрола. Маратите повторно го окупирале Делхи во 1758 година, и биле под контрола сè до нивниот пораз во 1761 година во Третата битка кај Панипат кога градот бил заземен повторно од Ахмад Шах Дурани.

Географија

Клима

Делхи се одликува со атипична верзија на влажна суптропска клима ( Кепен ) на границата на топла полупустинска клима ( Кепен ). Топлата сезона трае од 21 март до 15 јуни со просечна дневна висока температура над 39 °C (102 °F). Најтопол ден во годината е 22 мај, со просечна висока температура од 46 °C (115 °F) и ниска температура од 30 °C (86 °F) . Студената сезона трае од 26 ноември до 9 февруари, со просечна дневна висока температура под 20 °C (68 °F). Најстуден ден во годината е 4 јануари, со просечна ниска температура од 2 °C (36 °F) и висока температура од . Во почетокот на март, насоката на ветерот се менува од северозапад кон југозапад. Од април до октомври времето е топло. Монсунот пристигнува кон крајот на јуни, заедно со зголемување на влажноста. Краткотрајната, блага зима започнува кон крајот на ноември, го достигнува врвот во јануари и честопати е придружена со силна магла.

Популација

Според неофицијалните резултати од пописот, градот имал население од 11.007.835 во 2011 година.

Стопанство

Делхи отсекогаш бил економски центар на северна Индија. Делхи бил најголемиот индустриски град во северна Индија. Во последно време услужниот сектор се развива брзо како резултат на високообразованата работна сила,која зборува на англиски јазик. Ова привлекло многу мултинационални компании, особено во информатичката технологија, телекомуникациите и банкарскиот сектор. Делхи привлекува многу луѓе од руралните области на Индија со подобриот животен стандард. Поради големата имиграција, Делхи е еден од најбрзорастечките градови во светот.

Култура

Делхи бил центар на неколку империи со различни религии. Затоа има единствена историја на мешање на различни култури. Стариот град е место каде што владетелите Могулските и муслиманските владетели изградиле неколку архитектонски чуда како што се џамијата Масџид и црвената тврдина на Делхи . Гробот на Хамајуун и минарето Кутаб се на списокот за светско наследство на УНЕСКО . Други значајни споменици се индиската порта и астрономската опсерваторија од 18 век, Јантар Мантар. Храмот Лотус е симбол на верската толеранција и единството на Делхи. Храмот Лотус е пример за модерна индиска архитектура. Најголемата џамија во Индија е џамијата Масџид. Повеќето луѓе во Делхи се хинуисти, а Берла Мандир е храм посветен на хинду-божицата на богатството.

Партнерски градови

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Делхи ТопонимијаДелхи ИсторијаДелхи ГеографијаДелхи ПопулацијаДелхи СтопанствоДелхи КултураДелхи Партнерски градовиДелхи Надворешни врскиДелхи НаводиДелхиЊу ДелхиГангИндијаСветска банкаХинди

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БлогАли АхметиМакедонски парламентарни избори, 2008Судска властВлатко СтефановскиПопис на населението во Македонија (2021)МолдавијаАрбен ТаравариКсенофобијаХемороидПавле ТрајановДонтов методВили БрантСкопски земјотрес (1963)Даунов синдромДесет Божји заповедиОпштина КрушевоВејцеНАТОЈордан МијалковБиљал КасамиШармери од осмоМеѓународен аеродром СкопјеЛокални избори во Македонија (2017)Македонски КонцептАлбанијаОпштина Старо Нагоричанеr9bf6СтругаИлинка МитреваМомчило Бајагиќ-БајагаАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанДаут ХарадинајМочуриштеРак (болест)Даниел ДефоОпштина Маврово и РостушеКире КостадиновскиСписок на претседатели на САДДаниела ТемелковскаДропкаАДХДАмди БајрамЈустинијан IГлаголРоберт ПетковскиПросветителствоО писменехКорозијаСловенијаИмер СелманиТимчо МуцунскиСтево ПендаровскиОпштина ПласницаВанчо ШехтанскиТони НаумовскиКанадаЦрн дробРимХепатит ЦМакедонски претседателски избори (1994)Васил ИљоскиРомео и ЈулијаБлагој ДавковАтентат врз Киро ГлигоровМакедонски претседателски избори (2009)Чарлс IIIТуризам во РусијаДимитар КовачевскиАна ФранкХомеопатијаЛазарова саботаСулфур диоксидГрупа МаестроРак на желудникПовикувачки броеви во Македонија🡆 More