Монсун

Монсун — големо движење на воздухот на големо пространство помеѓу копно и океан, односно настанува таму каде што има големи водени површини кои граничат со големи копнени површини.

Монсун
Движење а летните монсунски ветрови.
Монсун
Monsoon in the Vindhya mountain range, central India
Монсун
Monsoon clouds over Lucknow, India
Монсун
View of the Indian Ocean Monsoon clouds over Howrah Bridge, Kolkata.
Монсун
Monsoonal squall nears Darwin, Northern Territory

Монсуните дуваат преку зима од копното кон океанот, бидејќи преку зима копното е значително поладно од океанот и над копното е повисок воздушниот притисок, така што хоризонталниот градиент на воздушниот притисок е насочен од копното кон морето односно кон океанот.

Во лето океанот е поладен од копното и градиентот на воздушниот притисок е насочен од океанот кон копното, па поради тоа ветриштата дуваат од океанот кон копното. Бидејќи воздушните маси при овие струења на воздухот преминуваат големи пространства од копното и морињата, на нивниот правец имаат влијание разни сили. Монсуните на северната Земјина полутопка најчесто свртуваат од својот првобитен правец на десно а на јужната полутопка Земјина свртуваат налево.

Монсуните се образуваат на бреговите на океаните. Најголеми монсуни се создаваат над индискиот океан и јужниот дел на Азија. Во текот на летото доаѓаат до Хималаите, а во текот на зимата тргнуваат од Хималаите. Височината на нивното влијание е од 3 до 4 километри. Летните монсуни, кои доаѓаат од океаните предизвикуваат големи врнежи.

Монсуните се годишни периодични ветрови во јужна и Југоисточна Азија и во северните делови на Индискиот Океан.монсуните настануваат во подрачја на суптропските појаси поради разликите во температурите и воздушниот притисок, кои владеат над копнените маси на север и океанските пространства на југл постојат два период: зимски и летен, па затоа се познати како зимски и летни монсуни. Зимските монсуни се ветрови што од октомври до крајот на април дуваат непрекинато од Хималаите преку континеталните делови на Јужна и Југоисточна Азија кон Индискиот Океан. Зимските монсуни се со поумерена јачина. Во периодот на нивното пристууство преовладува ведро, суво и ладно време и релативно мирно море. Летни монсуни се ветрови што од територијата на Индсикиот Океан дуваат од југ кон север и североисток кон копенините територии на Јужна и Југоисточна Азија. Се одликуваат со топол влажен воздух кој со поголема јачина се движи кон копното, така што во подрачјето на планинските земји се издигаат во височина и предизвикуваат густи облаци со обилни врнежи. Врнежите се проследени со силни грмотевици и скоро непрекинато траат до два месеца. Притоа, има голема влажност, високи температури и немирно море, особено изразено при западните брегови на индија, Малајскиот Полуостров и на индонезиските острови. За време на летните монсуни поблагопријатни се климатските услови на источните брегови на источните брегови на Индија и Шри Ланка. Најстабилно време се јаува на преминот меѓу летниот и зимскиот период и трае околу 2 недели. монсунските ветрови во јужна и Југоисточна Азија се од големо значење на животот на населението. Летнте монсуни се дар од природата кои на густо населените територии во Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Мјанмар, Тајланд, Виетнам, Малезија, Индонезија и Филипини овозможуваат успешно земјоделско стопанисување. Од нив зависи производтсвото на отиз како една од најраспространетите култури во ти простори, неминовни за исхрана на населението. Вообичаените правци на дување на монсуните се од големо значење во поморкста пловидба на безброј бродовиереници кои се користат од милиони луѓе распоредени во приморските делови на полустровите и осторовите. Порад географските широчини и влијанието на монсуните, на територијата на Индискиот и Индокинескиот Полуосторв и островите се развиени густи шуми со присуство на драгоцени дрвенести растенија, како штоо се тиково, сандалово и махагоново дрво. Тие се од големо значење бидејќи се користат во дрвната индустрија со повеќекратна намена. Доцнењето на монсунските дождови лесто може да биде фатално за земјоделското прозиводство од кое зависи опстанокот на многубројното население.

Tags:

КопноОкеан

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Автобиографија (Григор Прличев)Религија во МакедонијаМонакоВевчаниИзборна единица 6Г’зим ОстрениЈордан КамчевОче нашЕпилепсијаМочуриштеПечалбариБогородицаРадишаниУнгаријаДунавМојот звукОхридска пастрмкаПреспански договорМали сипанициПенис (човек)ЕвропаМакедонски парламентарни избори (2006)Список на главни градови во ЕвропаДрогаКамен мост (Скопје)Катица ЈаневаСвети Наум (манастир)Маја ИвановаДемократска партија на Турците на МакедонијаОпштина КавадарциСардинијаКалиопиАнгинаФашизамitqmaМакедонски хумористични народни приказни (книга)ЗвукПавле АрсоскиМакедонски претседателски избори, 2019Општина Шуто ОризариУДБАНафтен танкерКавалМехмед-паша СоколовиќМасакр кај КарпалакЉупчо ЈордановскиПопулизамНационални паркови во МакедонијаСписок на држави по населениеКристина АгилераБерлински конгресАцо ШоповГеографија на МакедонијаДимитар КовачевскиМакедонски претседателски избори, 1999Општина КумановоШишман АнгеловскиЖолчкаХристо УзуновВладимир ГлигоровМакедонски парламентарни избори (2011)Изборна единица 1АнтибиотикГлас за МакедонијаЦрква „Св. Софија“ — ОхридИсусово воскресениеЕвропска УнијаИзборна единица 2ЕнзимДемохристијанствоДвижење БесаОпштина АеродромПоткастKлиндамицинБукурешки договор (1913)ДебрцаСписок на градови во ГерманијаИталијаГоце Делчев🡆 More