Куала Лумпур

Куала Лумпур (малајски: Kuala Lumpur) — главен и најголем град на Малезија.

Градскиот атар има површина од 244 км2, и вкупно население од 1,6 милиони жители во 2006. Големиот Куала Лумпур исто познат и како Долина Кланг, има урбана агломерација од 7,2 милиони жители. Куала Лумпур е најбрзорастечкиот метрополитенски центар во земјата, како и во население, така и во економијата.

Федерална територија Куала Лумпир
Wilayah Persekutuan Kuala Lumpur
吉隆坡联邦直辖区
கோலாலம்பூர்
Поглед на Федерална територија Куала Лумпир
Знаме на Федерална територија Куала ЛумпирАмблем на Федерална територија Куала Лумпир
Амблем
Прекар(и): K.L.
Гесло: Maju dan Makmur
(македонски: Напредок и успех)
Местоположбата на Куала Лумпур во Малезија
Координати: 3°8′00″N 101°42′00″E / 3.13333° СГШ; 101.70000° ИГД / 3.13333; 101.70000
ЗемјаМалезија
ДржаваФедерална територија
Основан1857
Статус1972
Статус на фед. територија1974
Управа
 • Градоначалник (Datuk Bandar)Датук Абдул Хаким Борхан
Од 14 декември 2006
Површина
 • Градска243,65 км2 (95,18 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002194999921,95 м
Население (2007)
 • Градско1,887,674 (1 место)
 • Густина7.388/км2 (18.912/ми2)
 • Метро7,2 милиони
 • ДемонимКЛ-еец/ Куала Лумпурец
Часовен појасMST (UTC+8)
Поштенски код50xxx до 60xxx
68xxx
Повик. бр.03
Регист. озн.Wxx (за сите возила освен такси)
HWx (само за такси)
ISO 3166-2MY-14
Мреж. местоOfficial Kuala Lumpur Website

Куала Лумпур е седиште на Парламентот на Малезија. Освен што е седиште на малајската легислатива, градот некогаш бил и центар на извршната и правната власт на Малезија, но тие сега се преместени во Путраџаја (во 1999).

Куала Лумпур е определен во границите на Федералната територија на Куала Лумпур е е една од трите Федерални територии на Малезија. Воедно градот е енклава во државата Селангор, на централниот западен брег на Пенинсулар Малезија.

Почнувајќи од 1990-те, градот е центар на многу меѓународни спортски, политички и културни настани, вклучувајќи ги и Комонвелтските игри 1998 и Формула еден. Куала Лумпур е дом на највисоките кули близначки во светот, познатите Кули Петронас.

Демографија

Малајскиот јазик е национален и основен јазик во Куала Лумпур. Други јазици кои се користат во градската област се кинеските стандарден мандариски и кантонски и тамилскиот. Англискиот има силно влијание и најмногу се користои во бизнисот и воедно е најизучуваниот јазик во училиштата.

Куала Лумпур 
Кулите Петронас, симболот на градот

Куала Лумпур е мултикултурен град кој вклучува малајци, кинези, тамилци, евроазијати, индијци, како и кадазани, ибани и други домородни народи од Источна Малезија и Малаја.

Поради големиот економски растеж на градот, Куала Лумпур има голем наплив на работници од Индонезија, Непал, Бурма, Тајланд, Бангладеш, Виетнам и Кина.

Во доцниот 18-ти век, кога во Европа настанала Индустриската револуција, големи групи на кинези од Фуџен и Гуангдунг биле донесени на тогашната Британска Малаја за да работаат во рудниците. Кинезите од Куала Лумпур зборуваат на различен дијалект од вообичаениот јазик, но сепак мнозинството се од кинеската група кантонези.

10% од населението на Куала Лумпур се хиндуисти и зборуваат тамилскиот, хинди или други јазици како малајалскиот, пенџапскиот, телушки и паштунскиот.

Исламот е практикуван воглавно од малајските и индиските муслимански заедници. Други религии се махајанскиот будизам, конфуцијанство и таоизам и христијанство.

Вкупното население во централниот дел на Куала Лумпур во 2006 изнесувал 1,58 милиони. Тој број на жители се однесува само на територијата од 2.502 км2, што значи дека ова е најнаселенето место во Малезија. Метрополитенската област има население од 6,9 милиони во 2007.

Збратимени градови

Клима

Заштитен од планините Титивангса на исток и индонезискиот остров Суматра на запад, Куала Лумпур има екваторска клима со топли и сончеви денови и дождливи периоди, најмногу во монсунската сезона од септември до април.

Климатски податоци за Куала Лумпур
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 38.0
(100.4)
36.2
(97.2)
36.7
(98.1)
37.2
(99)
38.5
(101.3)
36.6
(97.9)
36.3
(97.3)
38.0
(100.4)
35.8
(96.4)
37.0
(98.6)
36.0
(96.8)
35.5
(95.9)
38.5
(101.3)
Прос. висока °C (°F) 32.0
(89.6)
32.8
(91)
33.1
(91.6)
33.1
(91.6)
33.0
(91.4)
32.8
(91)
32.8
(91)
32.3
(90.1)
32.1
(89.8)
32.0
(89.6)
31.7
(89.1)
31.5
(88.7)
32.4
(90.3)
Сред. дневна °C (°F) 27.7
(81.9)
28.2
(82.8)
28.6
(83.5)
28.7
(83.7)
28.8
(83.8)
28.6
(83.5)
28.1
(82.6)
28.1
(82.6)
28.0
(82.4)
28.0
(82.4)
27.8
(82)
27.6
(81.7)
28.2
(82.8)
Прос. ниска °C (°F) 23.4
(74.1)
23.6
(74.5)
24.0
(75.2)
24.3
(75.7)
24.6
(76.3)
24.3
(75.7)
23.8
(74.8)
23.9
(75)
23.8
(74.8)
24.0
(75.2)
23.8
(74.8)
23.6
(74.5)
23.9
(75)
Најниска забележана °C (°F) 17.8
(64)
18.0
(64.4)
18.9
(66)
20.6
(69.1)
20.5
(68.9)
19.1
(66.4)
20.1
(68.2)
20.0
(68)
21.0
(69.8)
20.0
(68)
20.7
(69.3)
19.0
(66.2)
17.8
(64)
Прос. врнежи мм (ин) 193
(7.6)
198
(7.8)
257
(10.12)
290
(11.42)
197
(7.76)
131
(5.16)
148
(5.83)
162
(6.38)
214
(8.43)
265
(10.43)
321
(12.64)
252
(9.92)
2.628
(103,49)
Прос. бр. дождливи денови 17 17 19 20 18 14 16 16 19 21 24 22 223
Прос. релативна влажност (%) 80 80 80 82 81 80 79 79 81 82 84 83 81
Сред. бр. сончеви часови месечно 185.0 192.4 207.9 198.8 206.8 194.4 200.2 189.0 163.8 169.1 152.3 162.6 2.222,3
Извор бр. 1: Pogodaiklimat.ru
Извор бр. 2: NOAA (сонч. часови, 1961–1990)

Наводи

Куала Лумпур 
Соединувашето на Клангшката со Гомбашката река во срцето на Куала Лумпур
Куала Лумпур 
Градската куќа на Куала Лумпур
Куала Лумпур 
Националниот теата и опера
Куала Лумпур 
Националниот стадион

{{|2}}

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Куала Лумпур ДемографијаКуала Лумпур Збратимени градовиКуала Лумпур КлимаКуала Лумпур НаводиКуала Лумпур ПоврзаноКуала Лумпур Надворешни врскиКуала ЛумпурГлавен градМалајски јазикМалезија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПутурусОпштина Македонски БродСлуз-цедење во грлотоРадовишМакедонски парламентарни избори, 1998Садула ДуракуДебрцаМакедонски парламентарни избори, 2002Лила СтојановскаСвети ГеоргиПанонски легендиРак (болест)Биполарно растројствоИндијаБелото ЦиганчеОпштина ПласницаТапаниМинистерство за животна средина и просторно планирањеКоле ЧашулеЦрква „Св. Софија“ — ОхридЛокални избори во Македонија (2000)Македонски претседателски избори, 2004Влада на МакедонијаЕнциклопедијаИзборна единица 5Пат околу светот за 80 денаАрбен ЏафериНаселениеКалеш АнѓаБорислав КрмовРелигијаСаво КлимовскиДемократски сили на РомитеВиолинаМултипла склерозаЏезКиро ГлигоровЈордан МијалковТигарОпштина АеродромБела мечкаПелистерДемократска обнова на МакедонијаАнтони ПешевРусијаТалат ЏафериИсусово воскресениеОпштина Шуто ОризариТамбура (македонска)Миле ЗечевиќНАТОЗнаме на МакедонијаСрцева слабостДомашно говедоЃурѓовденРак на грло на маткаПодметШпанијаОливер СпасовскиОхридско ЕзероСписок на тегоби и болки на стапалатаАутизамСтрујно колоМакедонски претседателски избори (2019)Среден векБојаВакцина против тетанусДебарСвети Наум (манастир)Магнетна резонанцијаМакедонциОпштина КичевоОпштина Ѓорче ПетровМарокоЉубомир ГајдовМоликаВевчаниДвижење Беса🡆 More