Филм Од 2009 Аватар

Аватар (некогаш познат и како Аватар на Џејмс Камерон, а во 3Д-светот познат како Аватар: IMAX 3Д-искуство) — епски научнофантастичен филм на режисерот Џејмс Камерон.

Аватар спаѓа во еден од најочекуваните филмови во првата деценија на новиот милениум, а со буџетот во износ од 237 милиони долари, спаѓа во најскапите филмски проекти на сите времиња.

„Аватар (Avatar)“
Филм Од 2009 Аватар
Официјален постер
РежисерЏејмс Камерон
ПродуцентЏејмс Камерон
СценаристЏејмс Камерон
Главни улогиСем Вортингтон
Зои Салдана
Мишел Родригес
Сигурни Вивер
Жанрдрама
КинематографијаМаури Фиоре
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера10 декември 2009 Обединето Кралство Обединето Кралство
Времетраење162 мин.
ЗемјаФилм Од 2009 Аватар САД
Јазиканглиски
Буџет$237 милиони
Бруто заработка$2,922,917,914
СледенАватар: Патот на водата

Аватар е дело на Камерновата продуцентска куќа Лајтсторм ентeртејнмент. Дистрибуцијата на филмот ја работи „Фокс“, а светската премиера беше на 16 ноември 2009. , чие прикажување беше во 2Д и 3Д техника, како и во IMAX 3Д само во посебни кино центри.

На својата премиера, Аватар заработи од продажбата на картите милиони долари, соборувајќи ги сите рекорди за еден оригинален филм. Филмот достигнува рекордна гледаност и огромна заработка, влегувајќи во списокот на најпрофитабилни филмови некогаш снимени. Критичарите го фалеа филмот и посебно ги истакнуваа неговите компјутерски ефекти. Номиниран е за голем број награди, вклучувајќи и Златен глобус и Оскар, а добитник е и за Златен Глобус во категоријата за “најдобар филм“, а и за неговото остварување за “најдобар режисер“.

Кратка содржина

Џејк Сали (Сем Вортингтон) е поранешен маринец, ранет во претходни борби на Земјата и парализиран од половината надолу. Тој е одбраниот да учествува во програмата Аватар што ќе му овозможи повторно да прооди. Џејк патува на Пандора, вонземна месечина прекриена со џунгли, која му е дом на Нејви, чувствителен хуманоид, физички многу посилен од луѓето, иако се чини примитивен. Висок три метри, со опаш и со блескава сина кожа, Нејви живее во хармонија на недопрениот свет. Луѓето, не можејќи да дишат на Пандора, создаваат генетски хибрид - Аватар - контролиран од човечка технологија. Џејк ќе прооди на Пандора низ неговото ново Аватар тело. Но, запознавајќи ги најблиските на Нејви, Џејк ќе се најде во дилема на чија страна да застане во епската битка која треба да одлучи за иднината на светот.

Извори

{{|2}}

Надворешни врски

Tags:

Џејмс КамеронНаучна фантастика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рајко ЖинзифовСашо МијалковПредмет (граматика)Државни празници во МакедонијаБалкански ПолуостровМакедонски парламентарни избори, 2008Ченто (населба)МијациОпштина КичевоШизофренијаЈордан МијалковНикола КљусевСирма ВојводаДенес над МакедонијаСтрујно колоДропкаБелото ЦиганчеСветлана МојсовИранХристо ТатарчевДржавен завод за статистикаГрегоријански календарХепатитИсторија на македонскиот народКрушевоВМРО-ДПМНЕШвајцаријаПартија за движење на Турците во МакедонијаТалат ЏафериТибо КуртоаДедо Иљо МалешевскиКипарМакедонија во Втората светска војнаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаВлада на Никола КљусевОпштина Кисела ВодаБрадикардијаОче нашСписок на градови во Македонија по населениеСадула ДуракуОслободителна Народна АрмијаМакедонски парламентарни избори, 2016Римско ЦарствоБубрежна слабостЛетоИсламИталијаРак на белите дробовиМочуриштеАрбен ТаравариСлавко ЈаневскиСвети КирилОслободителна народна армијаДемократи (политичка партија)Список на повикувачки броеви на земјитеСреден векИмер СелманиЉупчо ЈордановскиАнална фисураАмди БајрамСашо ОрдановскиБраќа МиладиновциХемороидДемократска унија за интеграцијаЗајасГолеми и мали (роман)Ана ФранкВолкНационален парк Шар ПланинаНикола Димитров (дипломат)СрбијаГитараКозјак (езеро)ПроцентБразилОпштина МогилаБитка на НожотРоберт ПетковскиСловенска митологија🡆 More